Search This Blog

Sunday, March 01, 2009

Трибината протече во дефинирање од што е болен пациентот ... без соодветен третман/предлог како да го излечиме пациентот ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Large-8.jpg?t=1233948265

Последната трибина од “феброарсски поход“ на ГЕМ т.е.Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ вечерава се одржа во во х. „Александар Палас“ ... Очекував дека оние кои се спротивставуваат на ова движење и Манифестот за Европска Македонија, вечерава ке дојдат и ке го спротивстават своето мислење и конечно јавно ке кажат зошто се против Движењето „Граѓани за Европска Македонија“ ...

читај повеќе »

Но, наместо сите вас грлати кои тука по блогосферата, подскриени позади вашите скриени идентитети, кои врескавте деновиве против “соросоидите“ - се појави само еден постар господин кој се престави дека е еден од постарите членови на ВмроДпмне ... им соопшти на сите учесници во трибината (носителите де ...) дека за сите нив е пишана смртна пресуда ...

Кој тоа пишува смртни пресуди против луѓето кои јавно изнесуваат мислење, од кога е смртен грев во Македонија да изнесеш став и мислење ...

Трибината протече во дефинирање од што е болен пациентот ... без соодветен третман/предлог како да го излечиме пациентот ... Уствари ова не е последна трибина на ГЕМ, туку последна пред изборите - ветија дека трибината ке продожи по изборите ... досега собрале 1500 потписи на граѓани кои ја прифатиле трибината ... ке ја корегирам бројката ако погрешно ја разбрав ...

Од власта очекував дека ке ги игнорира овие трибини (како што и ги игнорираше ...), дека ке одговори преку специјални ТВ емисии на своите омилени новинари - каде ке ни се појаснат некои работи дека во Македонија сеуште работат предавници, кои не кодошат кај меѓународниот фактор и ете заради нив не ни оди во ЕУ и НАТО интеграциите ... а по изборите очекувам дека некоја друга група од владино-невладиниот сектор ке искочи на контра трибини и ке ја објаснува издајата и велепредавството ... значи “Патриоти и Предавници“ ке се играме и во текот на изборите - но секако и по изборите ...

Фотографии од трибината во посебен пост ... колку беа присатни на трибината тоа организаторите поточно ке кажат, мене ми се видоа накај 250 ... во салата од оние блогери кои ги познавам беа десетина ... веројатно имало уште бар пет од оние кои не ги познавам ... значи респектибилна бројка на блогери во однос на вкупниот врој на посетители ...

  1. Сјебани генерации 2
  2. Единство без вистина? Не, благодарам!
  3. Кој ја продава Македонија

5 comments:

Anonymous said...

Ocigledno si na ista frekfencija so ovie "sestminava velicestveni" za zal...koi ete poleka ama sigurno zamrznaa vo toj nivni februarski pohod.......do tolku pa i ne zasluzija reklama, posebno onoj Gerovski,novinarot de....kako sto rece MIrka Velinovska vo 2001 "novinarov"nas makedonski,prv ja promovira vo Dnevnik preambulata,(od ova pogolem dokazan predavnik batka zdravje) vo ustavot, koj posle eden mesec se izglasa (bukvalno) na sila vo sobranieto.........ete kakva "vesela druzina" e taa bagra.....zatoa i onoj covekot rekol deka za ovie e "pisana smrtna presuda"........ali nema veze,takvi ke gi ima sekogas...Inaku ne gledam nekoja pozitivna reakcija (eve od blogerive)za besplatnoto zdravstveno osiguruvanje.....valjda slusnavte,abe toa samo da se pluka.....

Anonymous said...

