Search This Blog

Monday, August 25, 2008

Вредиме толку - колку што вредат нашите спортисти ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CEBE11789CF5D04DB03959AA3AAE5982.jpg

Олимпијадата беше и завтши, гледав само некои секвенци на вестите ... се прашувам зошто не ми беше интересна олимпијадата ... дури ни кошарка не гледав ... можеби е до годините ... а можеби затоа што немав за кого да навивам ... некогаш спортистите од ЈУ значеа нешто во некој од спортовите ... Македонските спортисти не се во состојба ни нормите олимпијски да ги исполнат ... оние кои се со покана, се само манекени спортисти за да ни го има знамето на олимпијскиот јарбол ...

читај повеќе »

Вредиме толку колку што вредат нашите спортисти ... нели спортот и културата се наши најдобри амбасадори ... наинтересен дел на олимпијадата за нас беше додека грците не успејаа да не фиромизираат и останатите ... до тогаш и светот слушаше/пишуваше за нас ...

Еве да се запрашаме кој дел од нашиот спорт вреди ...

  • Фудбалот ни е спорт во кој нема гледачи ... осем Пандев друго име кое нешто значи во врвниот фудбал немаме ...
  • Од кошарката можеби треба да очекуваме малку повеќе во иднината кога ке почнат поинтересни утакмици во новата сала ... немањето на сала ја врати кошарката назад ... на клупските средби осем во Струмица и Кавадарци публика скоро и да нема ...
  • Ракомет е можеби нашиот најквалитетен колективен спорт и кај мажите, особено кај жените ...
  • Одбојка и тука има некакви успеси на Работнички во европската лига но на репрезентативен план не сме никава сила ... значи работнички има странски играчи ...
  • По мене клупските спортови треба да се остават на бизнисмените/менаџерите тие да ги развиваат ... Македонија тука треба да помогне со даночната политика ... да го ослободи спортот од стегите на даноците ... барем во некои спортови каде имаме шанси ...
  • Еве ватерполото на пример ... со привлекување на неколку странски играчи стигнавме до едно шесто место на европско првенство а сме учесници и на светско ... тоа е веројатно патот и за кошарката и ракометот ... можеби дури и за фудбалот ...
  • Државата може да помага највеќе во индивидуалните спортови ... таму има најмали инвестиции по единица на спорт а медалот се брои ... химната се свири ... те има во прегледот на земји кои освоиле медали ...
  • Некаков минимум на спорт има во основните школи, во средните веќе паѓа интересот за спост ... а факултетите се бават со спорт за секого, наместо да се бават со привлекување и финасирање на индивидуален спорт ... ова особено важи за приватните универзитети ... голема реклама за секој универзитет е да се појави некој олимпиец со медал и да каже јас успехот го постигнав благодфарејки на мојот универзитет ...
  • Додека не се случи некој драматичен пресврт со односот на државата кон спортот олимпијадите нама да ни бидат интересни за гледање ... ке не раздрма само некој врвен спортист од светски ранг кој е за неколку должини пред другите ... како што на овааа олимпијада беше остварувањето на повеќето неочекувани светски рекорди - особено на 100, 200, 4х100 мети мажи ...

Како поминаа земјите од нашето соседство на олимпијадата ... На листата на земји кои освоија медали највисоко е:

  • Романија 17 место ... 8 медали 4 златни 1 сребро 3 бронзи
  • Словенија 41 место ... 5 медали 1 злато 2 сребра и 2 бронзи
  • Бугарија 42 место ... 5 медали 1 злато 1 сребро и 3 бронзи
  • Хрватсска 57 место ... 5 медали 2 сребра и 3 бронзи
  • Србија 62 место ... 3 медали 1 сребро и 2 бронзи
  • 81 земја освоиле медали ... по усопехот на нашите спортити веројатно сме таму некаде меѓу 100 и 120 место ... таму каде сме и на некави други листи каде си го мериме со светот ... тоа е реалниот приказ на нашата вредност во светски размери ...

2 comments:

Anonymous said...

[url=http://acquistocialisfacile.com/#15045]acquisto cialis[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#4062 cialis

Anonymous said...

[url=http://acquistocialisfacile.com/#56811]comprare cialis[/url], cialis, http://acquistocialisfacile.com/#87223 cialis senza ricetta

Blog Archive

Site Meter