Барем двапати годишно Македонија ја тресе некаква млечна криза ... до пред одредено време млекарите беа на готовс поради најстојувањето на УЈП да го наплати ДДВ-то од млекарите за неколку години уназад ... искрајно незнам како заврши кризата, дали попушти државата или резерва најдоа млекопроизводителите ... но оваа сегашната млечна криза е борба за повисоки цени на млекото - нешто што го бараат млекопроизводителите кои не се задоволни од понудените откупни цени за нивното млеко ... башка што парите ги чекаат и по неколку месеци ... што е бескаматно кредитирање на преработувачите на млеко ...
Во памет ми е сеуште човекот кој пред камерите спореди кило вода и кило млеко ... дека цените драстично се доближиле - Ајде да видиме дали ќе можат мајките да ги хранат децата со вода, зашто ние ќе го фрламе млекото - рече млекопроизводител на протестот, фрлајќи револтирано шише млеко и шише минерална вода. ...
Еве како денешната штампа ја прати најновата млечна криза ...
- Во Македонија повторно млечна криза ... Нова Македонија ... Македонските фармери вчера одржаа предупредувачки штрајк бидејќи се незадоволни од откупната цена на млекото. ... доколку нивните барања за зголемување на цената на 29 денари за литар не бидат исполнети, на 28-ми овој месец ќе организираат помасовни протести ... Со блокади на локални и на регионални патишта, непредавање на млекото и со блокирање на влезовите на млекарниците, фармерите протестираа на повеќе локации во земјава. ... калкулациите за производствената цена на чинење на млекото ги потврди и директорот на Институтот за сточарство Боне Палашевски, кој истакна дека, според пресметките направени во Институтот, по барање на ФФРМ, производствената цена на млекото за фарми со 50 крави изнесува 27,70 денари за литар. ... Мал број прилепски млекари се приклучија на протестот во центарот на Прилеп. Дојдоа само триесетина ...
- ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА МЛЕКО НА ПРОТЕСТИ
Владата, сточарите и млекарниците во ќор-сокак - Време ... Целта на нашето собирање е да ги предупредиме млекарниците да ги зголемат откупните цени и навреме да го исплаќаат млекото. ... Сегашните откупни цени во некои млекарници се по 16 денари за еден литар млеко, а има случаи кога млекото им го земаат на сточари и по 11-12 денари за еден литар ... Млекарниците објаснуваат дека со ваква откупна цена нема пазарна логика и дека најмногу што можат да добијат сточарите се 22 денари, заедно со субвенцијата од државата. ... Во моментов сите млекарниците се полни со резерви. Трајно млеко кое е блиску до истекот на рокот се продава дури и за 30,6 денари, а свежото млако е со просечна цена од 32 денари за еден литар. Ваквите цени млекарниците ги донесуваат во силни загуби. ... Ако млекото во продавница чини 32 денари, математиката на млекарниците е: за трговската маржа требаат два денари, амбалажата чини 6 денари, 2 денари даваат за откуп и за транспорт и 3 денари е трошокот за обработка на млекото. Деветнаесет денари отпаѓаат на млекото, заедно со премијата од државата од два денари и еден денар од житарките, затоа сточарите може да добијат најмногу 22 денари за еден литар. ... Во Бугарија просечните откупни цени годинава се 18,8 денари, а во Унгарија се 21,7 денари за еден литар. Заедно со стимулацијата, откупните цени во Европа се движат од 20 денари до 23 денари. ... - Улиците станаа млечни ... Шпиц ... Протест имаше - пред најголемите откупни центри во земјава, во скопски Петровец пред откупниот центар на Битолската и на Шведската млекарница, во Битола, Прилеп, Струмица и во Гостивар. ... Во Битола над 1.500 млекопроизводители на трите откупни пункта кај битолска млекарница, „Идеал Шипка“ и кај селото Новаци, како и низ улиците на Битола, во знак на протест истурија два тона млеко. Со камиони и со трактори неколку часа ги блокираа приодите кон млекарниците. ...
- Фармерите ги миеја улиците со свежо млеко ... Утрински ... Во одредени случаи, дури и за чисто млеко со добар квалитет, без додадена вода, добивале од 10 до 13 денари за литар. Фармерите се правдаат дека со ваквите цени протестите им останале единствена можност. ...
- МЛЕКОПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ ПРОТЕСТИРАА - Се истураше млеко само пред камери ... Вечер ...
- Сточарите истураа млеко ... Вест ...
- ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ШТРАЈК - Млекарите завојуваа со млекарниците ... Дневник ... Млекарниците велат дека квалитетот ја одредува цената на млекото, а нашите млекари произведуваат недоволно и неквалитетно ... Мурсени Сефејдин, кој дневно произведува 800 литри млеко, вели дека со сегашната цена воопшто не може да си ги покрие трошоците за производството. Работам со загуби. Од лани досега ги продадов половина од кравите бидејќи не ми се исплатува да ги одгледувам. Вчера ми понудија 15 денари за откуп на литар млеко. ...
Колку слушнав на телевизија Министерот за земјоделие се стави на страна на фармерите ...
No comments:
Post a Comment