Search This Blog

Thursday, March 05, 2009

Измешана, изместена и извртена кампања ...

Водејки ја председателската кампања која е во жижата на медиумскиот и општиот интерес на јавноста имам осеќај дека всушност се води битка за секое советничко место по општините ... Битката по минтинзите е битка да се добие глас за партијата а не за кандидатот за Градоначелник како личност и особено за кандидатите на советот, кои се истотака личности ...

читај повеќе »

Можеби само уште битката за Градоначалничкото место во Градот Скопје ке наликува на некаква самостојна битка ... тука кандидатите за Градоначелник на Скопје сепак ке можат да дадат личен печат ... Извртеноста на избориве оди до таа мерка што наместо кандидатите сами да се представуваат - нив на митинзите некој друг ги представува, особено во лицето на претседателите и видните членови на партиите ... и потоа нормално е да велат избраните кандидати - ние одговараме само пред судот на партијата ... Партијата потоа ке испоставува фактура за контра услуга кон избраните кандидати ... така се прави успешна партијска држава и администрација ...

Кој ни го тоа направи - во овие избори да имаме едновремено претседателски и локални избори ... навистина за државата е поефтино едновремен да организира избори , но во изборниот процес се помешаа, се изместија и се извртеја работите ...

  1. Сепак дебатираа ... 4 Март, 2009
  2. Изборите и интернет преставувањето на кандидатите ... 3 Март, 2009
  3. „ГРУЈО-ЊУ ДИЛ“ - Осумте милијарди на Груевски ... илузионистички предизборни трикови ... 2 Март, 2009
  4. Патриоти и предавници ... 28 Февруари, 2009
  5. Буџетот и изборите ... 28 Февруари, 2009
  6. Останати линкови поврзани со изборите ...

2 comments:

Anonymous said...

Malku e turlitava celava rabota ali batka niedna vladeacka partija ne bi sakala pretsedatel kako ovoj nasiov,koj ke im kontrira (posebno vo nasiot slucaj).....toa e obicaj sekade vo svetot....taka da bez mnogu konstrukcii........

Anonymous said...

Inaku site kandidati,ama bas site kandidati,do eden se t a p a.

Blog Archive

Site Meter