Правото на живот (би рекл здрав живот), загарантирано со сите па и со нашиот Устав, највисоко котирано во “Декларацијата за основните човековите права“ - ја предизвика Владата да ја најавува најновата владина програма за “Бесплатни здравствени услуги за сите“ ...
Имено Владата констатира дека постојат определени групи на граѓани кои никако не се опфатени со здравствениот систем, како што се:
- лицата кои не се вработени, кои немаат имот и не се евидентирани во Агенцијата за вработување,
- лица кои не се корисници на парична помош,
- лица со над 64-годишна возраст кои не се приматели на пензии,
- лицата без постојано место на живеење, на старите лица, бездомниците и други ранливи групи.
- лица кои боледуваат од специфични заразни заболувања, а не се здравствено осигурани, како и останатите социјални случаи.
- маргинализирани групи кои не се осигурани ниту по еден основ, а користат здравствена заштита преку националните превентивни програми на Министерството за здравство
Досега сите овие лица беа “лечени“ со помош на посебни програми а нивни застапници беа разноразни невладини организации ... во време на избори бидејки е популарно да се споменуваат ранливите групи, Владата се сети на овие лица и им обезбедува “пакет“ на на основна здравствена заштита:
- право на матичен лекар (да подсетам дека сите вакви лица имаат исклучителна потешкотија да најдат матичен лекар ... најнапред лекарите не сакат вакви лица да им се пациенти ... а како ке одредиш матичен лекар за лица кои немаат постојано место на живеење - лица кои го живеат чергарскиот начин на живот ...)...
- се нуди “Диши-НеДиши“ ... бесплатно за сите ... превентивата де ...
Да ја подсетам Владата на некои мои постари постови каде одавна предлагав дека во реформите на здравството мора да се пристапи на издвојување на некои здравствени услуги кои ке бидат бесплатни за сите (превентивата пред се ...) и останати услуги кои се наменети за оние граѓани кои се вработени, пензионери или имаат здравствено осигурување ...
- РЕФОРМИРАНО ЗДРАВСТВО - без пари ... 6 Април, 2007 ... ... во овој пост на едно место ке кажам “... Да се обезбеди општо примарно здравство – превентива, вакцина и некои други категории од здравство кои треба да бидат потполно бесплатни за пациентите. Ако ова не може да го постигне државата, државата треба да си прогласи банкрот ...“
- “Здравје за сите“ ... ама во шатори ... 21 Мај, 2008 ... ... Сите кои го читаат овој блог знаат дека моето залагање за здравството е - потполно бесплатно здравскво во превентивата за сите граѓани на РМ ... бесплатно здравство во оделни државни болници ... а се останато да е приватизирано и со плаќање ... посебна бесплатна здравствена заштита за децата до 18/22 години и старите лица над 60 години ... и да - посебна грижа и нега на породилките и бесплатено породување ...
- Ставање ред во издавање на лекови ... шверц на лекови ...
- ООЗТ - тизација на Клинички ... 18 Април, 2007... Во здравството се трошат на секои 4 години милијарда евра ... тоа е тоа што мами ... многу пари за лошо здравство ... башка безброј донации ... во постот бев против децентрализацијата во државна болница ... клиниките де ...
- МОЌНИЦИТЕ - во бизнисот со лекови во Македонија
Останува само да кажам дека ПР-ите на Премиерот каснат со “крадењето“ на добрите идеи од мојот блог ... значи не се лутам што ми е украдена идејата - тие јас и така бесплатно ги давам ... се лутам што каснат ... ете оваа идеја за бесплатно здравство во превентивата ми е стара безмалку две години ... владата дури сега ја открива како добра ...
Едноставноста на оваа идеја е во тоа што всушност не се вбризгуваат нови пари во здравствениот систем - само работите попрецизно се дефинираат, затоа ја подржувам оваа идеја на Владата за промена на Законот за здравствено осигурување и на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување ... во правец на бесплатна превентива, која всушност ако е ефикасна штеди пари во понатамошното лечење - бидејки е заслужна за раното откривање и дијагностицирање на болестите ...
No comments:
Post a Comment