Search This Blog

Thursday, March 16, 2017

Македонски Лавови ... Чиста Македонија


Историјата на специјалната единица Македонски Лавови (Единица за брза интервенција “Лавови“ – во состав на Македонската полиција)  се врзува за идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа се препознава преку иконографијата со која се врзува оваа единица а и преку иницијаторите за нејзино оснивање и формирање. Историографијата вели дека оваа специјална единица е формирана со одлука на Македонската Влада во времето на воениот судир 2001 вата година. Поради повеќе причини оваа специјална едниница не заживеа (немаше за неа ниту одлука на Македонското собраие за оснивање – ниту потпис од председателот Трајковски ...). Но единицата во тоа време помина низ тренажен процес (повеќе иљади луѓе) и имаше бројност околу 1500 припадници. Дел од нивните активности во судирите во 2001-ва беа во обезбедувањето на тетовските села Жилче, Ратаје, Јегуновце со претежно македонско население. Меѓу последните активности на оваа единица во воениот вихор во 2001-вата е обезбедувањето на ископувањето на масовната гробница на 12 те киднапирани Македонци во селото Требош – притоа во заседа загинуваат троица припадници на Лавовите. Единицата е расформирана во 2003-тата година, дел од нејзиниот состав преминува во ЕБР (Единица за брзо распоредување). Од дел од членството на оваа единица се формира граѓанско здружение “Македонски лавови“ кое ги одбележува значајните датуми на оваа единца. Последно такво беше одбележувањето на 15 годишнината од формирањето на оваа единица во Април 2016-та. Постојат неколку видеа закачени на социјалните мрежи во кои се опејуваат Македонските лавови со зборовите: “Црни орли пак се спремат од високо само демнаат и чекаат секој момент да нападнат да те земат - не е веќе тоа време кој што сака да те земе, ке те бранат синовите јунаците лавовите. Македонски лавови ке те бранат секогаш да те земат душмани нема земјо никогаш. ...“. Заклетвата на оваа единица гласи “Господи чувај ме од зло и дај ми сила да го одбранам мојот дом мојот народ Мојата Македонија Амин!“. Најново е најавувањето на подржувачите на оваа единица дека тие сакаат повторно да се понудат со своите услуги на Македонскиот народ да ги брани – имено се најавува прес конференција на подржувачите на оваа единица дека во Недела на 26 Март 2017 ке одржат Прес конференција во Свети Николе.

Имаме позачестен повик за “Чиста Македонија“ (прогуглајте на интернет и ке дознаете кој и каде се се залага за Чиста Македонија). Таквите повици позачестија и на најновите протесити кои веќе втора недела контунуирано се случуваат низ Македонските градови. Повик за “Чиста Македонија“ упати и еден од членовите на Македонската академија. Ритамот на тапаните низ македонските протести можно е лесно да се претвори во ритам на воен/и конфликти во наша Македонија.

No comments:

Blog Archive

Site Meter