ВмроДпмне вети и остварува - отварање на 26 нови факултети во Штип, Виница, Кочани, Пробиштип, Кичево, Гевгелија, Велес, ... но према информацијата на Утрински на овие Факултети впишаните студенти се бројат на една рака:
- На новите факултети на Штипскиот универзитет "Гоце Делчев" вчера имаше слаб интерес.
- Само двајца кандидати вчера се запишале на новоформираниот Технолошко-техничкиот факултет во Пробиштип.
- Слаб е и интересот на новите факултети, Машински во Виница и Електро-технички во Радовиш, каде што се пријавиле само тројца кандидати.
Значи ли ова криза на сега владиниот проект за отварање на 26 нови факултети во Штип, Виница, Кочани, Пробиштип, Кичево, Гевгелија, Велес, ...
Очита е желбата и идејата на ВМРО-ДПМНЕ од Македонија да направи високоедуцирана земја ... но има многу но ... Првин да видиме дали ова и треба на Македонија ... бидејки трошиме буџетски средства за инвестиција во образование на кадар кој и така во заводите за вработување стои невработен по многу години ... некои и повеќе од десетина години ... проверете само колку таксисти се со универзитетски дипломи ... колку факултетџии се вратија по селата и станаа овчари ...Понатака во услови кога има на многу места очајна состојба на постоечките образовните институции ... стари згради на училишта ... очајна инфраструктура во нив ... градење на нови згради на факултети во градови кои немаат инфраструктура ... тоа е чудна одлука ... некои велат дека немаме ни кадар кој ке предава на тие факултети ...
А да, ке заборавев ... оној ден кога во Македонија ке престане одлив на мозоците и на младите ... кога ке почнеме да увезуваме високообразовани работници ... тогаш инвестицијата во вакви факултети ке се исплати ... до тогаш ова ми личи само на добро ветување ...
Во минатиот систем имамвме еден период со слични вакви методи во образование кое одеше под мотото “масовно образование ...“ ... идејата му беше да не талкаат младите по улици ... имавме ситуација кога овие кадри немаа каде да се вработуваат ... па имавме таканаречени “акции за вработување...“ ... да речеме на ОХИС ке му се наложеше да вработи 10 новинари, троица психолози, два педогога и дваица по ОНО ... па акција за предвремено пензионирање за да се отври место за работа на младите ... сето тоа беше вештачко вработување и се одрази на лош финасиски резултат во големите фабрички системи ... и до ситуација кога државата го полни пензискиот фонд со буџетски средства ...
Родителите ги тераа своите деца да учат со паролата: “учи сине за да не мора да работиш ...“
Дали на Македонија која економски има највеќе шанси во земјоделието и во услугижните дејности и требаат кадри од ваквите нови факултети ... нели храната е наша нафта ...
Се поставува прашање зошто МК студенти не ги сакаат новите факултети ... можен одговор би бил:
- кој сака да оди да студира и да живее во Виница (за пример ...) 4 години ...
- кои се условите за живеење на студентот во Виница ...
- каков е кадарот на професорите во Виница ...
- каква забава се нудат за студентот во Виница ...
- кој добар професор би одбрал да предава и да живее во Виница ...
1 comment:
Ne se raboti za necij marketinski poteg, poentata e da im se doblizi visokoto obrazovanie na onie koi ne mozat da si dozvolat da studiraat vo Skopje. Znaes li ti i svesen li si kolku e skap zivotot vo Skopje, za nekoj so niski primanja koj zivee vo vnatresnosta?! Zarem e loso da si imas fakultet na 5 min od doma?
Znaes li koj saka da studira vo Vinica? Da ti odgovoram na prasanjata koi si gi postavil. Tie studenti sto ziveat vo okolnite naseleni mesta, koi ne mozat da si dozvolat da studiraat vo Skopje.
2. Tie ne bi barale kojznae kakvi uslovi za zivot, tie se naviknati i so malku da se zadovolat, ne se zbesnati kako skopskite dseca. 3. Kadar treba da angazira drzavata, a so ogled na toa kolku nevraboteni profesori ima, kadar ke se obezbedi. 4. Zabava? Studentite studiraat, zabavata e sekundarna rabota, i plus toa e mnogu individualna rabota, ako saka nekoj da se zabavuva, moze toa da go pravi i vo drug grad. 5. Ti ne si ni svesen kolku dobri profesori ima, za koi ne si ni cul! Ako gi smetas za dobri site komunjari nesposobni koi predavaat na Praven, togas si za zalenje.
Zatoa sto i toa kako apla se zabelezuva deka si protiv ovaa vlast, imam edno prasanje za tebe.. Zosto koga komunjarite bea na vlast studentskata participacija bese najvisoka? Zosto tie ne im go doblizija visokoto obrazovanie na studentite? I zosto tie ne gi zgolemija stipendiite i kreditite, tuku da mozea, od race ke im gi zemea i onie malku pari koi im gi davase drzavata?!! Zosto ne im podeli vauceri za kompjuteri? Znaes, ima mnogu raboti koi studentite gi pamtat i ne gi zaboravaat. Se gleda koj sto pravi.
Znam deka boli, znam deka komunjarite ke se izedat zivi sto gledaat deka nekoj nesto pravi vo ovaa dezava, nesto za sto tie ne bea sposobni!! :)))))))
Post a Comment