Search This Blog

Saturday, July 26, 2008

Земјотрес ... Скопје 26.Јули.1963 ... репринт

Измени.

http://www.vest.com.mk/images/%7BB7F2CA45-32A8-47B3-95E1-36C0F176BD9D%7D_zemjo-2.jpg http://www.skopjeonline.com.mk/culture/zemjotres.jpg

Денеска се навршуваат 45 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје ... оној последниот ... постот е во знак на сеќавање на 1070-те загинати граѓани во рушевините на земјотресот ... и огромната девастација на Скоје - кое беше обновено, со огромна помош на ЈУ федерацијата и солидарната помош од целиот свет ... затоа секојпат се срамувам за скромните средства кои кои градот Скоје ги донира при слични такви несреќи во светот ... како да некои сакаат да заборат на пружената рака ...

читај повеќе »

Во продолжение е напис кој изворно е пишан на 26 Јули, 2006 ... каде давам пресек на земјотресот и ја раскажувам мојата приказна за земјотресот ...

По повод годишнината на катастрофалниот земјотрес - кој се случи во Скопје утрото на 26 Јули 1963 годинам во 5 часот и 17 минути - го пишувам овој напис со мое лично сеќавање за замјотресот.

Било кога да се спомне зборот земјотрес ми навираат сеќавања на разрушеното Скопје, кое од тој ден навака не е исто.

“..Според конечната листа, 1.070 граѓани загинале во земјотресот што го зафати Скопје со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Меѓу загинатите имало и 16 странци, кои биле во Скопје на пропатување. Црното досие е дополнето и со над 3.300 повредени, од кои повеќето останале со трајни последици и со висок степен на инвалидитет. Речиси 80 отсто од градот бил разурнат, а 200.000 луѓе останале без покрив. Биле разурнати и многу индустриски капацитети..“

Катастрофата во 1963 година е трето големо разурнување од ваков тип во историјата на Скопје, по 518 година кога Скупи бил разурнат и во 1555 година кога потрес со интензитет од 10 степени повторно го срамнил градот со земја. Осум месеци пред земјотресот, во ноември 1962, Скопје преживеало голема поплава, во која биле поплавени 4.500 хектари земја и 5.000 домови.

Мене лично како 8-иполгодишно дете - земјотресот ме дочека во родното село кај дедоми - каде бев на летен распуст заедно со сестрами - двеиполгодини постара од мене.

Тоа утро се сеќавам на загриженте лица на постарите кои простум слушаа вести на радио - кои од час на час пренесуваа слики од разрушено Скопје. Се кажуваше кои згради се паднати а првичните слики што се пренесуваа беа страва и ужас за сите што скаменето слушавме покрај радиото. Се набројоуваа и имиња на веќе идентификувани лешеви.

Сите онака жално ме гледаа и се прашуваа дали е можно по трагичната смрт на таткоми (кој почина 5 години пред овој настан) да во една ваква катастрофа ја загубам и мајками.

Никој не се секираше во тие моменти за имотот - сите чекаа абер за блиските кои беа таму. Телефоните не работеа иако во тоа време беа реткост за да се јави мајками и пушти абер дека е жива... Не се сеќавам како но аберот дека е жива и здрава - брзо стигна - пратен по некој кој доаѓаше од Скопје.

Не се израдувавме видно иако на нас блиските ни олесна - вестите кажуваа големи разарања и големи човечки загуби...

Со пораката дека е жива-мајками пратила и абер хитно да си дојдеме во Скопје. Се организира акција на испраќање на децата од Скопје во другите делови на ЈУ.

Не качија во амболантниот џип и во друштво со дедоми, јас и сестрами дојдовме во Скопје - пред зградата на Партизанска кај сегашна Универзална. Попат сликите од паднатите згради беа ужасни. Немаше неоштетени објекти - некои повеќе - некој помалку - некој срамнети во куп тули и шут...

Се спиеше на отворено - сеуште немаше доволен број на шатори. Спиевме на едниот дел од Партизанска - кој уствари беше ливада - тука порсно ни беше игралиште за фудбал. Спиењето и не беше спиење - земјата нон стоп се тресеше и бучеше - а очајните луѓе лелекаа по загубените блиски - и онака голи по пижами - никој не се осудуваше да се качи низ рушевините и да фрли низ прозор нешто од облеката која беше потребна. Утрото веќе похрабрите тоа и го правееа - летеа облеки - јоргани душеци јастуци и се што е меко од домовите - заедно со книгите - чиј лет од неколку спрата посебно ми се впиша во меморијата.

Во скопскиот земјотрес загинаа 1070 луѓе, а беа урнати 15.800 станови

После ден два од оваа одисеја се најдовме во вагони - поредени пред денешен Капиштец и заедно со сестрами и други иљадници деца бевме оргнизирано евакуирани низ цела ЈУ.

