Search This Blog

Tuesday, March 31, 2009

Турците ни се криви ...

За многу од работите кои се одраз на нашиот менталитет ... мрзливост на пример - во народот се вели „Турците ни се криви“ ... 500 години не владееа, ни ги оставија својите навики/менталитет ...

Повеќе »

Сега гледам дека за изборните насилија се до изборни убиства - криви ни се повторно турците ...

  • Најмалку седум лица се загинати, а близу сто повредени во пресметките во југоисточна Турција за време на неделните локални избори.
  • ... тешки инциденти се регистрирани во руралните општини на југоистокот од Турција во пресметките на ривалските групи околу имињата на кандидатите за селски Мухтари и претседатели на општини.

Телеком Словенија е веројатниот нов сопствеик на Космофон ...

За сума од 190 милиони евра Телеком Словенија го купува Космофон ... Космофон има 30 % од мобилната телефонија или 600.000 корисници ... 3Г лиценца и лиценци за Вајмакс ... фиксна безжична телефонија АЛО ... со продажбата во пакет одат и продажните салони на Германос ...

Повеќе »

Сето ова треба да го одобри нашата Антимонополска комисија, која ја наложи и продажбата на Космофон ... Телеком Словенија е една од најголемите телекомуникациски компании во ЈИЕ ... во Македонија е присатна преку Он.Нет кој е во нивна сопственост ... Он.Нет има удел во интернет шерот во Македонија ... има мал удел и во фиксната телефонија ...

Monday, March 30, 2009

По оценка на полицијата студентите се успешно тепани ... немало повредени и жртви ... шамри и клоци не се бројат ...

Полицијата оценува дека студентите од Архитектонски факултет се “успешно тепани“ ... т.е. “одбранети“ од тепачите - немало потешко повредни ... заменик-министерот за односи во јавност во МВР, Иво Котевски, ја оценува акцијата на полицијата како успешна ...

Повеќе »

Во меѓувреме власта се обидува да ги замени тезите и студентие да ги прогласи за виновни ... како само се осудиле да протестираат ... од студентите се бара одговорност ... контрапротестантите и тепачите биле стихијно смо-организирани ... онака случајно таму се нашле фаци на ВмроДпмне ... случајно се организирала и црквата ...

  1. Кој и зошто ги тепаше студентите ... “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ... Неомакедонски фашизам ...
  2. Македонските црнокошуљаши во акција ... Народ контра народ ...
  3. Не бев на протестите и контрапротестите ... за жал имав неодложна работа ...
  4. “Св. Никола“, сиромаштија и сликите на Тито,Чаушеску и Садам Хусеин ... Утре протест против црквата на плоштад ...
  5. Трио Мускетари - Трио Новинари ... “еден за сите“ - сите иста приказна ... 5 Март, 2009
  6. Експертски трибини на „владини невладини организации“ ... 7 Август, 2008
  7. Музеј на жртвите од транзицијата ... 13 Март, 2009
  8. „Св.Никола“ може да почне да се гради на плоштатот во Скопје ... ги има сите потребни дозволи ... 26 Февруари, 2009
  9. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  10. Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко . ... 23 Декември, 2008
  11. Заврши ли “едноумието“ ... што систем имаме сега ?? ... систем на перфидна манипулација на демократските процеси ... 23 Ноември, 2008
  12. Одржлив развој ... 15 Септември, 2008
  13. “Шишањето“ продолжува ... 9 Август, 2008
  14. Инает држава ... Имаме ли ние “план“ како сами да си помогнеме ... 4 Август, 2008
  15. Гледање сеир ... 22 Јули, 2008
  16. Музеј на ВМРО ... Музеј на жртвите од комунизмот ... „МАКЕДОНСКА БОРБА“ ... 12 Јуни, 2008
  17. ДЕМОКРАТУРА ... дали во Македонија имаме ДЕМОКРАТУРА ... ??! 8 Мај, 2008
  18. Горчина ... ја мразам транзицијата со сите последици ... 8 Април, 2008
  19. СТЕЧАЈНА ГОЛГОТА ... 14 Јули, 2007
  20. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ... 4 Јули, 2007
  21. НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО ... 3 Јуни, 2007

Sunday, March 29, 2009

Кој и зошто ги тепаше студентите ... “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ... Неомакедонски фашизам ...

