Search This Blog

Friday, March 20, 2009

Време за прогнози ... мојата прогноза ...

http://www.aliahmeti.org/dizajni/test2.png

http://www.moeskopjenajcevska.org.mk/pod/.jpg http://www.pdsh.info/templates/pdsh2009/images/logo.png

Пролетта е на прагот но надвор врне снег ... оваа година некако наглава започнува пролетa ... Нашата “политичка пролет“ ке ја видиме од резултатите на овие избори ... кој е губитник а кој добитник ...

Повеќе »

  • Иванов кој стартуваше со над 30 проценти подршка, со лошото лично представување може да очекува подршка околу 23 проценти во првиот круг ...
  • Бошковски кој истотака стартуваше со висока бројка на подршка на изборите ке биде среќен ако ја достигне цифрата од 10 процентна подршка ... Лошото за Вмро Дпмне ке биде ако Бошковски по избориве се одлучи да го цепа ткивото на Вмро Дпмне ... некои предвидуваат такво сценарио ...
  • Фрчковски ке биде среќен ако успее да влезе во вториот круг ... Фрчковски е потрошен политичар и вистинско чудо е неговиот избор за кандидат на СДСМ ... прогнозата ми е дека ке се движи околу бројката од баксуз 13 те проценти ...
  • Селмани иако е звезда и добитник на овие избори тешко ке ја достигне 10 процентната подршка на електоратот ... сепак во Македонија е прерано да мислиме дека можеме да го доживеме обама ефектот ...
  • Кандидатот на ДУИ - Буџаку ке се движи околу цифрата од 8 проценти на подршка ...
  • Тука некаде но малку пониско ке се движи и кандидатот на ЛДП, амбасадорот Ружин, да речеме 6 проценти ... ако беше заеднички кандидат со СДСМ неговиот прцент на подршка ке се доближеше до тој на Иванов ...
  • Мируше Хоѓа иако за мене беше најпријатното изненадување на овие избори нема да помине над 3 проценти од подршка ...
  • Процентот на излезноста во првиот круг може да се движи и до скромни 55 проценти ... ако се земе дека во вториот круг секојпат излезноста е значително помала тоа ке значи дека претседател на овие избори нема да избереме ... што ке биде сигнал партите на власт со пазар за Рамковен Заменик-претседател да го сменат уставот и Претседател/Заменик-претседател да се бира во Собранието ...

Изборот на Градоначелник на Скопје ... и тука бројките ке бидат слични како кај претседателските ... Кај останатите градоначелнички места СДСМ со ЛДП заедно ке бидат среќни ако освојат 30 проценти од местата ...

Генерално гледано ова ке бидат избори со најмала излезност досега - што треба да преставува сигнал/порака и за позицијата и за опозицијата дека народот на таков начин им праќа порака за наредните парламентарни избори ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter