По првиот круг на избори - овие неколку дена е време на математики кој загубил а кој добил ... Ако судиме по изјавите на лидерите на политичките партии ке проследиме дека сите добиле, што секако не е можно ...
- ВмроДпкне иако изгуби скоро 150.000 гласа во однос на парламентарните избори, но прогласи победа, во претседателските избори - бидејки убедливо водат (секако не со три спрема еден ...) ... на претседателските избори а и на локалните ... На локалните прогласија поголема победа од минатите локални избори ...
- СДСМ прогласи дека се будат и полека ја враќаат довербата кај гласачкото тело ... Го освојија едвај второто место на претседатеслските избори ... добија во неколку општини иако изгубија во некои кои беа традиционално нивни ... Тврдат дека од 200.000 на последните парламентарни сега со коалиционите партнери се ЛДП и НСДП се доближиле на 300.000 подршка ...
- ДУИ загуби голем дел од гласачкото тело ... но доби неколку помали општини ...
- ДПА е во тотален колапс ... осем можеби во Тетово ... Радикалните албански партии полека ја губат довербата, која оди кај умерените и свежи Селмани и Руфи Османи ...
- Селмани со подршка од 147.000 гласа стана фактор во албанскиот блок - но на локалните избори не доби скоро ништо ...
- Бошковски е истотака човек кој со 146.000 освоени гласови ... се прогласува дека е третата опција во Македонија ... се додека не прогласи нова партија или се приклони во некоја надвор од ВмроДпмне неговата победа не значи ништо ... Многу брзо тој ке мора да донесе судбоносна одлука за него и неговите приврзаници ...
- Во Гостивар повторно изненади Руфи Османи ... и тој најавува своја партија ...
- ЛДП и НСДП со самостојниот настап не добија ништо ... добија само послаби стартни позиции во преговорите за идни коалиции со двете поголеми партии ...
- ЛП и партијата на Лазе Еленовски - СДУ ... полека одат уште една скала подолу ...
- Дефинитивно се покажа дека ваков изборен модел како што го има Македонија ги форситра само двете поголеми партии во МК политички блок и уште две во албанскиот кампус ... сите други неможат ни да припарат до изборниот колач ... со што се потврди пишувањето од мојот пост : Демократско “чистилиште“ за малите партии ...
No comments:
Post a Comment