Search This Blog

Monday, March 02, 2009

„ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди на Груевски ... илузионистички предизборни трикови ...

Циле не излажа за една милијарда дека ке донесе пари кои ке го задвижат тркалото на развојот на заспаната МК економија, на база на таа лага доби власт (народот поверува во Циле и неговата милијарда ...)... додуша тој донесе неколку стотина милиони долари кои никој не му ги брои ... Циле и неговата милијарда се позади нас ... сега е на ред Груевски и неговите осум милијарди евра – кои ги ветва во рок од седум години ке ги вбризга во МК економија во форма на „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ ... И Грујо овие седум милијарди евра ги ветува во време на предизборие ... Груевски за разлика од Циле кој ветуваше поклон милијарда – Груевски ветува кредитни линии ... личи на “ТИТО ЊУ ДИЛ“-план од седумдесетите на минатиот век ...

читај повеќе »

Груевски овие седум милијарди долари ги ветува во време на финасиска и економска криза ... кога во светот пари за кредитни аранжмани има се помалку, кога Северна Европа рече НЕ за помошта на сиромашната Источна Европа на најновиот вонреден самит на ЕУ ... несакам ни да спомнувам дека поради спорот со Грција и на Македонија и се откажуваат ветени кредитни линии ... дури и ММФ склучи договор со Јапан за да може да ја задоволи гладната потреба за кредитни аранжмани ...

Груевски како можни кредитни извори ги споменува:

  • Светска банка
  • ЕБРД
  • Кредити од моќни светски приватни банки
  • Концесии
  • ММФ не се спомнува ... мерилото за тоа колку сме кредитноспособни ни падна за еден степен подолу ...

Неможам да ја разберам причината зошто Груевски не го сака ММФ (не ги сакав/м ни јас ...), но сега ситуацијата малку е изменета ... можеби заради тоа што ММФ кога ке ти даде пари ти поставува џандари кои го контролираат не само трошењето на тој кредит, туку трошење на целокупниот буџет ... поставува џандари и во Народна Банка за да ја контролира евентуалната емисија на пари, да ги држи уздите на инфлацијата и особено девалвацијата ... дури и сега кога немаме аранжман со ММФ ни советува да ја качиме струјата и да штедиме ... секаде во Европа поради кризата - цената на струјата паѓа ...

Каде Груевски и неговиот дрим економски тим сакаат да ги потрошат/пласираат овие пари :

  • Избградба на патна ифраструктура ... рбетна и локална ...
  • Инвестиции во електро енергетски објекти
  • Железница
  • Значи големи градежни зафати кои ке вработат многу од моментално невработените ...

Има ли Груевски чаробен магионичарски стап – за да ја исполни оваа илузија ... кои му се адутите ... ако гледаме како играше во овие предходни три години од кога е на власт ке дознаеме дали овие илузионистички предизборни трикови се остварливи или за жал се само предизборна магла – која се фрла во битка за гласот на електоратот ... Тука треба даа се додаде и сознанието дека неколку крупни проекти од електроенергетскиот сектор доживеаа фијаско - како и неколку проекти за концесионирање на некои патни правци ... не се јави ниедна фирма заинтересирана за концесии ...

Груевски вети огромни странски директни инвестиции – во Владата вклучи дури дваица министри за странски инвестиции – кои ги предводи Заменик Премиер ... на сите амбасади и амбасадори им даде задача пред се да носат странски инвеститори ... За жал Груевски и неговите ветени странски инвестиции издишаа како надуен балон ... реално во овие три години нема странски инвестиции или ако сакате попрецизно оние кои дојдоа се премалку ... во договорите со странските инвеститори најдалеку се стигаше до писма на намери ...

Сега Груевски и неговиот дрим економски тим решија да играат на картата на Циле т.е. подобро кажано ТИТО кој во седумдесетите успеа да земе огромни кредитни лини кои во тие десетина години направија илузија дека се` оди како што треба ...

И посакувам на Македонија и на Груевски да му успее овој премногу илузионистички план ... на прашањето на новинарите какви се очекувањето да се оствари она што го ветува Груевски скромно ке одговори “Ние се надеваме дека две третини од планираното ке се оствари ... но ке работиме посветено 24/7 да се оствари комплетниот план“ ... што би значело дека и Груевски баш неверува дека ке му се оствари 100 проценти планот – но ете посветено 24/7 ке работи на неговото остварување ...

Која е суровата реалност ...

  • суровата реалност е дека без членство во НАТО и ЕУ сите инвестициони и кредитни линии се затворени ...
  • без стабилизирање на политичката и безбедносната ситуација во земјата странските инвеститори бегаат од ова подрачје како во него да има “колера“ ...
  • исполнувањето на стандардите за живеење и владеење на правото кои владеат во ЕУ и останатите земји во кои владее парламентарна демократија се истотака услов ...
  • реформа на државната администрација и нејзино прилагодување на можностите на нашата економија ...
  • намалувањето на корупцијата ...
  • давање потполна слобода на третата власт – судската ...
  • слобода на медиумите ...
  • остварување на граѓанските права ...
  • прераспределба на националниот доход преку нова реформа на ДДВ-то ... и да не редам понатака ...

