Владата со полуотворена уста признава дека има минусен плилив на даноците во однос на минатата година ... наместо да ги намали одливите таа реши да се задолжи на домашниот пазар на пари со издавање на хартии од вредност ...
Ова ке значи само поголем цех кој ке го платиме во некој нареден месец ... дека има проблеми со уедначувањето на државниот буџет - говорат и каснењето на платите во образование и култура за десетина дена и на пензиите за неколку дена ...
Наместо да се прифати реалноста и уедначи трошењето од буџетот со тоа што се остварува - по принципот „троши колку ти е долга чергата“ ... владата излезе со илузионистичка програма на среде избори - за нови инвестиции, ни помалку ни повеќе од 8 милијарди евра за наредните седум години ...
Изборни лопати на започнување на нови проекти се секојдневие ... владата на таков начин директно се вмешува во изборите за локалната самоуправа - делејки селективно кај сака и колку сака ... додуша сега за сега се тоа само ветувања и први лопати, сето покриено со меѓународен кредит кој ке го плаќаме сите граѓани и општини ... Јас верувам само во завршени проекти и во сечење на ленти за проекти кои се предаваат во употреба и тоа проекти кои во себе ја содржат компонентата за одржлив развој ... сега засега гледаме предавање во употреба само на споменици и скулптури ...
Која е на пример смислата на сечење на лента за нова инвестиција од 30 или штознам 50 милиони евра - ако е тоа само писмо за намери ... зарем уште ке се лажеме со писма за намери, кои ке се остваруваат некојпат по година две три ... не умри магаре за зелена трева ...
Каков е моралниот однос на владата која на пример на цела уста до пред некое време го фалеше проектот за Шведската млаекара а сега кога таа тоне во криминална дубиоза - се оградува од неа и вели дека е тоа приватна инвестиција и приватен однос меѓу фармерите и млекарата ... без воопшто да се сети дека е тоа дубиоза од триесетина милиони евра, каде се засегнати домашни банки и иљадници фармери ...
Лесно е да сечеш ленти и да пиеш млеко сликајки се за потребите на некоја кампања ... тешкото е да ја разрешиш дубиозата и да истражиш кој се` е вклучен во махинацијата и злоупотребите ... особено ако сето тоа се случува додека си на власт ... Владата мора да одговори на прашањето на млекарите кој и како ги прибра нивните тешко заработени пари ...
No comments:
Post a Comment