ВмроДпмне вети дека ке ги намали придонесите за пензиско, здравствено и за вработување ... и вчера тоа го оствари ... тоа остварувањето на ветеното е една од поголемите разлики на политичарите во Македонија каде Груевски ги добива симпатиите ... истрајноста да се оствари ветеното ... Стартот на намалувањата на стапките е скалест за неколку години ... почетокот е од идната година ... Задача на опозицијата е да соопштува - што Груевски вети а не остварува, но соопштувањето треба да оди преку институциите на системот а не од “улична“ демократија ... Опозицијата не треба да биде ниту од типот на “салонска“ опозиција - но никако не смее да ги напушта легалните институции ...
- Придонесите за пензиско и здравствено осигурување, како и придонесот за вработување што се издвојуваат од бруто платата на работниците ќе се намалат за околу 10 процентни поени од први јануари 2009 до први јануари 2011 година.
- Стапката за пензиско осигурување која во моментов е 21,2 проценти на 1 јануари 2009 ќе изнесува 19, на 1 јануари 2010 - 16,5, а на 1 јануари 2011 - 15 проценти. Тоа значи дека од сегашните 21,2 проценти, пензискиот придонес ќе се намали на 15 проценти .
- Стапката за здравствено осигурување која во моментов е 9,2 проценти исто така стартува од 1 јануари 2009 година кога треба да изнесува 7,5 проценти. Од 1 јануари 2010 таа ќе изнесува 7 проценти, а на 1 јануари 2011 - 6 проценти или вкупно намалување од 3,2 проценти.
- корекција и кај стапката за осигурување за вработување која сега изнесува 1,6 проценти, а од 1 јануари 2009 - таа ќе изнесува 1,4 проценти, во јануари 2010 - 1,2 и 1 јануари 2011 - еден процент.
No comments:
Post a Comment