Нимиц по кој знае кој пат е во Македонија да ги слушне нашите ставови за мислењата и предлозите кои ги има, согласно мандатот што му е доделен од ООН ... за жал овојпат нашите учесници во преговорите (Председателот и Премиерот ...) не можеа да ги надминат суетите и Нимиц го примија во одвоени посети ... На маса на разговорите биле ставовите кои се однесуваат околу можното име ... се шпекулира со четири варијанти на името “Северна Македонија ...“... име кое само по себе без никакви додавки одговара на вистинската состојба на работите во однос со целокупноста на Македонија како географски поим ...
Чуди потребата на Нимиц во Македонија да се сретне со највисокиот државен врв ... а во Грцијата само со преговарачот Василакис ... Веројатно она што сега го планира Нимиц како предлог не оди во прилог на грчката страна ... По преговорите забелележлива разлика имаше во изјавите на Нимиц и Премиерот Груевски ...
- додека Груевски тврдеше дека не` не очекува скорешно успешно завршување на преговорите, поради ставот на Грција да преговара но со намера да не се договори ... да ги одолговлекува преговорите, со намера Македонија да биде притисната од економски проблеми ... да ги кочи НАТО и ЕУ интеграциите бидејки едноставно и се може ... Груевски навести јавно дека Македонија во ваков случај има план б) кој се состои во силно внатрешно развивање на економијата на Македонија и исполнувањето на стандардите кои се бараат во ЕУ интегрирањето ... единствено не кажа дали тоа има одреден рок и дали Македонија може да го издржи тој притисок ... т.е. кога ке настане преломниот момент кога Македонија ке може да се надева на НАТО и ЕУ интеграциите ...
- можеби Груевски спрема и план ц) а тоа е напуштање на преговорите и покранување на прашањето за нашето име во советот за безбедност, со силна подршка на пријателите на Македонија (веројатно САД дипломатијата ...) ... такво нешто заговара и СМК - Македонско-грчката времена спогодба пред уставен суд! ...
- Од друга сттрана Нимиц тврди дека и во Македонија и во Грција има посветеност на одговорните политичари да се реши спорот ... и ги убедува МК политичари дека сега е добро време да се најде компромис за името ... не навлегувајки во другите спорни точки кои Македонија ги има со Грција ...
Еве како нашите медиуми низ свои написи ја пренесоа средбата на МК политички врв со Нимиц:
- Нимиц имал две формулации за името ... Утрински ... „Имам чиста претстава што можат да прифатат тие, а што не можат да прифатат“ ... „Не е тајна дека бараме формулација што ќе ги задоволи двете страни во преговорите“ ... Пред доаѓањето на посредникот во Скопје, имаше средба меѓу шефот на државата и премиерот на која бил усогласен заеднички став. Меѓутоа, тоа што ги изненади новинарите беше тоа што Нимиц од Црвенковски и од Груевски беше примен на одвоени средби. ... нема рок до кога треба да се реши спорот со името, но подвлече дека овој период е многу важен за преговорите и дека не треба да биде пропуштена шансата спорот да биде решен. ... Околу тоа што ќе се случува со предлогот, „Елефтерос типос“ шпекулира дека врз база на предлогот „Северна Македонија“ би можеле да следуваат конечни преговори меѓу Атина и Скопје под надзор на САД за време на претстојното заседание на Генералното собрание на ОН во Њујорк. ... Грчката страна шпекулира дека притисокот на Америка врз Грција за конечно ставање точка на овој спор е премногу јасен поради грчкото вето за прием на Македонија во НАТО на Самитот во Букурешт во април годинава. Грција не е во добри односи со сегашната администрација во Вашингтон ...
- ГРУЕВСКИ ЈА ОБВИНИ ГРЦИЈА ДЕКА НЕ САКА ДА ГО РЕШИ СПОРОТ - Вечер ... Премиерот Никола Груевски, пак, ја обвини Грција дека не сака решение на прашањето за името, барем не до изборите во Европскиот парламент во средината на 2009 година. ... Грција "ќе направи се, овој процес, сега во септември да заврши со неуспех", за што, според него, Атина ќе се обиде ја обвини Македонија. ... Македонската влада сака и работи на решавање на спорот, но "не по секоја цена", потенцира премиерот - Точно знаеме што сакаме да постигнеме, кои се нашите позиции и ги имаме презентирано секаде каде што треба. Какви било стратегии и игри од страна на Грција ќе бидат контрапродуктивни за нив, истакна Груевски, додавајќи дека Владата е сериозно зафатена со подготовка на земјата за членство во НАТО и во ЕУ... ....
- Светскиот македонски конгрес вчера поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на Законот за ратификација на привремената спогодба меѓу Македонија и Грција, склучена во Њујорк на 13 септември 1995 година, со којашто се суспендира една третина од одредбите Уставот на државата Македонија, со единствена цел за итен и безусловен прекин на разговорите за државното име, како флагрантно кршење на Уставот и на меѓународното право. ... Бидејќи Привремената погодба се уште не е ратификувана во Грција, ниту грчкиот Парламент има намера тоа да го стори, а во услови на реципроцитет во односите меѓу двете држави, ако за Атина, Привремената согласност е во сила без ратификација, таква позиција треба да воспостави и Македонија - велат од СМК, напоменувајќи дека тоа е потребно поради фактот што Владата во Атина стави вето за членство на Македонија во НАТО-Алијансата на самитот на НАТО во Букурешт, тоа го најавува и за Европската унија. ... Светскиот македонски конгрес уште еднаш ги предупредува претседателот и премиерот дека игрите со името нема да поминат кај Македонците во целиот свет и дека секоја придавка и додавка на државното име претставува велепредавство за кое не постои никакво оправдување а ќе предизвика дестабилизација на Македонија и регионот, и дека името на македонскиот народ нераскинливо е поврзано со името на државата Македонија - додаваат од СМК. ...
