Успение на Пресвета Богородица ... Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане
Клик на сликата за поголема ...
После Исус Христос за христијаните најзначаен свет лик е Мајката божја - Богородица ...бидејки таа е симбол кој поврзува меѓу светото/небеско царство и овоземното ... мост меѓу небото и земјата ...
И во Македонија ова е еден од најголемите црковни празници ... ако се пресмета ке се види дека за Богородица се посветени многу храмови во кои се слави името и духот божји ... ако пак се направи математика ке се види дека скоро секој трет божји храм е посветен на Богородица ... со тоа што повеќе се посветени на Голема Богородица т.е. Успението на Пресвета Богородица ... во однос на Рождеството на Пресвета Богородица (Мала Богородица ...), кое се слави на 21 Септември ... во Скопје таа се слави во нововозобновениот Храм на Рождеството на Пресвета Богородица (која е и заштитничка на Скопје и скопјани ...), чиј донатор е Трифун Костовски ...
Но да се вратам на денешниот празник на Успение или Воскрсение на Пресвета Богородица, меѓу народот позната како Голема Богородица ...
Црквата има свое канонско толкување на овој празник ... за чудата на Пресвета богородица читајте тука ... меѓу народот луѓето ја слават бидејки имаат уверувања дека им помага на родилките ... симболизира неплашење од смртта, бидејки преку воскрснувањето имаме премин на еден живот во друг ... Историјски сето започнува кога неверниот Тома доаѓа на гробот на Богородица, за да се помоли, бидејки многу ја сакал, барал од чуварите на гробот да го тргнат тешкиот камен од гробот ... по услишувањето на желбата, Тома видел дека во гробот го нема телото на Богородица, кое воскреснало ... за што Тома дознава од ангелскиот глас ...
Овој празник е широко славен низ цела Македонија и таму каде живеат Македонци ... но најголема традиција на славење има во Матка, Чишево, Бардовци, Ново Село, Лешок, Охрид, Забел (Старо Нагоричане ..) а во поново време и во Ново Лисиче ...
Матка е секојпат прекрасно место за прослава на овој празник ... но јас на овој пост ке се задржам на прославите кои се организираат во Забел (Старо Нагоричане ...) и во Ново Лисиче ...
Десно се конаците кои се многу стари и руинирани ...
Најпрвин ке пишам за Црквата во која сум крстен, а моите родители венчани ... Успение на Пресвета Богородица во Забел Старо Нагоричане ... До црквата се стига од повеќе села во околината на кои овој манастир им служел за верските обреди ... Старо Нагоричане, Чолопек, Никуљане, Четирце, Стрновац, Драгоманце ... а на прославите на овој ден порано се организираа и големи народни прослави попознати како “Собори“ ... тогаш доаѓаа и млади и стари (особено млади ...) и од подалечните села како Младо Нагоричане и други соседни села ...
- Ова е микро локацијата на Манастирот од maps.google.com/maps ... местото е во една долина која некојпат била обрастена со густа шума ... и денеска тука во близината има густа борова шума ... но на лице место има највеќе брест ... за жал најголемите бресја во близината на црквата ги исече прдходниот поп, кој од нив правел куќа во Куманово ... Божјата промисла направила - таа куќа која била дивоградба биде срушена ... никој не го сакаше тој поп заради неговите сплеткарошки особини и лакомост ... слушам дека е сменет ...
- 100 метри е висинската разлика од блиските брда кои го штителе манастирот во времето кога во него се водел активен манастирски живот ...
- Од селото Старо Нагоричане до Манастирот Забел има неполни два ипол километри ...
- За да стигнете во селото Старо Нагоричане еве ви уште три maps.google.com линка - Скопје - Куманово ... Патот М-4, кој кај Милодиновци влегува на автопатот Е75 ... М-1
- Куманово - Младо Нагоричане ... Од автопатот Е75 ... М-1 се вклучуваме десно на патот Е871 т.е. М-2 ...
- Кај двете вулкански карпи - Младо Нагоричане ... се врти лево по патот према Старо Нагоричане т.е. Прохор Пчињски ...
- сигурно ке ви помогнат и овие три мапи - прва, втора, трета ...
Патот од Старо Нагоричане до Забел кој е прибчижно околу 2.5 километри, е возможен од две страни но е прооден само за теренски возила ... може и со патничко возило но само до близината на Манастирот ... крајните 200 метри може само пеш бидејки е голема надолница и осем со трактор и со Џип, друг превоз не е возможен ако го исклучиш магарето ... за да дојдеш до манастирот секако ке ти треба водич од Старо Нагоричане, бидејки патот до манастирот не е обележан ... Во манастирот од скоро време има струја, а и водовод е можен од регионалниот водовод ...
Самиот манастир има неколку бунари бидејки е на висинска разлика од десетина метри од блиската Серава ... а некојпат имал и извор во височината над него ... од него до чешмата во манастирот има водовод ...
