Собранието на РМ е во сесија. Се бира најпрво комисија за избор
и именување, за пота да се помине на избор на Председател на Собранието.
На сите ни беше јавно соопштено дека досегашната власт
предводена од ВМРО-ДПМНЕ ке се труди да ги искористи сите политички средства и
итрини да поминеме што повеќе време во оваа сегашна лимбо ситуација. Во сегашниот политички момент ВМРО-ДПМНЕ и
коалицијата користејки ја моменталната ситуација да со седницата на Собранието на
РМ раководи нивен кадар прават по мене опструкција и во меѓусебната спотер
дискусија разговараат дискутираат меѓу себе за она што ги боли но најмалку за
она што е на дневен ред на седницата. Со ова се надеваат дека само на оваа
точка ке потрошат десетина дена од нашите животи. Тоа ке го прават на ваков
начин за оваа седница уште за некои други ситуации – за да оваа точка од дневен
ред се симне за едно месец дена. На сите треба да ни биде јасно дека ова сите
мора да го поминеме. Кочењето на демократијата или сеедно практикувањето на
демократијата ке ја гледаме во иднина за многу од точките кои ке дојдат на
дневен ред. Но има едно правило од животот дека - кога ке упаднеш во кал колку
повеќе мрдаш толку всушност побргу пропаѓаш и се давиш во калта. Не дека со ова
ВМРО-ДПМНЕ ке успее да ја наметне својата политика и своите кадри да ги задржи
на раководните места низ се и сешто во државата. Еден ден сите ке пропаднат во
калта како што се руши кулата од карти. Дали калта и дупката ке бидат толку
големи што во неа ке не повлечат сите нас е прашање кое заслужува одговор.
No comments:
Post a Comment