- НИМИЦ СО МАКЕДОНСКИОТ ДРЖАВЕН ВРВ - Отворен пакетот со надеж ... Дневник ... По четири варијанти на Северна и на Горна Македонија за меѓународно име, со препорака да го користат и оние што
веќе не признаа под уставното: Метју Нимиц вчера во Скопје ... - Нимиц миц по миц - Шпиц ... Добив добри формулации од Скопје во врска со моите предлози и варијанти што им ги понудив на двете страни во Њујорк. ...
- НИМИЦ НА РАЗГОВОРИ ВО СКОПЈЕ И ВО СОЛУН - Сите бараат решение, никој не сака да го најде ... Време ... Либералната партија на Македонија вчера со соопштение побара Владата да подготви и да му предложи на Собранието платформа за идното постапување на Република Македонија во разговорите за разликите за името со Грција. ...
- Нимиц предлага ново меѓународно име ... Нова Македонија ... Меѓународниот посредник во спорот за името Метју Нимиц вчера, на средбата со македонскиот државен врв, предложил име што ќе се употребува во меѓународните односи, без задирање во името на нацијата, јазикот и во внатрешната употреба на името. ... предлогот на Нимиц содржел повеќе варијанти на имињата Северна и Горна Македонија, при што придавката најчесто била во заграда. ... Во предлогот било предвидено името на нацијата и името на јазикот да бидат јасни - македонска нација и македонски јазик. ... Македонија би требало да им препорача на над 120-те држави што веќе нè признаа под уставното име, меѓу кои се и САД, Русија, Турција, Кина и други, во иднина односите да ги водиме под новото меѓународно име. Но ова би било само препорака, без обврска тоа и да се спроведе. ... грчките власти соопштија дека немаат причина да се сретнат со Нимиц затоа што нивните ставови му се познати. ... ... Грција досега инсистираше договореното име да важи за сите меѓународни употреби со сите земји, како и да биде име за внатрешна употреба во Македонија, што би значело менување на македонскиот устав и сите лични документи. ...
- Нимиц во Скопје на средби со државниот врв ... А1 ... Разни варијанти на „Северна“ и „Горна Македонија“, во заграда или со цртичка или само како додавка. ... За непромена и на македонскиот идентитет, македонскиот народ и јазик, тие не се ставаат под прашање во некој од предлозите на Нимиц, ниту пак досегашните земји кои не признале под уставно име. ... Нимиц е одлучен, сака да разговара само за името, се друго претставува товар. ...
- Реакции во Грција за посетата на Нимиц ... А1 ... Проблемот е во Скопје и таму треба да се решава, велат високи грчки дипломатски извори, кои утрешната средба во Солун ја оценуваат како формална. ... Доколку Скопје не се откаже од својата политика, ние ќе учествуваме во преговорите, но нема да инсистираме на брзо решение, велат во Атина. ...
- Владата тврди дека со Нимиц не е разговарано за конкретни имиња ... А1 ...
- СМК бара поништување на привремената спогодба со Грција ... А1 ... Македонско-грчката Времена спогодба е пред Уставниот суд. ...
- Варијанти на Северна и на Горна Македонија за меѓународна употреба, но незадолжително во билатерала ... Канал 5 ... Предлог платформата на Нимиц е сведена на три компоненти - имиња околу кои се бара усогласување на двете страни, препорака но не и обврска до државите да го користат новото договорено име во билатералната комуникација со Македонија, без проблематизирање на прашањата на идентитетот - македонската нација и јазик. ...
- САД сакаат побрзо решавање на спорот со името на Македонија, тврди кипарски весник ... канал 5 ...
- САМО ИМЕТО ОСТАНУВА ВО ЦЕНТАР НА ПРЕГОВОРИТЕ - НИМИЦ БЕЗ КОНКРЕТЕН ПРЕДЛОГ ВО СКОПЈЕ ... Сител ...
- ИЗЈАВА НА ПРЕМИЕРОТ ПРЕД СРЕДБАТА СО НИМИЦ - ГРУЕВСКИ - ГРЦИЈА НЕ САКА ДА СЕ РЕШИ ПРАШАЊЕТО ЗА ИМЕТО ... Сител ...
- ГРЧКИТЕ ВЕСНИЦИ ГО КОМЕНТИРААТ ДОАЃАЊЕТО НА НИМИЦ - НИМИЦ ВО СКОПЈЕ СО НОВ ПРЕДЛОГ?! ... Сител ... Според истите, Нимиц му дал рок на македонскиот државен врв да се изјасни по неговиот нов предлог до крајот на септември. На основа на тој план, ќе има можност за преговори меѓу Атина и Скопје, под закрила на Вашингтон, а во рамките на сесијата на Генералното собрание на Обединетите нации. ... Ако спорот со Грција не се реши во следните два месеци, перспективите за негово решавање во иднина ќе бидат уште помали, зашто ова прашање не се очекува да биде на листата на приоритети на новото раководство на Вашингтон, ...
No comments:
Post a Comment