Утрово малку фатив од олимпијадата, велосипедизам и стрелаштво ... не беше интересно ... да, гледаки ги велосипедистите се воодушевував на вековните зданија, од старите цивилизации на кинезите ... шетајки по каналите на ТВ пиејки го утринското кафе налетав на една од странските канали на емисија од BBC ... произведена 2003-тата - за патот на оружјето во балканот ...
Срочено како документарен филм, на кратко го покажа патат на оружјето со почеток на нередите во Албанија 1997/8 кога од воените магацини народот го “здипли“ оружјето и го пренесе во планините и куќите близу до косовската и МК граница ... од каде после лесно го наоѓаше патот кон братското Косово и Македонија ... каде со обилна помош од ова украдено оружје се случи војната во Косово и Македонија ... интересно што самата Албанија како најмалку да настрада од ова оружје ... многумина мислеа/предвидуваа дека ке се случи граѓанска војна меѓу северот и југот на Албанија - но ете не се случи ... од денешна гледна точка таа “кражба на оружјето“ како да беше исценирана - за да се случат војните во Косово и Македонија ... албаннската кауза во овие нереди доби спроведување на своите цели ...
Колку просто изведено сценарио за дестабилизација на регион ... дел од тоа албанско оружје заврши секако преку Италија и во ЕУ ... заедно со патот на дрогата патуваше и оружјето ...
Репортерот појде и го снимаше кошот, каде без причина беше застрелан Ванчо (веројатно не го грешам името) и тешко беше ранет неговиот другар ... беа прикажани албанците кои гајат култ кон оружјето ... истото го користат, како за криминал така и за забава ... сега се сеќавам на дел од сликите од периодот на моето служење на војска каде кога на албанец првпат ке му дадеш пушка во рака тој ке ја доближеше до својата глава и ке ја бакнеше трипати ... како да го бацува новороденчето ...
Стравично вистинска приказна која ме врати на воениот виор од екс ЈУ просторите ... каде учесниците во тој воен виор лесно прераснаа од терористи во “борци за човекови права“ за да на крај сега ги гледаме во удобните фотељи на владата и парламентот ... министерствата и сите државни рамковни структури ... репортажата не се зафати со спроведеното етничко чистење ...
No comments:
Post a Comment