Вчера студентите од Архитектонски факултет беа тепани, групата беше составена претежно од девојки, наоружани со своето архитектонско знаење, транспаренти и својата воља ... тие убедени дека се силува архитектурата на нашиот главен град го дигнаа гласот на својата струка против градба за која сметаат дека не исполнува минимум технички предиспозиции да биде на тоа место ...

Повеќе »

Кој ги тепаше студентите ... кој ги поведе монасите во крстоносен протест против триесетината студенти ... Гледам дека црквата се огради од насилствата кои се случуваа надвор од нејзините редови ... Гледам дека премиерот се огради од учествота на неговата партија ... рече дека индивидуално можно е да учествувале и активисти на ВмроДпмне ... полицијата испитува ... сега засега ги испитува тепаните ...

Зошто полицијата интервенираше со само десетина полицајци во услови кога се знаеше дека тоа ке биде “вруќ“ судар на две длабоко спротивставени страни ... Правото на мирен протест беше нападнато од толпа на насилници кои ги препознаваме од спортските натпревари ... истите оние кои ги гледаме кога траба да навиваат за Вардар, Победа, Пелистер, или некој од клубовите од Тетово, Куманово ... за Македонија ... враќаше ли некој за платените автобуси и смештај/сендвич/кока кола, кога гостува Македонија надвор од границите ...

По начинот на скандирањето и подскокнувањето ке погрешам душа и ке шпекулирам дека тоа беа истите навивачки групи - кои некој ги организира на спортските натпревари ... тие беа најбруталните ... сетите се на случувањата во Данска, каде ли беше кога се испотепаа меѓу себе - па беа притворени ... сетите се на случувањата во Хрватска кога исто се испотепаа меѓу себе и ги испокршија автобусите ... стите се на автобусот на Вардар кој го демолираа ... сетите се на стадионите кои нон стоп ги демолираат овие современи хулигани - кои ги контролира секојпат партијата која на власт преку полициските структури ...

Порано тоа го правеше СДСМ, сега наголемо го прави ВмроДпмне ... Каква храброст да рипнеш на голорака девојка која поради својата струка решила да изрази мирен протест ... Десетина хулигани ја направија најголемата срамота во МК демократија од поновата историја ... Ова ке го запаметиме како голема лузна која тешко дека ке ја залечиме ... власта го “организира“ народот против својот народ ... некои медиумски личности кои учествуваа во организацијата на контрапротестот сега перат раце и гледаат сеир ... но го полнат своето конто од реклами од владините агенции за пропаганда ...

Власта која позади себе има едвај 30 процентна подршка од електоратот реши да упати порака - ке бидете тепани ако зборувате и мислите ... На невладините организации кои зборуват против власта, организира владино невладини организации кои зборуваат против напаѓачите ... Вчера си дозволи да направи контрапротест на денот кога 30 студенти решија да организираат мирен протест ...

Македонија дефинитивно се подели на 30 проценти, од една страна ВмроДпмне - која тврдо опстојува на своите политики на поделба и сеење омраза меѓу народот, на 30 проценти од албански електорат кој си брка “своја работа“, секојпат шурувајки со власта ... и на останатиот демократски свет кој во моментите гледа сеир, не сваќајки дека ако денеска се напаѓаат “евреите“, но утре власта ке дојде по нив ... така дефинитивно можам да кажам дека се роди Неомакедонскиот фашизам кој званично никој не го подржава, но кој е се` поглесен и помоќен ... подпомаган од структури на полицијата, јавната, која не ги апси и тајната која ги организира ...

На здравје Македонијо ... на останатите 40 проценти од Македонија им останува местото да си го побараат во надворешниот демократски свет - бидејки во Македонија немаат иднина ни економска ни демократска ... мора да остане место каде во иднина ке се изгради “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ...

Saturday, March 28, 2009

Македонските црнокошуљаши во акција ... Народ контра народ ...

Македонските црнокошуљаши во акција ... Народ контра народ ... Јанко фаќа сеир ... Груевски пере раце ... Полицијата ги испитува тепаните ...

видео А1 ...

Не бев на протестите и контрапротестите ... за жал имав неодложна работа ...

