Роберто Белеичанец стручњакот за нови медиуми и медиуми воопшто - по долго натегање решил ад си отвори блог .. .This is not america ... http://rb.blog.com.mk/ ... неколку пати го советував и му велев дека е време да си отвори блог ...
Досега Роберто Беличанец беше најчесто читател и ретко коментатор на МК блогосфера ... На времето се “истакна“ со една своја изјава во една ТВ дебата дека МК Блогови се ѓубре? ... 99 % ѓубре ... за да потоа ја дополни изјавата во меѓусебната средба на одредени блогери и одредени луѓе од медиумите, каде рече дека тие 99 проценти се расистчко ѓубре ... Пишувањето на блог сцената го нарече “шум“ - не може да се распознае и раздвои доброто од лошото, поради доминирањето на ѓубрето ... Место каде не може да има напредна мисла ...
Тогаш не се најдовме на истата страна ... јас бев меѓу оние блогери кои велеа дека на блогосферата која е одраз на општествениот развој, да има и ѓубре но дека блогосферата е поделена на разни подрачја ... и дека секој на свој начин си го сваќа својот блог ... дека блогот е “CV “ на секоја индивидуа која го креира, каде секој на свој индивидуален но слободен начин си креира свое катче ... пишува за она што е негов интерес ... се вмрежува со слични блогови и се социјализира преку коментарите ...
Најголем дел луѓето отвараат блог ради забава ... да видат дали и тие знаат да креираат содржина ... Но со тек на време блогот се повеќе им станува хоби од кое не можат така лесно да се раздвојат, се навлекуваат на блогирање ... блогот им зема голем дел од слободното време и представува се` помалку забава а се` повеќе одраз на личната душа на секој креатор на блог содржина ...
Со Беличанец после скоро година дена се сретнав на соросоидната трибина во Штип на која бев гостин ... и уште еднаш трет пат на трибината во Скопје ...
Беличанец не верувам дека многу го сменил мислењето за блогосферата/блогерите ... Гледам дека блогот го отворил само за да може лесно да коментира а да не биде обвинуван дека е анонимус и нелогиран ... истовремено и да одбегне некој друг да коментира во негово име ...
Скоро сум сигурен дека нема долго да издржи а да не постира свои написи ... никој не издржал, нема ни Роберто Беличанец ... блог просторот едноставно мами - тоа што го мислиш да го “лупнеш“ во пост ... некако тогаш ти е полесно ... Беличанец и до сега не беше омилена фигура меѓу одредена група на блогери кои од блогосферата направија посебен вид на “забава“ ... скоро сум сигурен дека повторно ке го дочекаат на нож ... Јас ке го читам ако и кога ке почне да постира ... се разбира ако се наоѓаме во слична тематика и содржина ...
1 comment:
Eve uste eden strucnjak od sestminata velicestveni,borcite koi od petni zili nastojuvaat(jadat go..a) za promena na imeto i sekako vlez vo ta smrdliva EU I toa NATO koi definitivno zastanaa na stranata na grcija........demek i pokraj toa sto blogerajot mu e odvraten,kako alatka za negovoto jadenje "burek" mu odgovara i ke ja koristi......ke ima novi "biseri".
Post a Comment