Во групата на закони кои се изгласани без опозицијата, под итна постапка, без расправа во надлежните собраниски комисии кои не се формирани - изгласан е и ЗКП т.е. измени во ЗКП со кој се предвидуваат проширување на делата за кои може да се водат специјални мерки и методи (измените се објавени во „Службен весник“ број 83 од 10 јули, а 8 дена подоцна стапија во сила):
- членот 142-б став 1од ЗКП - сега гласи ... „судот може да нареди преземање на посебните истражни мерки кога постојат основи на сомневање дека се подготвува, во тек е извршување или е сторено кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку четири години, како и за кривично дело подготвувано или сторено од организирана група, банда или друго злосторничко здружение“
- Специјалните истражни мерки може да се применат и тогаш кога не можат да се обезбедат докази кои се неопходни за успешно водење на кривичната постапка или, пак, постојат тешкотии во нивното обезбедување.
Во измените таксативно се набројуваат кривичните дела за кои може да се примени:
- прислушувањето телефони,
- снимање,
- отворање пошта...
Полицијата ќе може да ги применува специјалните истражни мерки во случаите со
- недозволена трговија на дрога,
- за изнуда,
- за уцена,
- перење пари,
- шверцување,
- но и за царинска измама,
- злоупотреба на службената должност и овластување,
- проневера,
- измама,
- послужување во службата,
- примање поткуп,
- противзаконско посредување,
- незаконито влијание врз сведоци,
- злосторничко здружување,
- терористички организации,
- тероризам...
- Потоа, во подолгата листа влегуваат и сите дела против државата, против човечноста и меѓународното право,
- како и кривичните дела сторени преку средствата за електронска комуникација (измами преку Интернет)...
Оправдување за ваквиите измени во ЗКП се гледа во зголемувањето на ефикасноста во борба против криминалот и корупцијата ... со ваквите измени драстично се навлегува во правата на приватност и намалување на човековите права и слободи ... за да се спроведе во дело сето ова, истио така експресно - беше донесен ребалансот на буџетот во кој се одобрија 25 милиони евра за модернизирање на Управата за безбедност и контраразузнавање на Сашо Мијалков ...
Големиот брат стаса и во Македонија ... мислам на домашниот голем брат оној странскиот одавна е присутен ... не дека до сега големиот домашен брат не беше присатен ... но сега негоото присаство е легализирано и зајакнато со буџетски пари ...- „Орвеловска Македонија“ ...
- Nineteen Eighty-Four ...
- Big Brother ...
- "1984 " на српски, благодарение на Надежна ...
No comments:
Post a Comment