Не бев на протестите и контрапротестите ... за жал имав неодложна работа ... читам “крстоносците“ победиле ... некои информации велат 5000 наспротив 50 ... да се знае чива мајка црвено-црна волна преде ...

Повеќе »

Религиозниот фудаментализам стана државна идеологија ... наздравје ... 30 проценти од Македонците со метод на сила владеат со Македонија ...

Утре задутре лопатите во центар ке стапат на сцена ... за радост на 30 проценти од МК електорат цехот ке го платиме сите ...

Процентот на Индустриско производство паѓа но БПД расте ?? ... мајстори на бројките и процентите ала Амди Бајрам ...

Индустриското производство веќе неколку месеци паѓа ... во просек меѓу 7 и десет проценти ... но види махери - од статистика велат дека БДП сепак расте ...

Од што расте бе махери на бројките и процентите ала Амди Бајрам ... од кредитите за потрошувачка кој се делат на народот ... кои тој ги зема за да плати струја и вода ...

Повеќе »

Резултат на сето ова е

  • зголемување на надворешниот и внатрешниот долг ...
  • зголемување на диспаритетот на извозот и увозот ...
  • намалување на девизните резерви ...
  • инфлацијата и девалвацијата ке не удри како чекан ...
  • се вратија кредити со 5 до седум процети - се задолжуваме со нови со 7 - 9 проценти ...
  1. Ребаланс со внатрешно задолжување ... вистината колку и да сакаш да ја сокриеш/фризираш таа сама испливува ... 14 Март, 2009
  2. Музеј на жртвите од транзицијата ... 13 Март, 2009
  3. Креаторот на „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди ... веројатно е кумот Ставре ...
  4. „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди на Груевски ... илузионистички предизборни трикови ...
  5. Супермаркет - економија ...
  6. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... трет пат - ист кадар ...
  7. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
  8. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ...
  9. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  10. Мојот премиер е опкружен со полтрони кои го убедуваат народот дека на микро и на макро план ни цветаат рози и тече мед и млеко . ... 23 Декември, 2008
  11. Заврши ли “едноумието“ ... што систем имаме сега ?? ... систем на перфидна манипулација на демократските процеси ... 23 Ноември, 2008
  12. Одржлив развој ... 15 Септември, 2008
  13. “Шишањето“ продолжува ... 9 Август, 2008
  14. Инает држава ... Имаме ли ние “план“ како сами да си помогнеме ... 4 Август, 2008
  15. Гледање сеир ... 22 Јули, 2008
  16. Музеј на ВМРО ... Музеј на жртвите од комунизмот ... „МАКЕДОНСКА БОРБА“ ... 12 Јуни, 2008
  17. ДЕМОКРАТУРА ... дали во Македонија имаме ДЕМОКРАТУРА ... ??! 8 Мај, 2008
  18. Горчина ... ја мразам транзицијата со сите последици ... 8 Април, 2008
  19. СТЕЧАЈНА ГОЛГОТА ... 14 Јули, 2007
  20. БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ... 4 Јули, 2007
  21. НАСМЕВКА НА ЛИЦЕТО ... 3 Јуни, 2007

Интервју на Груевски на Канал 5 со Миленко ...

Гледав само едено кратко парче ... бидејки бев капнат уморен цел ден бркав работа а знам дека некој ги подига овие интервјуа на нет, молам ако може некој во коментар да ми даде линкови од интервјуто ...

Friday, March 27, 2009

Инвестициски рејтинг на Македонија според Форбс ... високо 51-во место ...


На некој од медиумите слушнав дека мафазинот Форбс во најновото рангирање на бизнис или инвестиции ја рангира Македонија на високо 51-во место ... едно место подолу од последното рангирање ...

Повеќе »

Му благодарам на АА за линкот на табелата ... Best Countries for Business #51 Macedonia

Rank-previous year 50
GDP Growth 4.8%
GDP/Capita $9,200
Trade Balance -11.9%
Population 2.1 mil
Federal Budget Balance as % of GDP -0.5%

Trade Freedom 52
Monetary Freedom 8
Property Rights 94
Innovation 94
Technology 78
Red Tape 22
Investor Protection 71
Corruption 59
Personal Freedom 66
Tax Burden 24
Market Performance NA

„Св. Никола“, сиромаштија и сликите на Тито,Чаушеску и Садам Хусеин ... Утре протест против црквата на плоштад ...

Сликата “http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/2FC12B8DB9C6544AACA0CD772D109D44.jpg” не може да се прикаже бидејќи содржи грешки.

Ке си речете што има заедничко Св.Никола, сиромаштијата и сликите на Тито,Чаушеску и Садам Хусеин ... ај да пробам да појаснам ... Се поизвесно е дека на плоштад деновиве ке се постави камен темелник на црквата на плоштад, за која се поизвесно е дека ке се именува “Св. Никола“ - по името на ктиторот со народни пари ...

Повеќе »

Ова е дел од проект на советниците и ПР-ите на Груевски како од неговото име да се направи лик кој ке се велича, како што некојпат се величеа Тито, Чаушеску и Садам Хусеин ... во поново време Туѓман, Милошевиќ и слични на нив ... Со сиромаштијата ова се врзува бидејки единствено во сиромаштија може да се изродат вакви патогени појави на човечкиот ум ...

По освојувањето на апслолутната власт следен чекор е поставување на слики на Груевски во секоја освоена канцеларија од апаратот на ВмроДпмне, се разбира во придружба со знамето на Вергина ... тука е почетокот на величење на ликот и делото на Груевски ... 31.Август за година две ке биде прогласен за Ден на младоста ... Груевски марами ке лепршаат околу вратовите на пионерите ... едно штафетиче низ градовите и селата античко македонски ... плоштади каде ке се организираат свечености се градат ...

Итрината на Груевски е голема ... тој со само 30 процентна подршка од МК електорат спроведува постепена диктатура преку таканаречената демократура ... Секој ден фрла лопата на некое ново Потемкиново село ... го собира народот да му ракоплеска милом и силом ... Од полицискиот апарат направи Палата на вистината ... Не следи и прати во секој чекор - не контролира и во спалните соби дали доволно правиме млади вмро-овчиња ...

Груевски стана елементарна непогода за Македонија ... тоа ке го сватат сите за некоја година ... засега сите пливаат со неговиот брод кој плови по суви коридори, претежно во облаци ...

Утре некој се сетил да организира мирен протест против Црквата Св.Никола на плоштад ... неколкумина го ставаат во залог своето име и интегритет ... да се спротивстават на лудилото кое не зафатило ...

Thursday, March 26, 2009

Моше Баум на распит во полиција ... вратен од граничен премин ... кој го доведе Моше Баум ?? ...

Против Моше Баум се спроведува предистражна постапка во полиција на база на кривичната пријава од најголемиот доверител/производител на млеко од Струмица ...

Повеќе »

Моше Баум иако ја купи млекарницата за едно евро - не обезбеди пари за исплата на мледкрите туку продолжи да откупува млеко за беспари уште два месеца ...

И некои други бизнисмени посочуваа дека Моше Баум е жива превара ... Кој го доведе Моше Баум ?? ...

Буџетот е за да се троши ... шминкерска изјава на Груевски ... ке се случи ли економско чудо ...

Една изјава која Груевски вчера ја даде кога фрли уште една изборна лопата (при свечењето почнување на изградба на зградата на филхармонија - кога на луѓето од балетот и операта им е запретено ако не дојдат на отварањето дека ке им се скрати од платата 15 проценти ...) а се однесува на трошењето на буџетот не ја гледам во денешните медиуми ...

Повеќе »

Ке пробам да ја парафразирам. Буџетот е за да се троши ... затоа се собираат парите во буџетот за да потоа плански на база на одлука на Собранието се потрошат ... Ние тоа и го правиме трошојки го буџетот ги исполнуваме ветувањата који партијата ги дава во предизборието ...

Колку лесно изречена изјава во услови на светска економска и финасиска криза која се повеќе ја зафаќа домашната економија ... Краткорочно владата за да го одржи најголемиот буџет досега се задолжува кај домашните банки - т.е. ги троши денарските заштеди на граѓаните ... автоматски вршејки упад во монетарната политика ... Од друга страна тврдоглаво опстојува на зацртаниот буџет кој е на стаклени нозе во импутната страна ... Економијата веќе не може да го полни зацртаниот буџет ... извозот опаѓа ... се зголемува невработеноста ... по некој ден каснат платите и пензиите ... бројките за БДП се кријат ... странски инвестиции ни за лек ... млекарите наголемо ги продаваат кравите за да преживуваат месечно ...

