Измени.
Во нашиот Устав, во член 13 пишува ... “ Лицето обвинето за казниво дело ќе се смета за невино се додека неговата вина не биде утврдена со правосилна судска одлука. Овој уставен принцип наголемо се крши, за што сведочат многу соопштенија на МК Хелшинскиот комитет ... Повеќе интелектуалци секојдневно преку своите колумни - се обраќаат на јавноста дека владата треба да престане да го крши уставот - не почитувајки го принципот на презумпција на невиност ... Владата (неказнувајки ги прекршителите на јавниот линч ...) со “јавниот линч на неосудени лица“ како да спроведува друга политика ... политика на предвремено осудување на неосудени лица каде преку полицијата и јавноста - медиумите се осудува дефакто неосудено лице ... така се врши и јавен притисок на судството, кое бирано преку механизмите на парламентарната демократија каде партиите се богови/центри на моќта ... дефакто ги бираат судиите, доаѓаме дека сите одговараат пред “партијскиот суд на владеачката партија“ ... Дури и меѓуанродната често ни замера за ова непочитување - меѓу нив особено е актуелен Фуере кој деновиве нонстотп вергла дека владата т.е. органите на власта, мора да го почитува уставниот принцип на презумција на невиност .. Јас како неправник, или како човек кој не го познава доволно стручно правниот систем - гледам дека непочитувањето на уставнот во делот на непочитувањето на уставниот принцип за Презумпција на невиност од членот 13 од уставот ... ја води Македонија во оштра конфронтација на двете големи политички партии .. кои како да се натпреваруваат која ке направи поголема глупост - кршејки го Уставот и праввата на граѓаните дадени со највисокиот акт ... вршејки притисок на судството ... Јавно се прашувам и барам Собранието да донесе закон за драконско канзнување за непочитувачите на уставниот принцип на Презумпција на невиност ... можеби треба да се смени некој член во некој од законите каде се уредува постапката пред судовите ... тоа некој правник нека го дефинира ... ако има драконска казна за преминување преку трева (ја подржувам инаку ...) ... зошто да нема драконски казни за непочитувачите на презумпцијата на невиност и оние кои вршат притисок на судовите за да донесат ваква или онаква одлука ... зошто државата да плаќа т.е. ние граѓаните да плаќаме туѓи грешки и непромислености ... луѓето си тужат и си добиваат големи одштети ... Значи драконска казна за сите медиумски куќи и новинари кои учествуваат во јавно линчување на неосудени лица ... како и за помагачите/организаторите на вакви дела кои се наоѓаат во полицијата и другите државни органи - од каде истекуваат информации за јавниот линч ... скоро секое обраќање на портпаролот на МК полиција, подлежи под начелото на кршење на уставот во делот на Презумпцијата на невиност (член 13 од уставот ...) Инспирација за овој пост ми беше еден напис кој го добив од пријател ... инаку самиот може да напише многу поиздржан и постручен текст ...
- Претпоставка невиности и хапшење ... текстот е пишуван за српските услови но како да е пишуван за нашите услови ... |
No comments:
Post a Comment