Search This Blog

Tuesday, March 03, 2009

Дали беше украден идентитетот на Героски ... дали беа злоупотребени авторски права ... Кој и зошто го направи сето ова ...

  • Дали беше украден идентитетот на Героски
  • Дали беа злоупотребени авторски права
  • Кој и зошто го направи сето ова

читај повеќе »

По мене сето ова е само „позерство“ на одреден неоспорно интелегентен ум (но за жал болен ...), кој ги познава технологиите на интернетот и програмирањето, кој знае како да се подазкрие позади прокси сервери и /или други програми и можности за сокривање на IP, на кого не му е првпат со вакви “позерски“ активности да не забавува ...

Гледајки го првиот пост на фејк блогот на Герорски - каде тој не поздравува, кој во оригинал како што беше постиран со слика на Героски од десна страна (која сега е сменета ...), со листа на пријатели која сега е сменета ... вешто не измами сите, дека е тоа вистинското лице на Героски, кој ете се охрабрил да влезе во устата на “лавот“ на .blog.com.mk ...

Оној момент кога видов дека сликата на насловната страна е сменета и особено кога на последниот пост се појави слика со мајмуните + слика на која имаше магаре (сега е избришана ...)... скоро со стопроцентна убеденост ке констатирам дека за жал истиот човек од Прилеп кој и е познат на МК јавност по многу благородни активности, но за жал и со неколку дејанија по блогерајот, кои во еден случај доведоа до кавга со една соседна држава ... која случајот го подигна на највисоко политичко ниво ... Се разбира сето ова е само шпекулација и можеби грешам душа ...

Сега гледајки ја играта со менување на слики по постовите на фејк блогот на Героски ... уште повеќе ме убедува дека се работи за истиот интелегентен - но за негова несреќа болен ум ... Навистина случајот сакал лошо да се поигра со неговиот живот, до тука го сожалувам како сограѓанин ... секојпат сум се дивел на неговите храбри/скоро невозможни потфати ... но неколку активности на оваа платформа се навистина неопростливи ... иако за многумина тоа треба да се смести во право на граѓанинот на свој начин слободно да го користи интернетот - платформата на .blog.com.mk досега му овозможуваше вешто “да се пресмета“ со сите кои не се по негов мерак ...

Човекот во различни блогови и платформи е еден од најголемите љубители на МК историја, археологија и култура ... неуморно истражува и пишува ... но тука на .blog.com.mk со својата игра избрка неколку многу добри блогери ...

Ова секако не можам да го тврдам со факти и аргументирано ... ова е само анализа на мојата блог меморија ... и затоа е пишана во форма на шпекулација ...

Дали треба или не треба да се поведе истага за случајов, тоа е работа на проценка на Героски - кој случајот треба/може да го пријави на надлежните органи ... колку тука Он.нет може да помогне ... не верувам многу - бидејки секојпат можат да застанат позади правото на слободата на изразување на интернет ... колку МК полиција е оспособена да пронаоѓа кој сето ова го прави ... тоа е сепак прашање кое ке остане неодговорено ... Знам дека такви стручни лица не работат за МК плата од некои 500 евра да речеме ... зошто би работеле кога истите лесно ке најдат работа за 5000 евра месечно било каде во светот ...

Во случајот не верувам дека ке се поведува истрага, поради нејзината краткотрајност ... но ние кои сме тука на блог просторот не би требало да го заборавиме ... сепак ова најмалку третпат (во разни видови ...) се случува на .blog.com.mk ... постов служи само уште еднаш да опомене дека на блогерајот дремат и “позери“ ...

  1. Блогот на Героски на blog.com.mk ... е измама ... Героски не стои позади тој блог ... 2 Март, 2009
  2. Героски - си отвори блог и на blog.com.mk ... 1 Март, 2009
  3. Трибина „Граѓани за Европска Македонија“ - 28 Февруари, 2009 „Александар Палас“ ... фото приказна ... 1 Март, 2009
  4. Трибината протече во дефинирање од што е болен пациентот ... без соодветен третман/предлог како да го излечиме пациентот ... 28 Февруари, 2009
  5. Научи да пишуваш - Бранко Героски ... 24 Февруари, 2009
  6. “Македоноидите“ и “Соросоидите“ - конечно дијалог во Кичево ... МОНОЛОЗИТЕ беа доминатни послед.неколку демократски години ... 22 Февруари, 2009
  7. “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ... 19 Февруари, 2009
  8. “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... 14 Февруари, 2009
  9. “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ... 11 Февруари, 2009
  10. “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009
  11. Героски си отвори блог ... Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо … 2 Февруари, 2009
  12. Дали новинарите можат да имаат став - политички став ??! ... Геровски е зрел да стане и блогер ... 11 Септември, 2008

No comments:

Blog Archive

Site Meter