Веќе десетина дена имав намера да пишам еден промотивно поздравен пост за блогер кој е докажан на многу полиња - но сега еве истрчува и на полето на МК блогосфера со свој блог и со своето име ... се работи за блогот на Благоја Самакоски ... сигурен сум дека на Самакоски ке му инпонира што помладата генерација го препознава како татко на министерот Веле Самак ... кој родител не се радува на успесите на своите деца ...
Истражувајки на интернет за Благоја Самакоски може многу да прочитате, кој е како му течела личната и професионалната кариера ... Фамилиарен човек кој одшколувал и васпитал две деца и дваицата успешни во своите области ... на таквите луѓе секојпат заради тоа мора да им се симне капа и да им се честита дека положувајки го испитот како родител го положуваат најтешкиот животен испит ...
Самиот Самакоски дал дел од своето “CV“
- САМАКОСКИ, Благоја (07.05.1948) –
- Основно образование завршува во ОУ. „Климент Охридски“ во Прилеп и продолжува со гимназиско образование во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп.
- Дипломирал на Машински факултет во Белград (1972),
- магистрирал на Машински факултет во Белград (1984) со тема: „Dijagrami stanja napon-deformacija i kriteriumi cvrstoče kompozitnih materijala.“
- Докторирал на Машински факултет во Белград (1994) со тема “Kriterium za izbor polimernih kompozita, kao ablativni termozaštitni material u raketnim motorima”.
- Предавал на Економскиот факултет во Прилеп од 1985 до 1992 година.
- Од 1976 се вработува во Енергоинвест 11 Октомври од Прилеп, каде бил Заменик генерален директор, одговорен за развојот на нови производи и проекти, за подоцна да стане и Генерален директор на компанијата.
- Овозможил развој на околу 25 нови технологии и 12 нови иновации во производството, во период од 17 години. Сите проекти биле во полето на композитните материјали, електронската индустрија и користењето на личните сметачи во подобрување на деловните процеси.
- Прв во Југославија, во 1979 година, ги користи личните сметачи во деловно работење и ја предвидува и поттикнува револуцијата во примената на личните сметачи. Има развиено низа деловни апликации со примена на личните сметачи во периодот од 1984 до 1988.
- За време на работењето во Енергоинвест, како позначајни достигнувања му се забележуваат: формирање и раководење со научна институција во рамките на стопанска организација (Истражувачко-развоjна единица–ИРЕ во 1990 год.), воведување различни видови технологии за производство на современи композитни материјали, воведување на композитните материјали за потребите на ракетната индустрија на Југославија, развивање на специјална анти – балистичка заштита од композити и многу други технологии.
- Во 1990 год. го формира приватното претпријатие Микросам. Во рамките на својата работа во Микросам,
- носител е на проектите со кои се конструирани: прво дигитално броило во Македонија,
- првиот индустриски робот со 6 оски на контрола во Македонија,
- разни компјутерски контролирани машини за индустријата на дрво, мермер и метал.
- Преку иновативните решенија во компјутерски контролираните машини, со своите иновации, го направи Микросам да биде една од најдобрите фирми во светот за производство на машини за современи композити, наменети за авиоиндустријата и истражувањата во вселената.
- Од 1997–2004 година работи како вонреден професор на Техничкиот факултет во Битола, а
- од август 2007 година до денес, е редовен професор на Факултетот за компјутерска техника и информатика при Универзитетот Американ Колеџ во Скопје.
- Во текот на своето долгогодишно работење, добитник е на повеќе награди и признанија од кои поважни се: повеќе награди за иновации од Министерството за одбрана на Југославија, „Менаџер на годината“ во Македонија за 1992 год., највисоката републичка награда „11-Октомври“ (2 пати), одликување од белгиската влада „Витез на инвентивноста“, награди на Стопанската комора на Македонија и многу други за своите иновации во композити, менаџментот, како и за проектирање и производство на компјутеризирани машини.
- Има издадено 4 книги.
Додатни делови од неговата биографија се проследени од бројни написи и интервјуи ... редовен колумнист е во неколку неделници ... како колумнист на едно место Македонско сонце ке напише - Читајќи ги колумните на авторот Самакоски слободно може да се каже дека тој "кажува без влакно на јазикот". Вонив се чувствуваат отвореност и сло бода на пишување кои, пак, придонесоа покрај пофалбите од страна на чита телите, и негативни последици. Но, за тоа тој вели: "Да, секако дека е можно да имам непријатни последици. Какви што веќе ги имав. Но, до својот идентитет и суверена држава не се доаѓа само со климање со главата. Треба да имаме и врат, за да имаме почит од другите".
Помладата генерација го памети Самакоски од конфликтот со Букарски кај Чуму каде Букарски оштро протестираше против “старите и излитени фрази на исти луѓе од стариот систем“ ... (парафразирам ...)
Сметам дека со појавата на секој интелектуалец на МК блог сцена, таа се збогатува со уште едно перо, кое преку своите размисли може да допринесе за создавањето на јавното мнение ...
Мене лично Самакоски ми е најпознат од познатите случувања со Микросам - каде имаше судир со царинската управа ... некои сето тоа го врзуваа со некои луѓе на САД амбасадата ... но тоа остана во сверата на Шпекулациите ... отогаш Самаковски како да неможе да му прости на Верушевски и власта, која во тоа време беше предводена од Бранко Црвенковски ... Самаковски едно време вредно работи и во Стопанската комора ... некои го врзуваат и со технички пронајдоци и патенти во областа на воената индустрија, каде истотака има вредни постигнувања ...
Посебно симпатично прозвучува дека сеуште го чува комодорето C-64 , или Атари беше ... и дека меѓу првите во МК ги воведува персоналните сметачи - за стопански цели ... Од она што го читам како блогер - најголема замерка имам што не користи линкови ... барем за Самаковски не би трбало тие да се технички проблем ... ако не нека оди кај Рибаро - некоја финта ...
Оној кој сака повеќе да дознае за Самакоски нека прочита дел од долните линкови:
- Витез со пура во градот на тутунот ...
- Повеќе написи во Македонско Сонце:
- МАКЕДОНЦИТЕ СЕ СПОСОБНИ ДА ПРОИЗВЕДАТ ВРВНИ ТЕХНОЛОГИИ ...
- ЕДНА МРАЧНА ГРУПА СЕ ТРУДИ ДА УНИШТИ СÈ ШТО Е ЗДРАВО ВО МАКЕДОНИЈА ...
- Интервју - Светски истражувачки центри користат Машини кои ние ги сосдаваме ...
- Самаковски: Царината штити странски интереси ...
- Само развојот на технологијата ја спасува Македонија ...
- Прилепски “Микросам” произведе врвна машина за обработка на мермер ...
- Автоматизирани машини за прозводство на делови за ветерници ...
- Самаковски тврди дека Верушевски му ја запржил чорбата со Американците ...
- "Микросам" на црната листа на САД ...
- Кренавме раце од македонскиот пазар заради подмитувањето ...
No comments:
Post a Comment