Премиерот како да верува дека ке му се случи некое непланирано економско чудо - кое ке ја извади економијата од колапс ... небаре утре ке протече нафта од овчеполието ... или незнам што ... толку лагодно се однесува иако самиот најдобро знае во каква состојба е државното кесе/буџетот ...

Ке се вратам на мој постар пост: Наместо буџетот да се користи за развој - парите се трошат за споменици и плоштади, за полиција и администрација ...

Во услови на:

  • над 30 процентна невработеност ...
  • стагнација и уназадување на на стандардот ...
  • зголемување на процентот на сиромаштијата ...
Наместо буџетот и задолжувањата да се користат за развој, кој ке донесе нови вработувања, подигање на стандардот, Владата троши пари во:
  • градење на споменици и мономенти за минатото, минатото по нејзина мерка ...
  • воштани фигури ...
  • плоштади кои ги бои со партијски бои ...
  • спортски сали истотака обоени со партијски бои ...
  • секојдневно саморекламирање - во стилот на “огледалце огледалце мое ...“
  • зголемување на бројот на полиција и непродуктивна администрација ...

Имаме ситуација да имаме еден продуктивно вработен, еден административец, еден пензионер, еден невработен, еден малолетник ... еден бездомник т.е. пука сиромаштија ...

Се има осеќај дека оваа власт сака позади себе да остави мономенти - за да биде спомнувана по нешто ... сето тоа е добро, потребно за народот ... но, најпотребното нешто во облик на вработување - власта никако да го испорача ... Во собирањето на парите од народот оди до таму што 800.000 случаи на долгови на граѓаните кон јавните претпријатија ке ги наплатува преку извршители ...

Се прашувам, дали не чини народот што толку лоши резултати створи во транзицијата - или проблемот е во власта ... која за себе створи услови на недопирливост ...

Wednesday, March 25, 2009

Дупеувлакањето (лижење газови) - судбина на МК политичка сцена ...

Во минатиот систем мислев дека е врвот на дупеувлакањето (лижење газови) ... Системот пропадна - бидејки не можеше да дојде до израз иницијативата на поединецот ... таа беше блокирана од центарот кој не му даваше да пркне на поединецот ... Поради ова незадоволните поедици бегаа се иселуваа/имигрираа од тогашната држава ...

Повеќе »

Во Транзициона Македонија ништо се нема сменето ... Дупеувлакањето (лижење газови) - е повторни судбина на МК политичка сцена ... поединецот повторно не е возможно да се оствари ако не е член на една од двете помоќни патии ... Имигрирањето во слободни земји каде се потврдуваат индивидуалните вредностите на поединецот продолжува и тоа со пожестоко темпо ...

Би можел на темава да Ви пишувам роман но тука ке престанам ...

Време на математики и средување на впечатоци ...

По првиот круг на избори - овие неколку дена е време на математики кој загубил а кој добил ... Ако судиме по изјавите на лидерите на политичките партии ке проследиме дека сите добиле, што секако не е можно ...

Повеќе »

