Со измените на законот на Законот за надворешни работи, како да се ствара место за влез на нови луѓе надвор од расположивите кадри во дипломатијата и министерството, имено со новиот закон се овозможи:
- намалувањето на процентот од две третини на една четвртина амбасадори кои би се именувале од редовите на професионалците во Министерството за надворешни работи (МНР)
- измените кои на министерот му оставаат простор сам да решава околу начинот на проверка на исполнетоста на условите на кандидатите за амбасадори ... и нивната подготовка за преземање на одговорноста, обука и начинот на завршен разговор ...
- со новиот закон продолжено е дискреционото право на министерот да испраќа вработени од Министерството во дипломатско-конзуларните претставништва (ДКП) од шест месеци на две години без објавување интерен конкурс ...
- но и избор на генерални конзули надвор од редовите на МНР ...
- Измена на роковите е направена и во поглед на тоа колку пати државниот службеник може да го полага дипломатскиот испит, од еднаш на двапати,
- намалување на годините на работење во МНР пред да се добие тоа право - од две на една година,
- но и скратување на времетраењето за повторно упатување на работа во ДКП по поминати не 24, туку најмалку 12 месеци во Министерството.
Сево ова значи поголема партизација на македонската дипломатија како и централизација на улогата на шефот на дипломатијата во поглед на одлуките, а пред се' на кадровските решенија ... што представува напуштање на определбата на стварање на дипломати од кариера - преку професионализација на дипломатијата, која ке се црпи од редовите на Министерството за надворешни ... Министерот сето ова го правда заради немање на доволен кадар во МНР ...
Со новиот закон се намалуваат ингеренциите на Претседателот во:
- отповикувањето на амбасадорите,
- именување специјални пратеници на претседателот,
- но и во доменот на давањето инструкции за работа на специјалните пратеници и амбасадорите.
- сега амбасадори ќе може да отповикува и Владата врз основа на нејзина уредба ...
No comments:
Post a Comment