Денеска на мојот промотивен пост за “новиот“ блог на Героски на blog.com.mk - кој го промовирав со мојот пост: Героски - си отвори блог и на blog.com.mk ... одговарајки на коментарот на Мечето Ушко - одговорив вака:
-
Мече поздрав,
Ја гледам сликата најгоре на постот … или некој ја сменил сликата на блогот на Геро што значи дека кој како сака упаѓа во туѓи блогови … или Геро сам си ја сменил сликата … или пак тој блог воопшто не е на Героски …
Или пак Героски сега ке почне да сценира дека некој му го напаѓа блогот …
Многу прашања … ???
волан || 2 Март, 2009 - 16:03 | избриши | измени | одговори - Во меѓувреме Геро објави демант дека тој блог на blog.com.mk - не е негов: Некој кретен краде од мојот блог!
-
Замислете, некој кретен отворил и администрира блог под моето име, на blog.com.mk!
Ај што го краде моето славно презиме, шутракот буквално краде постови од мојот блог, за кој типот знае дека е авторизиран. Освен тоа, пишува коментари и потпишува со моето презиме. Неверојатно…
Денеска упорно се обидував да стапам во контакт со администраторите на blog.com.mk за да им укажам дека станува збор за класична кражба на авторски дела. Попладнево се слушнавсо Трендо, кој ми рече дека е во Словенија и дека ќе стори се` што треба за да го спречи ова недозволени „копипејстирање” на содржини од мојот оригинален блог.
Интересно е дека во меѓувреме, додека траеја моите обиди да се слушнам со недостапните и крајно нељубезни луѓе од Он.нет, кретенот ја отстранил мојата фотографија преземена од овој блог и ја заменил со некаква стрип-сликичка. Тоа ме наведува на сомневањето дека администраторите на blog.com.mk можеби имаат некаква врска со оваа валкана работа.
Како и да е, сакам јавно да соопштам две работи:
Прво, јас немам ништо заедничко со тој плагијаторски блог. Единствениот блог на кој пишувам односно создавам авторски заштитени дела е www.geroski.mk.
И второ, од попладнево ја сменив авторската лиценца и сега сите авторски права на овој блог се задржани. Претпоставувам дека апашите и плагијаторите се информирани што значи тоа.
Толку околу легалниот аспект на нештата. Збор два и околу моралниот.
Па добро, бре, Хунзи мои збудалени, лигуши едни недоветни, па зарем не можете да смислите подостоинствен начин да се борите против моето мислење? Ај што се криете ко дунди зад разни анонимни имиња (меѓу кои, нормално, доминираат „античките”), па зарем моравте да паднете толку ниско да се криете и зад моето име?
Но, од ваков шљам ништо друго не се ни очекува, зарем не?
ПС. По исклучок, му дозволувам на кретенот овој пост да го објави и на blog.com.mk.
ППС. Сите нормални блогери и други добронамерни посетители на мојот блог, кои сакаат да пренесуваат мои постови во целина или да цитираат одделни делови, нека ми се јават на мојата мејл-адреса или по телефон. Со задоволство ќе им дозволам да го сторат тоа, без никаков надомест.
Незнам што да кажам - преварата беше професионално изведена - еве признавам и јас паднав на преварата ... дури и честитка му пратив на првиот пост на овој фејк блог на Геро ... Како и да е ова ке остане запаметено во нашава блог историја ... еве ја мојата честитка на овој фејк блог на Геро (да ја сочувам може ке му текне на авторот да забришува ...):
значи сепак ми го послуша советот да си отвориш блог и тука ... незнам колку ке имаш време и живци да ги следиш коментарите ...
но сега барем ке се обидеш да ја сватиш оксиморон - која ти појасни дека не брише коментари, бидејки несака да се замара со луѓе кои со невидена упорност, повторно ги враќаат истите коментари ...
со среќа нека ти е ...
туку кажи како си ја исклучил опцијата на машината - ти не си човек ...
Како случајот ке заврши - дали ке запаметиме дека е ова само обид за електронска шала или евентуално ке има некаква санкција - кон творецот на овој фејк блог ... Лажно представување веројатно е казниво ... случајот верувам ке ги привлече и другите медиуми ...
- Героски - си отвори блог и на blog.com.mk ... 1 Март, 2009
- Трибина „Граѓани за Европска Македонија“ - 28 Февруари, 2009 „Александар Палас“ ... фото приказна ... 1 Март, 2009
- Трибината протече во дефинирање од што е болен пациентот ... без соодветен третман/предлог како да го излечиме пациентот ... 28 Февруари, 2009
- Научи да пишуваш - Бранко Героски ... 24 Февруари, 2009
- “Македоноидите“ и “Соросоидите“ - конечно дијалог во Кичево ... МОНОЛОЗИТЕ беа доминатни послед.неколку демократски години ... 22 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ... 19 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... 14 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ... 11 Февруари, 2009
- “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009
- Героски си отвори блог ... Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо … 2 Февруари, 2009
- Дали новинарите можат да имаат став - политички став ??! ... Геровски е зрел да стане и блогер ... 11 Септември, 2008
3 comments:
Волан, ти благодарам на коректната исправка. Поздрав.
Ок е Геро - некој кој е мајстор на овие работи се пошегува малку со сите нас ... можеби ова можеш и како забава да го сватиш ... на луѓето име е досадно ... :)
Главите барем ни се на место ...
Ne mi e jasno sto k.r go cepkaat ovoj takanareceniot novinar,samo reklama mu pravat....a batkava e gola voda,ne vredi,dajte ostavete go da odi vo zaborav i taka nikoj ne go zema za kusur,neka krsi glava.....
Post a Comment