Клик на сликите за поголеми ...
Општо земено иако сме во екот на изборната кампања политичките блогови кои во МК блогосферата доминираат со нови наслови/содржини имаат многу мала/слаба посетеност ... Еве да ги провериме бројките кај трите најдобри политички блога:
- Блогот на Ѓорѓе Иванов ...
- сајтметарот на Ѓорѓе Иванов вели дека има вкупно 6,132 посети, 101 просечно дневно, со просечна должина на посета од 1:36 минути ...
- во последната недела има 704 посети ...
- има вкупно 10,890 клика, 161 просечно дневно ...
- 1,128 посети во последната недела ...
- неколку последни посети - 346, 157, 224,...
- 4 коментари, 14 коментари, 5 коментари, - Блогот на Љубомир Д. Фрчкоски ... За жал тука немаме сајтметар и ке се потпрам на другите бројки ... неколку последни посети 19, 20, 43, 22, 51, 8, 49 ... коментари скоро и да нема ...
- Блогот на Градоначалници на ВмроДпмне, кој од мене беше прогласен за најдобар изборен блог - ја има ваквата посетеност: ...
- сајтметарот на Градоначалници вели дека има вкупно 6,314 посети, 540 просечно дневно, со просечна должина на посета од 5:08 минути ...
- во последната недела има 540 посети ...
- има вкупно 17,557 клика, 1,491 просечно дневно ...
- 3,780 посети во последната недела ...
- неколку последни посети - 27 , 61, 50 ,...
- 2 коментари, 7 коментари, 2 коментари ...
- на овој блог во сајтметарот се додадени сите поединачни блогови на градоначалници ...
Сето ова покажува извонредно слаба посетеност на ваквите изборни блогови - дури и на оние најдобрите, кои јас ги земав во предвид за оваа анализа ... Очигледно е дека интернет публиката која посетува блогови не ги примеи со отворени раце/срце ваквите блогови, туку напротив неколку квалитетни блогери решија да не блогираат во периодов на изборна кампања - како знак на своевиден протест од таканаречената “загаденост на блогосферата“ со изборниве блогови и нивните содржини ...
Блогирањето секојпат е поинтересно кога има лична содржина/пост од авторот ... Сосема друга ке беше сликата на посетеноста ако на пример кандидатите за Претседатели и Градоначалници сами креираа содржини со лични постови, каде сами ке одговараа на коментарите. Во таков случај скоро сум сигурен дека бројките на посетеноста ке беа многукратно поголеми и таквите блогови ке беа најпосетувани. Повторно се покажува дека блогот е јак само кога има лична содржина од авторот на блогот ...
1 comment:
Nedela e batka,odmori malku da mu se snevidi.....i utre ima den....
Post a Comment