Лицето Б.Ц. - попознат како граѓанинот Бранко Црвенковски ... во меѓународната јавност познат како Претседателот Црвенковски - вчера свршаваше на својата говорница (на говорницата на Претседателот на Македонија ...)... испраќајки неколку пораки кон Груевски и ВмроДпмне, кои се припремни за изборната кампања за наредните парламентарни избори ...
На средбата со Претседателот на Собранието Претседателот Црвенковски искочи како морален победник - бидејки она што се договорија на средбата со Претседателот на Собранието е токму она што предлагаше Претседателот Црвенковски ...
Бидејки Црвенковски се откажа од следните претседателските избори - тој вчера навести дека ке се вклучи во новите парламентарни избори - кога и да се случат ... ке се вклучи активно во СДСМ, не усовувајки го СДСМ со никакво посебно место во СДСМ ... чинам дека тој има “договор со меѓународната“ оваа сегашна позиција да му биде последна висока позиција во политичките кругови во Македонија ... Нешто слично како што и бившпиот ни Премиер Љу(б)(п)чо Георгиевски, кој еве по неговото заминување од јавната политичка сцена е оставен на мира да ги ужива благодетите на својата стекната финасијска моќ ... и се враќа на својата поезија и ке раководи со својата фондација ...
Таков договор со меѓународната е познат и во случајот на Караџиќ ... тоа е за оние кои ке речат - “меѓународната“ не прави вакви договори ... можеби по крајот на овој мандат на новата влада на Македонија ке се побара повлекување на Ахмети, особено ако почне многу да солира ... такво повлекување (во “договор со меѓународната“ ...) е поизвесно кај Тачи ...
Да се вратам на темата, СДСМ озбилно си ја свати улогата на опозиционите партии во парламентарните системи ... а таа е да ги лови грешките на политичкиот противник додека е на власт ...во тоа меѓувреме се прави длабок рез во пртијата - реорганизирајки се и внесувајки нови лица во челните редови ...би било добро и да се демократизираат како партија во своите редови ... СДСМ се надева дека ВмроДпмне нема да ја исполни ветената програма од стоте чекори во целиот мандат/ипол на Груевски ... дека ке исплива на површина сиромаштијата и економските проблеми и дека на следните парламентарни избори ке успејат да ја победат политиката на Груевски која полека оди во сите линии на контрола на сите институции во МК од страна на партијски активисти на ВмроДпмне ... партизирајки ја државата и администрацијата ... ги завземаат/преземаат тие места од поранешните испостави на СДСМ ... со тоа ништо ново и добро не се случува на МК политичка сцена - сјашува Мурто се качува Курто ...
Од друга страна ако Груевски конечно почне да ги исполнува ветувањата дадени во еконосмкиот дел, во делот на странските инвестиции, во делот на нови работни места и во делот на подобрување на стандардот на населението, во делот на намалување на сиромаштијата - тогаш Груевски повторно ке добие доверба ... значи како и секаде во светот партијата која успева да ги реши економските проблеми а е на власт - ке добие нов мандат од народот ... до тогаш верувам дека големите историјски теми ке го одмината напатениот МК избирач ... и ке гласаме за луѓето кои ги остваруваат еконосмките ветувања ...
Со правење на енормниот бужетот на државата - Груевски нема да успее да ги реши економските проблеми ... како и секаде државата е лош стопанственик ... задоволни ке бидат само 20 проценти од членовите на ВмроДпмне а останатите ке проценат самите ... дали на терет на гласот на обичниот член/симпатизер на ВмроДпмне и на наредните избори 20 проценти од партијата на власт (шпекулативна бројка од 60.000 ВМРО-членови ...)..., ке уживаат во благодетите на овоземскиот живот а ние сите останати ке бидеме ОВЦИ ...
No comments:
Post a Comment