  • ВмроДпкне иако изгуби скоро 150.000 гласа во однос на парламентарните избори, но прогласи победа, во претседателските избори - бидејки убедливо водат (секако не со три спрема еден ...) ... на претседателските избори а и на локалните ... На локалните прогласија поголема победа од минатите локални избори ...
  • СДСМ прогласи дека се будат и полека ја враќаат довербата кај гласачкото тело ... Го освојија едвај второто место на претседатеслските избори ... добија во неколку општини иако изгубија во некои кои беа традиционално нивни ... Тврдат дека од 200.000 на последните парламентарни сега со коалиционите партнери се ЛДП и НСДП се доближиле на 300.000 подршка ...
  • ДУИ загуби голем дел од гласачкото тело ... но доби неколку помали општини ...
  • ДПА е во тотален колапс ... осем можеби во Тетово ... Радикалните албански партии полека ја губат довербата, која оди кај умерените и свежи Селмани и Руфи Османи ...
  • Селмани со подршка од 147.000 гласа стана фактор во албанскиот блок - но на локалните избори не доби скоро ништо ...
  • Бошковски е истотака човек кој со 146.000 освоени гласови ... се прогласува дека е третата опција во Македонија ... се додека не прогласи нова партија или се приклони во некоја надвор од ВмроДпмне неговата победа не значи ништо ... Многу брзо тој ке мора да донесе судбоносна одлука за него и неговите приврзаници ...
  • Во Гостивар повторно изненади Руфи Османи ... и тој најавува своја партија ...
  • ЛДП и НСДП со самостојниот настап не добија ништо ... добија само послаби стартни позиции во преговорите за идни коалиции со двете поголеми партии ...
  • ЛП и партијата на Лазе Еленовски - СДУ ... полека одат уште една скала подолу ...
  • Дефинитивно се покажа дека ваков изборен модел како што го има Македонија ги форситра само двете поголеми партии во МК политички блок и уште две во албанскиот кампус ... сите други неможат ни да припарат до изборниот колач ... со што се потврди пишувањето од мојот пост : Демократско “чистилиште“ за малите партии ...
  1. Кој доби а кој загуби на овие избори ... споредено со последните парламентарни ...
  2. Како помина мојата прогноза за претседателските избори ...
  3. Победи демократијата ... Во Македонија се одржаа ненасилни избори ...
  4. Останати написи за овие избори ...

Роберто Беличанец си отворил блог ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/311Large.jpg

Роберто Белеичанец стручњакот за нови медиуми и медиуми воопшто - по долго натегање решил ад си отвори блог .. .This is not america ... http://rb.blog.com.mk/ ... неколку пати го советував и му велев дека е време да си отвори блог ...

Повеќе »

Досега Роберто Беличанец беше најчесто читател и ретко коментатор на МК блогосфера ... На времето се “истакна“ со една своја изјава во една ТВ дебата дека МК Блогови се ѓубре? ... 99 % ѓубре ... за да потоа ја дополни изјавата во меѓусебната средба на одредени блогери и одредени луѓе од медиумите, каде рече дека тие 99 проценти се расистчко ѓубре ... Пишувањето на блог сцената го нарече “шум“ - не може да се распознае и раздвои доброто од лошото, поради доминирањето на ѓубрето ... Место каде не може да има напредна мисла ...

Тогаш не се најдовме на истата страна ... јас бев меѓу оние блогери кои велеа дека на блогосферата која е одраз на општествениот развој, да има и ѓубре но дека блогосферата е поделена на разни подрачја ... и дека секој на свој начин си го сваќа својот блог ... дека блогот е “CV “ на секоја индивидуа која го креира, каде секој на свој индивидуален но слободен начин си креира свое катче ... пишува за она што е негов интерес ... се вмрежува со слични блогови и се социјализира преку коментарите ...

Најголем дел луѓето отвараат блог ради забава ... да видат дали и тие знаат да креираат содржина ... Но со тек на време блогот се повеќе им станува хоби од кое не можат така лесно да се раздвојат, се навлекуваат на блогирање ... блогот им зема голем дел од слободното време и представува се` помалку забава а се` повеќе одраз на личната душа на секој креатор на блог содржина ...

Со Беличанец после скоро година дена се сретнав на соросоидната трибина во Штип на која бев гостин ... и уште еднаш трет пат на трибината во Скопје ...

Беличанец не верувам дека многу го сменил мислењето за блогосферата/блогерите ... Гледам дека блогот го отворил само за да може лесно да коментира а да не биде обвинуван дека е анонимус и нелогиран ... истовремено и да одбегне некој друг да коментира во негово име ...

Скоро сум сигурен дека нема долго да издржи а да не постира свои написи ... никој не издржал, нема ни Роберто Беличанец ... блог просторот едноставно мами - тоа што го мислиш да го “лупнеш“ во пост ... некако тогаш ти е полесно ... Беличанец и до сега не беше омилена фигура меѓу одредена група на блогери кои од блогосферата направија посебен вид на “забава“ ... скоро сум сигурен дека повторно ке го дочекаат на нож ... Јас ке го читам ако и кога ке почне да постира ... се разбира ако се наоѓаме во слична тематика и содржина ...

