Search This Blog

Tuesday, March 03, 2009

Изборите и интернет преставувањето на кандидатите ...

Во постов ке Ви ги представам сајтовите на МК политички партии , како и останатите интернет медиуми кои се користат во оваа изборна кампања за председателски и локални избори Март 2009-та ...

читај повеќе »

  1. Вмро Дпмне е најагилен како и на минатите и предминатите избори ...
    - Сајт на ВмроДпмне ... На сајтот сеуште стои современиот воз во движење и главната парола е “Македонија знае - Преродбата продолжува“ ... за разлика од порано нема линковска поврзаност на централниот сајт на партијата со блоговите и другите електронски форми за кандидатите ... значи спуштено е нивото на блоговите и другите интернет форми на представување на кандидатите ... не се дадени дури ни под корисни линкови ...
    - Ова е интересен блог наречен Градоначалници-Република Македонија- Градоначалници-Скопје ... каде до линковите на блоговите на оделните кандидати за градоначелници се доаѓа преку клик на мапите на Македонија и Скопје ...
    - Иако на почеток со голем оптимизам беше отворен блог на Ѓорѓе Иванов ... брзо по неговото отварање блогот дефакто престана да се полни со постови ... приметно е дека дури кај десно орјентираните блогови нема линкови кои водат до блогот на Ѓорѓе Иванов ... ова само ја потврдува мојата предпоставка дека некој од повисоко ниво се откажал од блогот како медиум во правец на подршка на кандидатите ...
    - Го испуштив блогот на Гоце Трајановски - кандидат за градоначелник градоначалник на ВмроДпмне ... тој е со потполно иста структура како и блогот на Ѓорѓе Иванов ... и тука нема линковско поврзување на блоговите на кандидатите на ВмроДпмне ...
    - Го едитирам и блогот на Владимир Тодоровиќ ... кандидат на ВмроДпмне - за градоначелник на општина Центар ... многу скромен блог ...
    - Еве го линкот и од блогот на Саша Димиќ - кандидат за градоначелник на Општина Карпуш од редовите на ВмроДпмне ... овој блог до сега има највеќе содржини ... постови ...
    - Сличен е и блогот на Ивица Коневски - кандидат за градоначелник за општина Аеродром ... прескромно ... правен со истра структура како блогот на Ѓорѓе Иванов ...
    - Блогот на Сокол Митровски - кандидат за градоначелник на општината Ѓорче Петров очито е во изработка ...
    - Еве го и блогот на Марјан Ѓорчев - кандидат за градоначелник на ВмроДпмне за Општина Кисела Вода ...
    - Ова е блогот на Душко Миновски - кандидат за градоначелник на општина Чаир ...
    - Блогот на Петре Латиновски - кандидат за градоначелник на општина Бутел од редовите на Вмро Дпмне е во изработка ...
    - Ова е блогот на Тони Трајковски - кандидат за градоначелник на општина Гази Баба од редовите на Вмро Дпмне ...
  2. СДСМ на својот сајт барем има два оддела кои се однесуваат на ... Локални избори и Претседателски избори ... но линковите не им функционираат ... блогови не сретнав досега ...
    - Конечно го открив и блогот на Љубомир Д. Фрчкоски ... ништо спектакуларно ... блогот и не е баш од влчера ама ете јас не сум го приметил до сега ...
    - Еве ја и Интернет страницата на Љубомир Д. Фрчкоски ...
    - Еве ја и страницата Фрчко ТВ ... youtube.com ... по узор на Обама можеби ...
  3. Интернет страната на ЛДП - подолг период е надвор од употреба ...
  4. Ништо подобро не е ни на интернет страната на НСДП ... барем работи ...
  5. Интернет страната на Љубе Бошковски е во изработка ...
Од сето погоре може да се заклучи дека ПР-ите на големите партии - заклучиле дека не им е потребно интернет представување на програмите и на кандидатите на овие избори ... оние кои гласаат не се на интернет ... не дека нема гласачи на интернет - но се покажа дека се тие преголеми “пицајзли“ ... кои го мерат дури и влакното на јазикот ... и затоа ПР-ите бегаат од интернет представување ... не дека на интернет нема своевидна војна помеѓу симпатизерите на партиите ... но тие се водат по форумите и по одредени блогови кои пратат избори ...

И официјалниот сајт на ДИК - не е ништо подобар ... има преголемо каснење на нови и актуелни содржини ...

Оценката за интернет представување неможе да биде ни двојка ... со тоа покажуваме колку сме назад од ЕУ тековите и светската практика на електронско представување на кандидатите и програмите ...

  1. „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди на Груевски ... илузионистички предизборни трикови ... 2 Март, 2009
  2. Патриоти и предавници ... 28 Февруари, 2009
  3. Буџетот и изборите ... 28 Февруари, 2009
  4. Нова анкета ... Центар за истражување и креирање политики ... 27 Февруари, 2009
  5. Минатото или иднината ... изборна дилема ... немање/имање на демократски капацитет ... 25 Февруари, 2009
  6. Останати линкови поврзани со изборите ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter