Search This Blog

Monday, August 18, 2008

СЕЗОНА НА ПОЖАРИ ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/888E7274D4AF0D449E34FA2EE2F76120.jpg

Средината на Август до средината на Септември е сезона на пожарите ... од мало невнимание на човечкиот фактор гори шума која растела 50-тина години ... дел од пожарите се подметнуваат за да се створат површини каде овчарите и сточарите ке ги напасуваат своите овци и говеда ... дел се случуваат од невнимание, најчесто од догорчиња ... неизгаснати огнови од планинари и излетници ... иако ретко но пажари се случуваат и од грмотевици ...

читај повеќе »

http://www.vest.com.mk/images/%7BCD3E82C0-02EF-4D3E-8FCB-B6C3EC2FEF85%7D_pozarni-2.jpg

Минатата година имавме прогласување на вонредна состојба - бидејки имаше неколку големи шумски пожари ... тогаш се виде дека Македонија не е опремена за борба со големи пожари особено кога се тие во неприступачни предели по планините ... МК Влада се одлучи да набви неколку канадери, кои треба да стигнат во Македонија при крајот на годинава ... но осем канадери на МК и фалат и противпожарни средства кои можат да се користат од земја ... тука се мисли на противпожарните возила кои долго време не се обновуваат ... фалат и во апсолутна бројка ... и тука чинам владата нешто помага иако тие спаѓаат во надлежност на општините ... ова го увидоа и донаторите кои подарија неколку такви ПП возила ... највеќе фалат наефтините средства за гасење на пожари - тоа е лична опрема за гаснење на пожари ... ПП облека, маски, чизми, боци со кислород и пумпи кои се носат на грб ... минатата година се покажа дека човечкиот фактор заради недостаток на ваква опрема не може да се вклучи во борбата со огнот и залудни беа доброволците, кога тие голораки секако неможат да гасат пожари ...

http://komunikacii.net/wp-content/uploads/2007/07/fire-in-macedonia.jpg

Опожарени места во минатата година ...

Секако дека за големите шуми мора да има предходно припремени планови за борба со пожарите, тие не смеат да не изненадат во август ... шумите мора да се испарцелизирани со безбедносни коридори кои треба да се заоруваат неколку пати во текот на сезоните на пожари ... безбедносните коридори да се прскаат со хербициди да не расте трева во нив ... борбата со пожарот да се прави на линијата на безбедносните коридори, бидејки кога ке се запали високата шума таа тешко се гасне ...

Написов е континуитет на неколку слични написи:



No comments:

Blog Archive

Site Meter