15 години “преговараме“ со Грција за спорот со името ... имам осеќај дека грците чекаа да се доближивме до портите на НАТО и ЕУ и тука да ни покажат - кој е кој во меѓународната политика ... во овие 15 години имавме политика да не го лутиме лавот (Грција ...т.е. политика дека наведната глава сабја не ја сече ...), политика која не даде резултати во интегративните процеси, осем мало придвижување кон ЕУ во форма на предоговори и договори да ги исполнуваме стандардите ... истото го имаме и кај НАТО интеграците ...
Груевски во последните неколку месеци оди во сосема поинаков правец - ги отвара сите подзатворени прашања ... го подига “тепихот“ под кој многу години се пикаа отворените прашања ... прашање е дали од маглата која се ствара од “прашината“ од под тепихот, нема да се задушиме или евентуално ке ни се олесни ... значи ги отвараме прашањата:
- прашањето на имотот на егејските Македонци и нивното право на грчко државјанство ...
- малцинските прашања на МК во Грција ...
- инсистирање на почитување на правата на малцинствата во Грција ...
- прашањата на ситните економски сопки од грчка страна (МАТ, трансфери на пари и сл ...)
- да сопрат тиките блокади на патиштата од МК кон пристаништата во Грција ...
- црковното прашање ...
- Грција да го преименува ајродромот во Солун ...
- секојдневното понижување на МК граѓани кои имаат некаков однос со грчката држава ...
- понижувањата на МК граѓани во дипломатското представништво на Грција во Скопје и особено на границата меѓу Грција и Македонија ...
Очигледно дека Груевски ја сменил тактиката и ги отвара сите прашања ... дали е ова совет на америте, кои пак притискаат спорот да се реши до крајот на септеври - во времето на одржувањето на генералното собрание во ООН ... На крај или ке останеме со прстот во уста или прашањата ке се решаваат ... додуше мора да признаеме дека прстот ни е одавна во уста ... Нимиц само ги нотира “прашините“ од под тепихот ... сега имаме ситуација кога ни делегациите не се сретнуваат кај Нимиц ... а таму во двоецот на тимот на Претседателот и Премиерот оротио го води Протуѓер ...
Има информации дека гркото оружје звецка во близината на нашата граница ... грција покажува заби ... Кој од сето ова ке има полза ... кој посакува овие прашања вечно да бидат отворени ...
No comments:
Post a Comment