Успение на Пресвета Богородица ... Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане ...
Клик на сликата за поголема ...
После Исус Христос за христијаните најзначаен свети лик е Мајката божја - Богородица ...бидејки таа е симбол кој поврзува меѓу светото/небеско царство и овоземното ... мост меѓу небото и земјата ...
И во Македонија ова е еден од најголемите црковни празници ... ако се пресмета ке се види дека за Богородица се посветени многу храмови во кои се слави името и духот божји ... ако пак се направи математика ке се види дека скоро секој трет божји храм е посветен на Богородица ... со тоа што повеќе се посветени на Голема Богородица т.е. Успението на Пресвета Богородица ... во однос на Рождеството на Пресвета Богородица (Мала Богородица ...), кое се слави на 21 Септември ... во Скопје таа се слави во нововозобновениот Храм на Рождеството на Пресвета Богородица (која е и заштитничка на Скопје и скопјани ...), за што донатор е Трифун Костовски ...
Но да се вратам на денешниот празник на Успение или Воскрсение на Пресвета Богородица, меѓу народот позната како Голема Богородица ...
Црквата има свое канонско толкување на овој празник ... меѓу народот луѓето ја слават бидејки имаат уверувања дека им помага на родилките ... симболизира неплашење од смртта, бидејки преку воскрснувањето имаме премин на еден живот во друг ... Историјски сето започнува кога неверниот Тома доаѓа на гробот на Богородица, за да се помоли, бидејки многу ја сакал, барал од чуварите на гробот да го тргнат тешкиот камен од гробот ... по услишувањето на желбата, Тома видел дека во гробот го нема телото на Богородица, кое воскреснало ... за што Тома дознава од ангелскиот глас ...
Овој празник е широко славен низ цела Македонија и таму каде живеат Македонци ... но најголема традиција на славење има во Матка, Чишево, Бардовци, Ново Село, Лешок, Охрид, Забел (Старо Нагоричане ..) а во поново време и во Ново Лисиче ...
Матка е секојпат прекрасно место за прослава на овој празник ... но јас на овој пост ке се задржам на прославите кои се организираат во Забел (Старо Нагоричане ...) и во Ново Лисиче ...
No comments:
Post a Comment