Денеска на насловна страница Вечер објавува фотка и напис во кој тврди дека: СТЕВЧЕ ФАТЕН ВО КРАЖБА - ЗАСЕГА НА АВТОРСКИ ПРАВА ...
- Во недостиг на свежи идеи, партиската другарка се реши за едноставно ЦОПЅ-ПАСТЕ, со мала помош на фотошоп, да му обезбеди на Стевче билборд за изборите.
- ... далеку е Данска, но не и надлежните институции кои треба сериозно да се позанимаваат со кражба на авторски права. ...
Ако новинарот на Вечер “прогуглал“ малку - ке го спасел Вечер од веројатна двострука тужба - од Маркетинг Агенцијата дека сликата е украдена ... на сајтот на www.crestock.com, убаво стојат различните цени за различнии резолуции ... и дека СТЕВЧЕ ФАТЕН ВО КРАЖБА - ЗАСЕГА НА АВТОРСКИ ПРАВА ...
Голема е веројатноста Маркетинг Агенцијата сосема легално на интернет да купила фотка и потоа му го продала билбордот на Стевче Јакимовски ... Блогерот Аргументиран Блог сосема легално линковски критикува за неинвентивност на агенциите ... но Вечер дрско обвинува за двострука кражба ... Цехот веројатно ке го плати на суд ...
Ке ја следам/име оваа најнова афера ...
No comments:
Post a Comment