Search This Blog

Sunday, March 29, 2009

Кој и зошто ги тепаше студентите ... “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ... Неомакедонски фашизам ...

Вчера студентите од Архитектонски факултет беа тепани, групата беше составена претежно од девојки, наоружани со своето архитектонско знаење, транспаренти и својата воља ... тие убедени дека се силува архитектурата на нашиот главен град го дигнаа гласот на својата струка против градба за која сметаат дека не исполнува минимум технички предиспозиции да биде на тоа место ...

Повеќе »

Кој ги тепаше студентите ... кој ги поведе монасите во крстоносен протест против триесетината студенти ... Гледам дека црквата се огради од насилствата кои се случуваа надвор од нејзините редови ... Гледам дека премиерот се огради од учествота на неговата партија ... рече дека индивидуално можно е да учествувале и активисти на ВмроДпмне ... полицијата испитува ... сега засега ги испитува тепаните ...

Зошто полицијата интервенираше со само десетина полицајци во услови кога се знаеше дека тоа ке биде “вруќ“ судар на две длабоко спротивставени страни ... Правото на мирен протест беше нападнато од толпа на насилници кои ги препознаваме од спортските натпревари ... истите оние кои ги гледаме кога траба да навиваат за Вардар, Победа, Пелистер, или некој од клубовите од Тетово, Куманово ... за Македонија ... враќаше ли некој за платените автобуси и смештај/сендвич/кока кола, кога гостува Македонија надвор од границите ...

По начинот на скандирањето и подскокнувањето ке погрешам душа и ке шпекулирам дека тоа беа истите навивачки групи - кои некој ги организира на спортските натпревари ... тие беа најбруталните ... сетите се на случувањата во Данска, каде ли беше кога се испотепаа меѓу себе - па беа притворени ... сетите се на случувањата во Хрватска кога исто се испотепаа меѓу себе и ги испокршија автобусите ... стите се на автобусот на Вардар кој го демолираа ... сетите се на стадионите кои нон стоп ги демолираат овие современи хулигани - кои ги контролира секојпат партијата која на власт преку полициските структури ...

Порано тоа го правеше СДСМ, сега наголемо го прави ВмроДпмне ... Каква храброст да рипнеш на голорака девојка која поради својата струка решила да изрази мирен протест ... Десетина хулигани ја направија најголемата срамота во МК демократија од поновата историја ... Ова ке го запаметиме како голема лузна која тешко дека ке ја залечиме ... власта го “организира“ народот против својот народ ... некои медиумски личности кои учествуваа во организацијата на контрапротестот сега перат раце и гледаат сеир ... но го полнат своето конто од реклами од владините агенции за пропаганда ...

Власта која позади себе има едвај 30 процентна подршка од електоратот реши да упати порака - ке бидете тепани ако зборувате и мислите ... На невладините организации кои зборуват против власта, организира владино невладини организации кои зборуваат против напаѓачите ... Вчера си дозволи да направи контрапротест на денот кога 30 студенти решија да организираат мирен протест ...

Македонија дефинитивно се подели на 30 проценти, од една страна ВмроДпмне - која тврдо опстојува на своите политики на поделба и сеење омраза меѓу народот, на 30 проценти од албански електорат кој си брка “своја работа“, секојпат шурувајки со власта ... и на останатиот демократски свет кој во моментите гледа сеир, не сваќајки дека ако денеска се напаѓаат “евреите“, но утре власта ке дојде по нив ... така дефинитивно можам да кажам дека се роди Неомакедонскиот фашизам кој званично никој не го подржава, но кој е се` поглесен и помоќен ... подпомаган од структури на полицијата, јавната, која не ги апси и тајната која ги организира ...

На здравје Македонијо ... на останатите 40 проценти од Македонија им останува местото да си го побараат во надворешниот демократски свет - бидејки во Македонија немаат иднина ни економска ни демократска ... мора да остане место каде во иднина ке се изгради “Музеј на жртвите од транзицијата и транзиционите профитери“ ...

7 comments:

Anonymous said...

Povtorno se postavuva prasanjeto - zosto ovie tvoi studentki ne reagiraa na kineskiot zid,lumix- triagolnikot na Miroslav Grcev koj e vo srceto na gradot,zloupotrebata na kejot lani.......i tako dalje i tako dalje druze,badijala prazni muabeti.Koga ke odgovorite na ovie prasanja togas imate pravo na poplaki.....jasno?

Anonymous said...

Vo sekoj slucaj go pocituvam tvoeto dopustanje na komentari bez cenzura,sepak za toa ste vie tuka blogerite da ve citame i da ve komentirame .....sekako vo nekoi granici na komentiranje,treba da se ima doblest.Inaku bez nas "komentatorite" pa i anonimni,blogot ke bide gola voda....

Anonymous said...

Moram da priznam deka Janko e zakon za vas,posle ova sto go ima na negoviot post,onoj majmunot gerovski....da te cujam sto ke napises sega seljacino edna smrdliva ,mandrilu eden.....eden kolaz od izjavite na sdsm-ovcite,decki zivi majka dali e potreben nekakov komentar na seto ova...posebno na onoj fraerot frckovski(galicanecot de).....ziva mizerija,covek da se zaprasa - vo sto e sustinata na negovoto postoenje - mamu li ti tvoju predavnicku,pa tebe treba na zid za strelanje......veruvam deka ima decki i od sdsm na koi im se zgadilo ova.Vo taa grupa te vklucuvam i tebe batka,volan.

Бранко Героски said...

Протест и акција, сега! Кој мисли дека ќе куртули, дека нема да му дојде редот за тепање и понижување, горко се лаже. Кој мисли дека треба да се бунтуваме после, а не сега (после избори?), е наивен - а зошто не почекаа да тепаат после избори, туку мораа сега?!
Свестете се, луѓе, работата е многу, многу сериозна!Ова нема да запре. Затоа, сега не е време за мудрување, туку за јавна демонстрација на нашата непомирливост со ова насилство кое се заканува од оваа земја да направи фашистичка зандана.

Anonymous said...

Pak laes kako pes,zarem posle ona jadenje gomna na grckata televizija imas uste obraz,ustvari ti si gjon batka,edna obicna smrdliva krpa koja ke posluzi za brisenje i se frla vo kanta.....toa si ti degenu eden....uffff kako biti ja puknal toa poganata mucka...

Anonymous said...

Makedonija poleka, no sigurno vleguva vo godina (da se nadevame deka nema da bidat godini) na opasno ziveenje. Geroski e vo pravo. Nesto mora da se prezeme.

Бранко Героски said...

НА АНОНИМНИОТ ГОМНАР ШТО МИ СЕ ЗАКАНУВА. Оди мочај таму, будало една!

Blog Archive

Site Meter