Ке пропее ли стариот часовник ... проект на Коце Трајановски ...
- Р О К : 2 0 0 9 -2 0 1 0 ... Опис на проектот: Рестартирање на стариот часовник поставен над влезот на старата железничка станица во Скопје. Се работи за маркантен часовник, кој е познат од времето на скопскиот земјотрес од 1963 г., како симбол на сеќавање за катастрофалниот настан. Неговата обнова е клучна, заради неговата локација со поглед на ул. „Македонија“ и на Плоштадот. Препознатлив детал од градот кој секој час би го означувал со песна од македонскиот народен мелос и би се овозможило осветлување на стрелките на часовникот.
Ова е уникатен проект на кандидатот за Градоначелник на Скопје од ВмроДпмне - кој воопшто не наиде на подршка од јавноста особено од стручната јавност ... не беше подржан ни од одговорните од Заводот за заштита на културно историските споменици на Македонија, во чива надлежност е оваа зграда која е сега Музеј на градот Скопје ...
Часовникот навистина застана во 05.17 ч. кобното утрото на 26 Јули 1963 година ... оставен е да сведочи за замјотресот со катастрофални размери кога загинаа над иљада скопјани ...
Дека времето не застанало на 26.Јули сведочи новиот часовник поставен пред Музејот на град Скопје (види ја првата слика) ... тој часовник го мери денешното време ... така се споени времињата во минатото и сегашноста ... Времето никојпат не стои - спомениците се тука да не подсетат на трагичните настани со кои ете Скопје се среќава за минатото ...
No comments:
Post a Comment