Колкаво задолжување може да истрпи МК економија ... ова е прашање за стручна економска дебата ... и се сведува нешто слично како колкаво задолжување може да истрпи фамилијарната економија ... во основа тој што го дава кредитот никојпат не губи ... уште во времето кога јас учев економија се велеше дека “нео-колонијализмот е кредитниот и е-ко колонијализам“ ... немаат потреба моќните економии да трпаат војски на твоја територија - тие фино лепо ке Ви дадат кредити (претежно машини и стока произведена во нивната економија ...), а ние како залог ке ја дадеме нашата крв и пот ... вечно ке си враќаме кредити ... другата крајност од оваа доктрина е романскиот случај на Чаушеску (не се задолжувај дури ни по цена на никаков развој ...)... Значи мора да има некаков баланс, за наша среќа за балансот секојпат води сметка и кредитодавачот ...
Да го појаснам терминот на “е-ко колонијализам“ ... тоа е селење на пљавите е-ко производства од развените земји во земјите во развој ... труење на земјата и воздухот во неразвиените економии ...
Пред две години владата играше на картата дека треба да се намалува надворешно трговскиот долг ... со враќањето на кредитите и тоа предвремено стапката на задолженост ја симна на ниво од 28 отсто од бруто-домашниот производ ... т.е. на крајот на минатата година надворешниот долг изнесувал 1,4 милијарди евра ... земјата тогаш помина од средно во ниско задолжена земја ... во тоа време го качи и кредитниот рејтинг ...
Сега се слушаат нови ветришта во владината економска политика на кредитно задолжување на земјата ... владините експерти сметаат дека стапката на задолженост може да ја качат до 40 % од бруто-домашниот производ ... Следното прашање е може ли да издржи МК економија со толку голема задолженост ... владините пресметки велат дека може и мора, бидејки друго чаре за задвижување на економијата не гледа ... три години пробуваа со зголемување на директни странски инвестиции - но осем “супермаркети“ други директни странски инвестиции се бројат на прстите од едната рака ...
Што велат нашите домашни пресметки ... незнам кава е сегашната политика на банките - но долго време ниедна банка не даваше кредит над 30 проценти од платата на кредитобарателот ... за да добиеш кредит треба да дадеш и свое учество во кредитот ... се обезбедуваат и со хипотеки и жиранти ...
Нешто слично ке се случува и со странските големи банки (на кои се повикува владата дека се можни кредитодаватели ...)... тие ке пресметуваат колкав е ризикот на кредитните пласмани во земја каква што е Македонија каде има огромен дисбаланс на платно билансната позиција - т.е. во голем минус сме со платно билансен дефицит - што во последната година рефлектираше со апсолутно намалување на девизните резерви од 200 милиони евра ... Се прашувам која голема светска банка ке одобри кредит во земја која не е во НАТО и која се подалеку е од ЕУ ...
Сметам дека владата прави сметка без “финасискиот крчмар“ ... како и домашните банки и светските големи банки нема многу да одат над 30 процентна задолженост на земјата ... што ке биде залогот/хипотеката ако не ги вратиме кредитите на време ?? ... мостарини, друмарини ... струјарини, водарини - таму ке бидат сметките кои ке ги плаќаме сите ... доказ ММФ советува раст на цената на струјата иако секаде околу цената на струјата паѓа ... тие секојпат највеќе водат сметка како/дали ке се платат кредитите ...
Има ли мандат оваа Влада за такво енормно зголемување на задолжувањето во странство ... Тито еднашка зема такви заеми - парите се потрошија во проекти кои не заживеаа ... парите сеуште ги враќаме ... Сака ли и Грујо така да се прослави ... Каде во неговата изборна програма тој рече дека ке се задолжуваме 40 проценти од БДП ... никаде, тој таму ветуваше дека ке ја намалува надворешно трговската задолженост ...
Груевски нема изборен мандат да не задолжува со толкави огромни проценти од БДП-то ... можеби најголемата утеха е дека нема да најде банка која ке прифати толкаво несериозно задолжување на земјата ... Како ке издржи МК економија ако од се што произведе 40 % мора да оди на отплата на кредити ...
Моите пресметки и предпоставки може и не се точни:
- Надворешниот долг на Македонија во однос на БДП во 2001 година изнесуваше 45,5 отсто,
- во 2002 беше 40,2 процента,
- во 2003 имаше ниво од 36,9 отсто, исто колку и во 2004 година, додека во 2005 година се искачи на 44,2 процента.
- Во 2007 година се намали поради предвреме вратениот долг од 137 милиони долари кон Светска банка и кон Европската инвестициона банка, потоа 103 милиони долари беа отплатени кон Парискиот клуб и уште 51 милион долари му беше вратен долг на ММФ. Поради сите овие отплати, надворешниот јавен долг во 2008 се намали и изнесува 28 проценти од БДП.
Според последните податоци на Виенскиот институт, најголем државен долг во регионот кон крајот на 2008 година имале:
- Хрватска (54,5 проценти од бруто-домашниот производ) и
- Албанија (53,5 отсто од БДП).
- Буџетот и изборите ...
- Ке штедиме по изборите ... како ке се справиме со дефицитот и инфлацијата/девалвацијата ... можни социјални немири ...
- Топење на девизнире резерви ... !!? .. Владата најавува нови мерки по изборите ...
- Ламја буџет за 2009-та ... и во 2009-та ке се задолжуваме за пеглање на се` поголемиот дефицит ...
- Цената на нереагирањето ќе биде многу поголема отколку трошокот за каква било акција ...
- Годинава дефинитивно погребување на малото стопанство ... Граѓанинот, малите фирми со опростување станаа ем еб*ни им должни ...
- КАДЕ ОДИ МАКЕДОИЈА ... Работно време ... прегледи ... нов данок /такаса ... што е целта на сето ова ...
- Како да се утера некој денар повеќе во буџетската каса ... “Господ кога делел брада, најпрвин си створил за себе ...“...
- Транзициона историја на малото стопанство ... на државата почна да не и чини народот/граѓаните ...
- Берзата тоне ... балканот во рецесија ... само МК економија мирува ?? ... “паре с`г су скупе ...“...
- Трговскиот дефицит за 2008-ма - во минус за скоро 3 милијарди долари ...
- Странски инвестиции суфинансирани од МК буџет ... дали ова не е противуставна практика ... "Џонсон Контролс“ ...
- Нешто смрди во светскиот банкарски систем ... Државен капитализам ... Државен социјализам ...
- Мириса на девалвација ... море смрди ...
- Партиски вработувања ... партизација на државата ...
- Државни фирми ...
- Денеска имаше два социјални протеста ... Кој тоа ги организира во време на избори ... Мала разлика на фебруарските походи ...
- Ден на даночна слобода во Македонија - втор пост ...
- БОГАТА ДРЖАВА - на сиромашни граѓани ... втор дел ист кадар ...
- Патот на Македонија ... во деновите потоа ...
- Како да се состави домашниот буџет ...
- Даночна политика ... одговор до zidarski ...
- Просперитетна Македонија ...
- Одржлив развој ...
No comments:
Post a Comment