Tuesday, March 24, 2009

Виничко Кале - Виница ... Теракотни икони ... Viničko Kale - Vinica ... Terakotni ikoni ...

Виничко Кале - Виница ... Теракотни икони ... Viničko Kale - Vinica ... Terakotni ikoni ...

1.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/91Large.jpg?t=1237909102

Повеќе »

2.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/92Large.jpg?t=1237909432

3.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/93Large.jpg?t=1237909460

4.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/94Large.jpg?t=1237909489

5.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/95Large.jpg?t=1237909524

6.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/96Large.jpg?t=1237909556

7.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/97Large.jpg?t=1237909587

8.http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/98Large.jpg?t=1237909614

9.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/99Large.jpg?t=1237909649

10.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/910Large.jpg?t=1237909813

11.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/911Large.jpg?t=1237909841

12.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/912Large.jpg?t=1237909873

13.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/913Large.jpg?t=1237909906

14.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/914Large.jpg?t=1237909933

15.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/915Large.jpg?t=1237909978

16.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/916Large.jpg?t=1237910003

17.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/917Large.jpg?t=1237910040

18.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/918Large.jpg?t=1237910071

19.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/919Large.jpg?t=1237910105

20.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/920Large.jpg?t=1237910135

21.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/921Large.jpg?t=1237910744

22.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/922Large.jpg?t=1237910773

23.

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/923Large.jpg?t=1237910810

Археолошкиот локалитет Виничко Кале - Виница e утврдена населба од доцноантичкото време, со градби покрај градскиот бедем од 4-6 век целосно зачувани. Се наоѓа на самата периферија на градот Виница, на рид висок околу 70 м, покрај патот КочаниВиница - Берово. ...

Monday, March 23, 2009

Кој доби а кој загуби на овие избори ... споредено со последните парламентарни ...

Споредувајки ги броките од последните парламентарни и сегашните претседателски избори ке добиеме интересна слика кој добил а кој изгубил во овие избори:

Повеќе »

  • ВмроДпмне со коалицијата на последните парламентарни имаше 483.000 гласови сега на претседателските доби 343.000 гласови ... Евидентно Вмро Дпмне изгуби 140.000 гласови ... тие секако отидоа кај Бошковски кој на овие избори освоии 146.000 гласови ... ... Значи телото на Вмро Дпмне изгуби внатрешно би рекол гласови кои се одлејаа кај Бошковски ... но десницата е сеуше јако пред левицата ...
  • СДСМ со коалицијата на последните парламентарни освоиа 233.000 гласови ... сега заедно со НСДП освоија 200.000 гласови ... разликата отиде кај ЛДП на Нано Ружин кој на избориве освои 40.000 гласови ...
  • Значи соодносот меѓу левицата и десницата е сеуште ист/сличен ...
  • Големи пореметувања настанаа во албанскиот кампус ...
  • Се створи нова партија на Селмани со респектибилно гласачко тело од 147.000 гласачи ... ...
  • ДПА е маргинализирана со сегашните освоени 30.000 гласови во однос на 105.000 гласови на парламентарните ... ...
  • ДУИ сега освои 74.000 гласови но сепак изгуби околу 37.000 гласови ... бидејки на последните парламентарни имаше 111.000 гласови ...
  • На избориве добитник е Селмани кој стана алнанска партија со највеќе гласови во моментот ... но тоа не го покажа на локалните избори каде губи со голем број градоначалници од ДУИ ...
  • Веројатноста дека кај Селмани ке помине уште некој пратеник од ДПА е голема ... со тоа ке стане четврт играч во преговорите на големата четворка ...
  • Добитник е секако и Бошковски кој или ке ќари некое амбасадорско место или ке формира нова партија со постарите членови на Вмро Дпмне ... можно е да влезе и кај народњаците на Георгиевски ... Како и да е Брат Љубе е сериозна закана за ВмроДпмне ...

Како помина мојата прогноза за претседателските избори ...

Во петокот, на денот пред изборниот молк дадов една прогноза према согледувањата кои ги следев - сето во постот: Време за прогнози ... мојата прогноза ...

