Некои сметаат дека и овој закон е од оние непотребните, кои на ура деновиве се донесоа во Собранието ... по итна постапка и без дискусија ...
Крајна цел на албанците е албанскиот јазик да биде втор службен јазик во Македонија или како они милуваат да кажат само “Службен јазик ...“... голема е историјата на натегањата за правото на употреба на албанскиот јазик во МК ... се сеќава веќе некој на протестите организирани од Филип Петровски ... и цврстите ветувања дека албанскиот неможе да стане официјален јазик во унитарна Македонија ...штрајк со глад во шаторите пред Собранието ...
Унитарна, или неунитарна, правата на употребата на албанскиот јазик во Македонија секоја година се зголемуваат - при секое оделно пазарења на владата, меѓу македонскиот и албанскиот парнер во владата на РМ ... секое од ваквите попуштања - води кон крајната цел на албанците во МК ... албанскиот да стане “официјален јазик“ што всушност ке значи и федерализирање на Македонија ...
Кои се најновите одстапки:
- Со законот е зголемена употребата на албанскиот јазик во Собранието ...
- на албански ќе може да се претседава со собраниските комисии ...
- пратениците-Албанци ќе може да ги добиваат собраниските материјали на албански јазик ...
- Албанците во комуникацијата со државната власт ќе може да го употребуваат мајчиниот јазик на целата територија на земјава ...
- Постапките пред народниот правобранител ќе може да се водат и на албански јазик,
- двојазична ќе биде и матичната евиденција, односно уписот во книгите на родените и умрените во општините во кои има над 20 отсто Албанци. ...
- апсењата ќе треба да се одвиваат во двојки, односно рамковно, бидејќи полицаецот мора веднаш на албански јазик да го извести лицето зошто го приведува, задржува или го апси. ...
ВМРО-ДПМНЕ велат дека во Законот не поминале:
- барањата на ДУИ албанскиот да биде втор службен јазик на целата територија ...
- командите во АРМ и во полиција да бидат на албански ...
- Отфрлени се и барањата собраниските седници да се водат на албански јазик ...
- и неговото користење од судиите и обвинителите.
- Албанскиот не добил виза за употреба ниту во Владата. ...
No comments:
Post a Comment