Search This Blog

Tuesday, March 17, 2009

Кампања од врата до врата ... ВмроДпмне Ново Лисиче ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Aerodrom2Large.jpg?t=1237292575 http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/Aerodrom1Large.jpg?t=1237292681
клик на сликите за поголеми ...
Сите ветуваа кампања “од врата до врата“, но досега на мојата врата каде што живеам зазвони само ВмроДпмне ... Добра вечер велат они (троица костимосани млади момци, во друштво на убава и шармантна девоја ...) - Добара вечер велам јас ...
Ние сме од ВмроДпмне се представи едно од трите момчиња - јас сум од советничката листа за нашата општина, во друштво на нашата пратеничка ХРИСТИНА РУНЧЕВА ... би сакале ако може да ви се обратиме и да Ве убедиме дека нашата програма за нашата општина е најсоодветна ...
http://www.sobranie.mk/WBStorage/Articles/B98949633D26904EB8C1490AE0C37D02.jpg
Бидејки едното од момчињата е од соседната зграда, ме препозна (имено со неговите родители сме пријатели ... со помалиот брат учеше мојот син ...)... ме запраша: “Ама да не тропаме на погрешна врата Вие не сте наш симпатизер ... Ве познавам Вие сте блогерот “волан“ - и многу ни ја критикувате партијата и власта ...
Бидејки момакот кој сега веројатно има 24 години или тука некаде го познавам уште кога мајкаму го шеташе во количка ... му велам јас колку знам за себе не сум партијски определен ... гласам за оние кои највеќе во тој момент ми се допаѓаат ... а на блогот секојпат ја критикувам власта ... така беше и пред три години - кога ја критикував старата власт ... така е сега, а така ке биде во иднина ... на мета секојпат ке ми бидат лошите потези на актуелната власт ...
Малку ја искритикував и младата многу лична/стројна пратеничка - дека не го користи доволно времето ... да биде поактивна во парламентот и надвор од него ... но ја пофалив дека ете нашла време да шета од врата до врата во средби со граѓаните ...
Ми дадоа флаери и пенкалциња и заминаа на соседната врата ... Овој пост им го ветив ... Сите ветуваа кампања “од врата на врата“ - но само ВмроДпмне ја исполни ... можеби е така само во мојата општина ... или јас не сум бил дома кога другите поминувале ... Да, пред вратата наоѓав флаери но никој жив не смогна храброст да зазвони и да рече: комшија знаете ние сме тие кои утре треба да Ви ги решаваме Вашите проблеми ...
  1. ВмроДпмне предлага голобради момчиња за Градоначалници ... 13 Март, 2009
  2. Зошто политичарот лаже на избори ... Зошто народот верува на лагите ... До кога ке им верива на оние кои веќе излажале ... 18 Февруари, 2009
  3. Останати написи за локалните избори ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter