Откако Геро на еден пост кај Оксиморон (Евро Македонизам) - имаше проблем да пушти коментар ... го советував да си отвори блог и тука на blog.com.mk ... Тој тогаш рече дека него му е доволен и тој блог што го има ... но ете се премислил и решил и тука да си отвори блог ...
Геро добродојде во џунглава на blog.com.mk ... на крај и самиот ке се откажеш од премногу бришење, бидејки коментарот секојпат повеќе зборува за тој што го пратил коментарот ... Гледам веќе дека ти е приреден “одбор за дочек“ ... не верувам дека те нервираат луѓево - знам дека ке издржиш ...
Би сакал уште неколку новинари како тебе да отворат свои блогови ... сношти на трибината - имаше неколку новинари кои на трибината дадоа конструктивни предлози ... би било убаво и тие да го следат твојот пример и да си отворат блогови ...
Имено на крај на трибината ми пријде една новинарка - која се изјасни дека ме чита ... но ми се пожали дека неможе да коментира ... неможе да ја прескочи машината која и вели дека не е човек ... ја посоветував да си отвори блог - само ради можноста лесно да коментира ... рече дека ке ме послуша ... дури мислам дека по одредено време нема да одолее да пишува и постови ...
Во светот најдобрите и најпосетуваните блогови се блоговите на добрите новинари и политичари ... стави сајтметар тука, те уверувам дека ке бидеш за кратко блогер со највисока посетеност и читаност ...
Пишувањето е занање/занает кој вие новинарите го имате научено и секако не Ви е тешко за неколку минути да пишете пост, да искажете став и со тоа да делувате на општото мислење за одредени прашања ... тука всушност делувате како граѓани ... тука дефинитивно немате уредници/газди кои ке ви кажуваат што можете а што не можете да пишувате ... тука ја одсликувате вашата душа ...
Поздрав и скрши тастатура
- Трибина „Граѓани за Европска Македонија“ - 28 Февруари, 2009 „Александар Палас“ ... фото приказна ... 1 Март, 2009
- Трибината протече во дефинирање од што е болен пациентот ... без соодветен третман/предлог како да го излечиме пациентот ... 28 Февруари, 2009
- Научи да пишуваш - Бранко Героски ... 24 Февруари, 2009
- “Македоноидите“ и “Соросоидите“ - конечно дијалог во Кичево ... МОНОЛОЗИТЕ беа доминатни послед.неколку демократски години ... 22 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ... 19 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во Штип ... ШТО МЕНЕ МИ СМЕТА ВО ТРАНЗИЦИОНА МАКЕДОНИЈА ... 14 Февруари, 2009
- “Соросоидите“ во акција ... Концепт на етнички соживот и градење на права на граѓанинот е единствен.излез од полит.криза на МК ... 11 Февруари, 2009
- “Фабрика 3“ ... „Манифестот за европска Македонија“ ... „Граѓани за европска Македонија“ ... 6 Февруари, 2009
- Героски си отвори блог ... Слобода или ништо - ако ти е добро, тогаш ништо … 2 Февруари, 2009
- Дали новинарите можат да имаат став - политички став ??! ... Геровски е зрел да стане и блогер ... 11 Септември, 2008
4 comments:
Ама тука сме ние ќитателите за да ви кажеме кога претерувате :).
Ovoj Geroski decki i deset bloga da otvori ne e vreden da se cita(procitan e oddamna)......promasen covek....
До ВОЛАН,
Редно е да се ИЗВИНИТЕ и да информирате не само преку еден пост, туку повеќе пати дека ‘блогот на Героски‘ е класична кражба на неговиот идентитет.
http://geroski.mk/nekoj-kreten-krade-od-mojot-blog/
Доколку тоа не го сторите, значи и вие лично сте учесник во оваа гнасна манипулација со читателите на блогерајот.
Волан, дај не лупај, та молам. Од авион се гледа дека некој кретен го краде мојот блог и отвора блог под моето име за да ме денуцира. Немам никаква врска со овој блог ниту со blog.com.mk. Те молам, биди коректен и веднаш направи нов пост, со корекција. Вака се придружуваш кон кретените кои ја смислиле оваа манипулација. Поздрав, Бранко Героски
Post a Comment