Од остварувањето т.е. постепеното помрднувањето на реперите кај секоја од овие мерки, битно ке значи подобрувањето на сликата како светот кој има слободен капитал ке не перцепира дали сме здрава економија и општествено политички систем – за да се впушти во ризик да ги инвестира своите пари во нашата економија ... Друг реален пат не гледам ... се останато е само изборна магла и егзебиционизам на политичарот во време на избори ...

Може секоја од горните точки да Ви ја развивам во ситници – но за тоа нема потреба, оние кои се економисти ке ме разберат ... оние кои се подржувачи на сегашната Влада се разбира ке ме напаѓаат дека им го зимам последнот нешто - а тоа е НАДЕШТА, ВЕРАТА И ЉУБОВТА кон својата партија и лидерот ...

Би сакал јас да сум во криво а Груевски да е во право ... нема да има посреќен човек од мене по седум години кога Груевски повторно ке излезе пред народот со цела Влада позади и ке каже ... Многумина не верува но ете успеавме планот е остварен со 102,3 посто ...

Можеби повеќе ке му поверував на „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ ако со него излезеше веднаш откога ја доби власта на избори ... тогаш во тоа време и самиот сакав да верувам дека е тоа можно, дури и предлагав слични мерки ... вака Груевски и дава форшпан на опозицијата на предстојните избори да поентира дека во политиката на голема врата влегол уште еден “позер“ ... и човек кој во текот на изборна кампања фрла илузионистичка изборна магла во форма на „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“-план ...

Како беше онаа стара поговорка ... можеш да ме излажеш лесно еднаш ... вторпат ако ме излажеш заначи дека сум невнимателен ... но ако успееш на иста фината да ме фатиш третпат – значи дека сум глуп ... Јас лично не верувам дека народот е глуп ... Сите оние кои со вакви ветувања ја тестираат “глупоста на народот“ – се лажат само самите себе ...

На минатите избори народот не и поверува на Рада дека за шест месеци ке го реши нашиот најголем надворешно-политички проблем ... сега на овие избори ке видиме дали народот ке поверува на „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“-план ...

  • ЊУ-ДИЛ во Македонија ... Галасам за МК ЊУ-ДИЛ ... 26 Јануари, 2008
  • Може ли во Македонија да се направи ЊУ-ДИЛ ??
    И треба ли на Македонија ЊУ-ДИЛ ??
    Дали е МК економија во криза и рецесија ??
    Дали МК има задоволителна стапка на вработеност ??
    Дали во МК имаме висока стапка на сиромаштија ??
    И требаат ли на МК инестиции во поголем обем ??
  • Светската економија во последниов период е во страшна рецесија што се одразува преку драстичниот пад на берзите ... и најсилната светска економија на САД е во рецесија ... Администрацијата на САД е загрижена и реши да започне таканаречен нов ЊУ-ДИЛ преку пумпање во еконоијата на некави 150 милијарди долари ... усвојување долгорочен стимулативен план за изградба на патишта, јавни објекти, училишта и домови. Стигнаа и предлози за формирање федерална служба која би требало да им помага на граѓаните да ги финансираат кредитите за нивните домови.
  • Ако ова и треба на најсилната светска економија незнам зошто не би ни требало и на нас - земја која никако да искочи од спиралата на падот на сите економски параметри ... особено падот на вработувањето и зголемувањето на степенот на сиромаштијата ... преку истотака изградба на наши патишта, школи, мостови, пруги и се што подразбира МК ЊУ-ДИЛ ... Ке речете па не сме сега на праг на избори како во САД па да ги залажуваме избирачите ...
  • Но едноставно МК нема друга шанса ... Зошто ова не се прави и во МК ?? ... нека одговори власта и подзаспаните Политички партии на Позицијата и Опозициата - на кои како да им е важно - само да ја практикуват власта и да чекаат нови избори каде позицијата ке биде казнета па тие пак да си седнат во фотењите ... по принципот на Мурто и Курто ...
  • Галасам за МК ЊУ-ДИЛ - како единсрвен излез ...

2 comments:

Anonymous said...

До ВОЛАН,

Редно е да се ИЗВИНИТЕ и да информирате не само преку еден пост, туку повеќе пати дека ‘блогот на Героски geroski.blog.com.mk ‘ е класична кражба на неговиот идентитет.
Прочитајте ја изјавата на героски: http://geroski.mk/nekoj-kreten-krade-od-mojot-blog/
Доколку тоа не го сторите, значи и вие лично сте учесник во оваа гнасна манипулација со читателите на блогерајот.

Anonymous said...

Covekov sto i da kaze,kakov i da e predlogot ili idejata,kolku i da e pozitivna i so dobra namera......abe na noz se docekuva i kraj....pa odma sporedba so onoj drugiot egeec,koj raka na srce e gola voda - vo sekoj pogled,kako i ovoj e istiot kako nego i kako e iluzija negoviot plan.....iluzija e vsusnost nesto nestvarno,lazno,taka da odma ... a Petko uste ne e roden a ovie deckive ime mu stavija i go narekoa -iluzija- pa dajte bre lugje oladete malku,preteruvate navistina,odma vo film se vleguva,pa sporedba so TITO....kakov biser.........

Blog Archive

Site Meter