На горната слика убаво се гледа дека чешмата е сместена во приземниот дел на Манастирските конаци ... долниот дел биле штали, а горните спратови се конаци ... конакот подсеќа на архитектурата на конаците од блискиот Манастир Св.Прохор Пчињски ... навистина е штета што едно вакво културно наследство го јаде забот на времето ... Во околината на местото има и простории каде се приготвувала храната и чувале продуктите ... за манастирскиот комплекс Забел се знае дека бил центар на духовниот живот во овој крај во кој имало доста школи и голема библиотека ... преставувал и центар на писменоста на овој крај ... во турскиот период одиграл улога на место каде се организирал отпорот против турците ... со овој дел од историјата на манастирот имам и семејна историја ... имено дваица од мои пра,пра,пра дедовци кои службувале/попувале во време на организирање на буната против турците, по неуспехот на буната и останувањето на овој дел на Маледонија под турска управа биле откриени, фатени ... едниот е погубен во самиот Манастир а другиот е однесен во казаматите на Солун од каде се нема вратено ...
- Црквата "Пресвета Богородица" во манастирот "Забел" е изградена 1330 година, но како и повеќето православни светилишта во Македонија, во времето на турското владеење била целосно срушена.
- Според легендата што ја прераскажуваат жителите од овој крај, од разурнатиот манастир останале само три гроба во олтарот. На некој човек од селото му се сонило дека во еден од гробовите има скриено богатство, со кое треба да се обнови стариот манастир. Тој навистина откопал злато, а потоа отишол кај игуменот во матејчкиот манастир да побара согласност од Цариград да му дозволат да го подигне светилиштето.
- Обновата почнала во 1852 година. На темелите на старата црква, со димензии од 12 на 7 аршини, за четири години бил изграден новиот храм. Мајсторите го поставиле и олтарот, но не успеале докрај да го изработат фрескоживописот и внатрешно да ја уредат црквата. И по толку години постоење, досега никој не се нашол да ја уреди црквата.
- Манастирот "Забел" се наоѓа на тромеѓето меѓу селата Никуљане, Старо Нагоричане и Челопек, на петнаесетина километри од Куманово. Местото на кое е изграден потсетува на гнездо. Неговата скриеност од сите страни и зафрленоста не биле пречка ова духовно светилиште некогаш да врие од луѓе и живот.
- "Порано тука се вкрстувале многу патишта, па во манастирот доаѓале многумина верници и патници-намерници, кои ноќевале во конаците. Со својата плодна земја и густа шума, манастирот бил еден од најбогатите во земјата. Го опслужувале дваесетина семејства, кои одгледувале над 200 овци, 20 грла крупен и ситен добиток.
- Во манастирскиот двор имало неколку бунари, амбари, воденица за мелење брашно, фурна и се друго што му требало на едно богато селско домаќинство. Во него, се до средината на минатиот век, живееле и калуѓери. По војната тие биле протерани и животот во манастирот замрел", вели Слободан Јовановиќ од Старо Нагоричане, претставник од црковниот одбор.
- Негрижата и запуштеноста довеле до целосно распаѓање на конаците, шталите, помошните простории. Распаднати се и манастирските порти. Руинираните објекти немо сведочат за негрижата на човекот кон духовното наследство.
Внатрешноста на црквата обилува со прекрасни икони од реномираниот Македоски иконописец Дичо Зографот ... вредноста на иконите им е позната и на крадците ... познати се неколку грабежи на иконите од црквата ... во еден наврат иконите се пронајдени и вратени во црквата ... о вториот налет во 2004 година бил погубен за најубавите шест икони од кои и онаа на пресвета богородица сликана од Дичо Зограф ... Иконите сеуште не се пронајдени ...
Сето ова не им пречи на денешните жители од соседните села да ја продолжат традицијата на славење на празникот Голема Богородица ... како што гледате од сликата секоја година се организираат нови прослави, каде се бира кум за идната година ... жалам што немам моја фото сторија од некои од прославите на кои сум присаствувал ...
Убави напис околу случувањата за Голема Богородица можете да прочитате на интернет ... мене особено ми се бендиса - "РАДУВАЈТЕ СЕ, ЗАШТО СУМ СО ВАС ВО СИТЕ ДЕНОВИ" ... не е случајно што и осветувањето на милениумскиот крст во 2002 година се случи токму на денешен ден ...
клик на мапата за поголема ...
- Старо Нагоричане
- Никуљане
- Челопек
- Бања Стрновац
- Манастир Забел
- Вештачко езеро “Серава-Забел“ ...
- Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане
- Селски гробишта Старо Нагоричане ...
- помогнав во проектот за обнова накровот во Св. Ѓорѓи Старо Нагоричане и обновата на звониот ...
- однесов екипа од Заводот за заштита на споменици на мој трошок ... археолог, архитекта, фотограф, геометар, Директор на заводот за заштита ... за да се стави Манастирскиот комплекс Забел под неопходна заштита на државата како културно историјски споменик од прв ред ...
- помагав околу работењето на општината во разни други проекти, но највеќе во проектот на пронаоѓање на нови извори на питка вода за Старо Нагоричане и околијата ...
- правилно искористување на потенцијалот на Бањата Стрновац ...
- и други проекти ... во соработка со Градежниот Институт Македонија - Скопје, Завод за Геотехника ...
- Во еден од тие проекти се роди и идеја за облагородување на околијата на манастирот со вештачко езеро како што е дадено на сликата ... поле 6 ...
- Површина на слив: 30 км 2 ...
- Зафатнина на акумулацијата 0.7 - 1.0 х 10 на шеста м3 ...
- Висина на браната 18 до 20 метри ...
- Должина на круна 180 метри ...
- Должина на акумулација 1000 метри ...
- Оваа акумулација би била повеќенаменска, за обезбедување на квалитетна санитарна вода и вода за стопански цели за наводнување ...
No comments:
Post a Comment