Search This Blog

Tuesday, August 19, 2008

Меѓу желбите и можностите ... секогаш стои должината на чергата ...

http://kvaliteta.inet.hr/sizif.gif

Секојпат сум имал повеќе желби од што ми биле можностите, некој ке рече тоа е амбиција ... да не е таа, амбицијата, да се надминат можностите, лимитите, нема да има напредок ... имам осеќај дека народов околу мене нема веќе желби ... можеби бидејки гледа дека можностите му се никакви ... а лимитите му се големи ...

читај повеќе »

За себе секогаш сум велел дека не ми недостасуваат идеи, но секојпат со остварувањата сум имал проблем заради високите, би рекол превисоките цели ... значи голема уметност е да пронајдеш колку ти е долга чергата/можностите а сепак да не се зачауриш во времето и просторот ... да посакаш/пробаш да го надминеш лимитот ...

За ова една наша блог пријателка/ем поетеса - има пишана инспиративна песна која оди вака:

  • можеби сакам повеќе одколку што можам,
  • а можеби можам повеќе одколку што сакам ...
  • и во двата случаи на средина сум -
  • ниту можам колку што сакам,
  • нитупак сакам колку што можам ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter