Странските инвестиции беа и сеуште се една од главните окосници на владата на Груевски и онаа двегодишната и оваа сегашната ... Пред година ипол пишав пост - СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ - трската е фрлена ... каде се сложив дека гринфилд инвестициите се навистина потребни на МК економија ... но и приметив дека Трската е фрлена - но дали е мамецот добар ке почекаме о крајот на годината ...ако судиме по постигнатото ке произлезе дека мамецот не е доволно добар ...
На темата ме потсети интервјуто на Веле Самак, дадено за денешен Утрински ... Ниедна странска компанија не се повлече поради НАТО ... Незнам колку е Веле Самак задоволен со постигнатото за овие две ипол години од доаѓањето на Груевски ... имено сеуште имаме најмалку странски директни инвестиции во споредба со околните земји ... и залудно е уверувањето на Самак дека нашето невлегување во НАТО не влијае на странските инвестиции ... нека се потсети Самак за бумот на странските инвестиции во Бугарија и Романија по нивното влегување во НАТО ... ич да не правиме анализа за нивото на странските инвестиции по нивното влегување во ЕУ ...
No comments:
Post a Comment