Ние бевме одредени за Словенија-Камник. Беше многу жешко по возот. Имаше многу малку воспитачи појдени со нас од Скопје и постарите деца се грижеа за помладите. Сестрами беше една од постарите имаше 11 години. На секое застанување на возот сестрами трчаше да наполни вода од чешмите и јас секојпат се плашев дека нема да успее да се качи. Како помал најдов комоција да спијам на местата каде беше предвидено да се одлагаат куфери. Куфери никој и немаше. Имавме само тоа што го имавме на себе. Местото за спиење ми се виде дури и удобно - мрежа за куфери и ми беше некако меко. Ке ми пропаднеше газето во мрежата и така ке се ширев на мојот простор. Видоа од мене и други деца, им се виде добра идејата и тиа ги запоседнаа “лежаите“. Попат сега веќе некако поорганизирано во попатните станици не пречекуваа Југословенските сограѓани и ни делеа вода во шишиња и храна - сите до еден расплакани. Шпалир од луѓе кои искочиле да пречекаат таму некои деца од Скопје. Возот одеше бавно - патувавме две ноќи и два дена до Камник. Како забава почнав да ги бројам многуте тунели. Ми се видоа многу иако сега знам дека баш и нема многу на патот до Словеија...

Во Камник не сместија во еден дом за часни сестри - кој во едниот дел бил и коњушница. Железни кревети и душеци. Не ошишаа сите до даска. Ни ги земаа нашите алишта и ни дадоа други и полека организирано некако течеше животот. Словенија во Камник е една голема ливада со прекрасни шуми наоколу. Највеќе ми сметаше што не се разбиравме со тамошните деца - порди разликата во јазикот, а тие и не избегаваа и не сметаа за помалку вредни од нив. Ни се подсмевнуваа. Уште тогаш не нарекуваа сите шиптари - иако како дете не ни знаев што значи тоа. Деца како деца - го кажуваа гласно оноа што нивните постари го мислеа потајно. Постарите секојпат со грижа се однесуваа кон нас.

Од ливадите околу Камник и шумичките околу ми останаа полно спомени, иакао во Камник бевме кратко - неколку месеци. Се сеќавам на еден многу крупен град кој ги наполни ливадите со десетсантиметри ... град кој два дена потоа не се стопи. Се сеќавам и на многуте обележја по раскрсниците на дева Марија. Одвреме навреме ке не прошетаа во Камник и околните брежуљци - но Камник и не е така големо место. Се сеќавам на бистрите води на рекичката во Камник и малите камени мостови кои ја преместуваа Камничка Бистрица. Водата беше брза планиска но студена како мраз.

Kamnik
За крај на испраќајот од Камник ни приредија Логорски огин. Имавме задача сите од блиската шума да довлечеме по едно дрво - кое се заложи крст на крст и се направи еден огромен стог од дрва кој се вивна уште во поголем пламен.

Porec - Croatia

Другиот ден веќе бевме на пат за море - најпрвин спиевме една или два вечери во Црквеница за на крај крајно да не сместат во Пореч и тоа во сегашната општинска зграда. На само море. Пред зградата имаше алеја од цвеќиња. Тука за прв пат не разделија со сестрами која како постара беше сместена во депандасите на хотелите низ Пореч на Плава лагуна - неколку километри далеку од моето место на смештај.

Море тогаш го видов првпат во мојот живот. Солена вода. Чудни рипчиња кои ги имаше безброј во морето и лесно се фаќаа со јадица но не се јадеа - листови. Други животинки - Морски звезди - ежеви. Залез на сонце на море и морска клима.
Luftbild von Porec und der Küste.
Морската клима направи од мене да ги залечам сите предходни болести на плуќа кои ми беа хронични. Тагував за Скопје - за другрите со кои игравме плочка и купчиња со семки од кајсии. За џамлиии. За семки кои ги немаше во Пореч. Па пишував писма до дома да ми ги поздрават играчите на Вардар и да ми пратат семки и леблебија. Мајками не издржа ни дојде на гости и два месеца беше со нас - како негователка за нас и другите деца. Тогаш бев цар...Незнам зошто мајками мораше да се врати во Скопје. Веројатно за да реши каде ке мораме да живееме ...

Зградата беше бележена со црвено и мораше да се избере некаков смештај по бараките низ околината на Скопје - кои беа богу иза леѓа и Скопјани не ги сакаа. Се плашеа дека беа од лесно запаливи материјали - дека ке изгорат во нив. На многумина тоа покасно и им се случуваше.

Во Пореч презимивме - таму завршив трето одделение. Се сеќавам на моето влегување во продавница во Пореч близу до школото. Влегував за да “купам“ - украдам некое чоколадце од животинско царство и мастики кои во Словенија беа со поголема популарност од Скопје. Но тука немаа боза. Ми фалеше бозата која ја навикнав да ја пијам од слаткарницта на Апче ...

Интересно беше моето “купување“ на чоколадца од животинско царство. Теткиците не научија - зошто доаѓаме да “купуваме“ но никојпат не се деси некого да фатат и покрај неколкуте огелдала - наменети за таа работа. Сега знам дека уствари тие не сакаа ни да не фатат...

Сега кога ке видам домски деца - некако ми се враќаат спомените од тој периот од животот.

Мајка и фамилија не може да замени никој...


No comments:

Blog Archive

Site Meter