Уште кога се продаваа МК златни кокошки - бев силно против начинот на кој се продават - со давање на долгогодишни ексклузивни права на странските купувачи ... тие дадени права никојпат не го видоа светлото на денот ... покриени се со превезот на државна тајна ... инвеститорите за кратко време си ги вратија вложените пари и сеуште не “шишаат“ ... најлошо од се` беше што - парите од продадените златни кокошки не се потрошија за раздвижување на стопанството, ниту во инфраструктурата ... туку едноставно се стопија во буџетот, кој ги сомле во кашата/калта на преголемата и неефикасна државна администрација, дел веројатно завршија и во приватни џепови ...
Ке има ли маж во МК политика кој ке им суди на луѓето - кои така лесно ги продадоа МК златни кокошки ... и особено да им суди за начинот на потрошените пари од тие продажби ... оној ден кога ке доживееме судење на тие одговорни лица ... Македонија ке има шанса да го надмине периодот на транзиција во кој малкумина се збогатија а сите останати осиромашевме ...
Повод за овој напис ми е објавувањето на полугодишниот извештај дека едната од тие златни кокошки кои се продадоа сеуште ја цица крвта на МК граѓанин ... имено Операторите „Македонски телеком“ и „Т-мобиле“ во првите шест месеци од годинава оствариле вкупно 176 милиони евра профит, стои во финансискиот извештај на „Маѓар телеком“, кој се однесува на работењето на двете фирми-ќерки во Македонија.
No comments:
Post a Comment