Search This Blog

Saturday, March 07, 2009

Преговорите за името се блокирани или продолжуваат ... изјава на Зоран Петров МНР ...

http://www.telma.com.mk/vesti/%d0%97%d0%9e%d0%a0%d0%90%d0%9d%20%d0%9f%d0%95%d0%a2%d0%a0%d0%9e%d0%92%20%d0%9c%d0%98%d0%9a%d0%a0%d0%9e%d0%a4%d0%9e%d0%9d%d0%98.jpg

Одкако Претседателот Црвенковски се повлече од преговорите за името и откако го разреши својот преговарач - преговорите за името се на најниското ниво во последните неколку години ... Груевски чекаше неколку месеци да предложи нов преговарач ... Се одржа само една средба на прегварачите ...

читај повеќе »

Во меѓувремене се закажаа изборите во Македонија ... но и во Грција (за европскиот парламент ...)... се шпекулира и со предвремени парламентарни ... Груевски во меѓувреме излезе со тезата дека иако преговорите не се затворени официјално, преговорите се дефакто блокирани поради немање воља на грчката страна да прифати било каков компромис, дека грците цврсто стојат не само на промена на уставното име, дека се за промена на името насекаде - дури и во Македонија (што значи промена на Уставот и пасошот ...), дека се за промена и на идентитетот (преку менувањето на името на нацијата и јазикот на нацијата Македонец, Македонски ...)...

Било кој МК политичар во такви усови неможе натаму да преговара ... МК во меѓувреме покрена тужба кај Меѓународниот суд во Хаг против Грција за непочитување на рамковниот договор - но упорно гради негативни потези, со кои МК истотака може да се обвини дека не го почитува рамковниот договор ... најнегативното од сето ова е што Грција ги убеди своите пријатели во ЕУ и процесот на приближување во ЕУ да биде блокиран додека не се реши спорот со името ... останаа реални шансите само во укинувањето на визите ...

Во низата од обидите да се умртви процесот на преговорите се слушаат предлози од званичници на владеачката партија и нивните ментори дека Нимиц поради тоа што излегува од рамките на преговорите - треба да биде сменет ... дека МК дефинитивно треба да искочи од преговорите ... Последен во низата на “испади“ е изјавата на Зоран Петров (висок функционер во МНР) ... “... дека се блокирани преговорите околу името со Грција, дека медијаторот Метју Нимиц ги исцрпел своите капацитети и дека преговарачкиот процес треба да се реформира и ревидира ...“

МНР се огради од изјавите на Зоран Петров и рече дека се тоа негови лични ставови, а не ставови на МНР, дека преговорите продолжуваат ... Колку знам поради оваква изјава Зоран Петров не сноси последици по неговата работа - што представува знак дека Петров сето ова го кажал со дозвола на своите предпоставени во стилот на “Ти зборам керко, сети се снао ...“...

Многу е веројатно Македонија по овие избори и званично да искочи од процесот на преговарање и да се обиде спорот да го реши во Обединетите нации ... голем дел и од стручната јавност е за таква варијанта ... само се двоимат дали да ја чекаат одлуката на судот во Хаг која се очекува дури по неколку години или тоа да се стори оваа есен да речеме ...

  1. Можен ли е компромис за името во спорот со Грција ... Изјава на Груевски во Охрид ... 21 Февруари, 2009
  2. Кантонизација и федерализација на Македонија ... КАДЕ ОДИШ МАКЕДОНИЈО - втор дел ... 20 Февруари, 2009
  3. “Соросоидите“ - нападнати во Струга ... трибината не е одржана - насилно е прекината ... 19 Февруари, 2009
  4. Обама праќа конгресмени во Грција ... во Македонија не ги гледам ... Која е пораката на администрацијата на Обама ... 18 Февруари, 2009
  5. Александар Македонски јаде прав во Атина ... Кој ако не блогер ... 17 Февруари, 2009
  6. Останати мои написи во врска со - Досие за спорот со името ... околу националниот идентитет ... околу интеграцијата во ЕУ и НАТО ...

1 comment:

Anonymous said...

Odamna e jasno deka grcive da sakaa da dojdat do nekoj kompromis (kolku odvratno zvuci,neli?zatoa sto samo nie popustame i popustame i tako dalje...) ke go storea...no se gleda nivnata cel,samo ovie od sdsm ne ja "gledaat"....a toa sto go rekol Petrov....ne izvadil nisto od svoj dzeb sve e toa poznato....odnosno indirektno se ukazuva od strana na nasata pregovaracka grupa deka Nimic e ispukana puska,so grcistava nema resenie i ostanuvaat ON....a ona tvoeno deka Makedonija uporno gradi negativni potezi.....e toa malku morgen batka...pa covece nie sme staveni na nakovalna....servilnosta nasa (odnosno vasa) samo ne turka podole i podole.........a da ni objasnese nekoj sto ke dobie Makedonija so NATO i EU........investicii i novi rabotni mesta sigurno nema.....zatoa sto i sega nikoj ne im brani....znaci???????????? Sto ke dobieme decki?Ke dobieme nekoi grant-krediti i tolku.....koi ako sakaat i sega mozat da gi dodelat na drug nacin ...... neli....ama kurvinite sinovi ucenuvaat.Neznam,mozebi gresam no sepak mislam deka sum vo pravo....

Blog Archive

Site Meter