Ацо, бре, се обидувам да постирам коментар на твојот друг блог, но упорно не успевам да „станам човек“ и да ви ја погодам шифрата. Нов сум на блогерајов, али тој штос ви е глуп ко ноќ. Затоа, те молам следниов коментар објави го и на другиот блог:

Слушајте бе, фрикови едни! И оваа трибина во Скопје и таа во Струга беа јавно закажани (за таа во Струга има докази, абдали едни, фактури за платени огласи во две локални телевизии, сосе медиа планови - сето тоа го има нашата полиција, само се прави недоветна).
А тој фраерот што сакал да дели флаери, нека си дели на трибини што самиот ќе си ги организира. Ова беше трибина за граѓани, а не за Хунзи збрлаени. Си дојде нормален чоек од ВМРО-ДПМНЕ, ни кажа дека сме осудени на смрт и јас на крајот специјално му се заблагодарив што се огласи како член на таа партија, без оглед што ни пренесе таква срамна закана. Јеби га, ние сме рицари, а не фрикови, ко вие!
И уште нешто: Роберто Беличанец пред некој ден повикал на кафе еден од анонимусиве што ни се закануваат и нѐ навредуваат по коментариве. Да види што мустра е. И видел - човекот ти бил стар удбаш. Нема да му го спомнам името, само ќе кажам дека своевремено бил задолжен да го прави моето досие во ДБК (како што еднаш јавно сведочеше и Јанко Бачев). Е тој удбаш своевремено дремеше во „Дневник“ ко Алекса срески шпиун од „Сомнително лице“ и сите го жалевме, оти знаевме дека има тешка работа да нѐ шпионира (кој не верува, нудам сведок - Роберт Митевски, актуелен уредник во „Нова Македонија“ и некои други наши колеги од тоа време). Елем, типот во меѓувреме ја изгубил својата удбашка работа, па станал - блогер!
Такви скапаници се овие анонимуси што нѐ платкаат на твојот блог, драг мој Волане. И како што јавно ти реков на трибината (со малку покултурен речник, де), баш ме заболе дали такви битанги ќе ме нарекуваат соросоид и ќе ме навредуваат. Тие само ја даваат вистинската слика за партијата на власт која ги организира и ги поттикнува нивните бладања - тоа е партија на бесрамни насилници, која денеска нема ништо заедничко со демократијата.
А вечерва баш го гледав лидерот на таа партија како се расфрла со милијарди евра, а потоа го гледав (во реприза)Љубчо Георгиевски кај Оливера. И ми падна мака што и јас имам мал удел во устоличувањето на првиот (Груевски), по онаа Брутовска битка со својот ментор (ако некој не верува, ги повикувам за сведоци Груевски и Ганка Самоилова Цветановска). И јас сум, ете, кандидат за 25 стапа по грбот...

Љубч

Photo Volan said...

Геро еве совет до тебе, логирај се на твојот нов блог ... тогаш си автоматски логиран да коментираш без проблем на било кој блог ...

ке почекам да си ја пробаш среќата ... и овој коментар самиот да го ставиш на мојот пост на тој другиот блог ...

туку кажи го трикот како си ја зае*ал машината на твојот блог на блог.ком.мк.

која оција си влкулучил или исклучил во администрацијата на блогот ...

поздрав.

Anonymous said...

Ovoj "novinarot" Gero e zakon,top ne go bie i k.r ne mu cue,si ja tera on svojata politika demek vo imeto na demokratijata....ete duri i vemerovcite gi narekuva Hunzi,uveren valjda deka so toa gi vregja......i koj k.r faktor si ti be pa nekoj tebe ke te spionira, gola vodo edna,dosie si imal,ne vleguvaj vo filmovi,ziva skapanica si ....da ne uptrebuvam drugi "superlativi".... ne vredis ni pet pari.......a nesto da tresnes za komentarot na koleskata tvoja Mirka za tebe,?????? Nemas,pa normalno ke nemas........zatoa sto nemas lice,jasno? Repliciraj javno i pobij ja .......i ne mi glumi nekoj golem demokrat,ne bidi smesen,jasno?

Anonymous said...

Ricari bile tie,ovie de od dvizenjeto za evropska Makedonija.....oooooo klosaru eden,ti si bil ricer....tragikomicno...a replikata kon Mirka bre klosaru,uste ja cekaat citatelite....vo bilo koe spisanie.

Blog Archive

Site Meter