Повеќе »

  • Ке почнам со излезноста предвидов дека излезноста ке биде 55 проценти ... остварувањето на излезноста е скоро иста со мојата прогноза ...
  • За Иванов предвидов дека ке има 23 % од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето му е 343.374 што е 19,2 % од вкупниот електорат ...
  • За Фрчковски предвидов 13 % од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето му е 200.316 што е 11,2 % од вкупниот електорат ...
  • За Селмани и Бошковски предвидов дека ке имаат по 10 % од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето им е на Селмани 146.795 што е 8,2 % од вкупниот електорат ... а Бошковски со 145.638 што се исти 8,2 % од вкупниот електорат ... разликата им е незначителна само стотина гласа ...
  • За Буџаку предвидов 8 % подршка од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето му е 73.567 што е 4.1 % од вкупниот електорат ...
  • За Ружин предвидов 6 % од од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето му е 39.645 што е 2,2 % од вкупниот електорат ...
  • И за Мируше Хоџа предвидов 3 % од вкупниот електорат 1.792.082 ... остварувањето и е 30.281 што е 1,7 % од вкупниот електорат ...
  • Како и да е кај сите сум додал по некој процент повеќе но редоследот е таков како што предвидов ... Ќе ќарев паричка ако играв во обложувалница ...
  • Понатака предвисов дека во вториот круг нема да има излезност над 40 проценти ... тоа ке треба да го видиме за 15 дена ...

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2009
Податоците се пристигнати по електронски пат.
Р. Бр. листа Кандидат (Подносител на листа) Добиени гласови % од вкупно излезени за ИЕ % од важечки ливчиња

1 ИМЕР СЕЉМАНИ 146.795 14,51% 14,99%
2 МИРУШЕ ХОЏА 30.281 2,99% 3,09%
3 НАНО РУЖИН 39.645 3,92% 4,05%
4 ЃОРГЕ ИВАНОВ 343.374 33,95% 35,06%
5 ЉУБЕ БОШКОСКИ 145.638 14,40% 14,87%
6 АГРОН БУЏАКУ 73.567 7,27% 7,51%
7 ЉУБОМИР ФРЧК. 200.316 19,81% 20,45%
Вкупно гласови: 979.616

*** последните процентикои ги даде ДИК се процети од излезените гласачи ... моите прогнози од првите редови се према бројот на вкупниот број на гласови ...

Победи демократијата ... Во Македонија се одржаа ненасилни избори ...

Заслугата за одржани ненасилни избори е на сите:

Повеќе »

  • на позицијата
  • на опозицијата ...
  • на медиумите ...
  • на времето ...
  • на странскиот фактор ...
  • можеби највеќе заслугата е на за ова е на ДУИ и Селмани ...

Во Македонија се одржаа ненасилни избори ... голем исчекор во однос на последните избори ... за резултатите на изборите ке подигнам пост поручек ...

Највеќе од се` посакувам вака да помине и вториот круг на избори ...

Sunday, March 22, 2009

Жените уметнички за Скопје - 8 Март 2009-та, Музеј на град Скопје ...

Жените уметнички за Скопје - 8 Март 2009-та, Музеј на град Скопје ...

1.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/41Large-3.jpg?t=1237722642

Повеќе »

2.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/42Large-3.jpg?t=1237722722

3.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/44Large-2.jpg?t=1237722752

4.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/45Large-2.jpg?t=1237722785

5.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/46Large-2.jpg?t=1237722815

6.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/47Large-2.jpg?t=1237722848

7.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/48Large-2.jpg?t=1237722918

8.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/49Large-2.jpg?t=1237722978

9.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/410Large.jpg?t=1237723018

Урбана легенда ...

10.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/411Large.jpg?t=1237723380

11.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/412Large.jpg?t=1237723415

12.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/414Large.jpg?t=1237723450

13.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/415Large.jpg?t=1237723480

14.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/416Large.jpg?t=1237723514

15.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/418Large.jpg?t=1237723549

16.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/419Large.jpg?t=1237723587

17.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/420Large.jpg?t=1237723620

18.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/421Large.jpg?t=1237723667

19.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/422Large.jpg?t=1237723694

20.

http://i493.photobucket.com/albums/rr299/volan-sk/6-1Large.jpg?t=1237723752

Blog Archive

Site Meter