Search This Blog

Thursday, August 28, 2008

Како до БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane

На постот - БАЊА СТРНОВАЦ - Старо Нагоричане ... BANJA STRNOVAC - Staro Nagoričane ... Ви одсликав како изгледа сега бањата и како изгледала некогаш ... имаше малку и лична содржина бидејки таа е на само 2 километра од мојата родна куќа ... во нејзината блиска околина имам и лична сопственост, обработливо земјиште и овоштарник ... бањата е во моите најдобри спомени од моето детство до денешни дни ...

На овој пост ке прикажам како да стигнете до Бањата Стрновац ...

читај повеќе »

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/SkopjeKumanovo-Large.jpg?t=1219855903

Клик на сликата за поголема ...

  1. Скопје Куманово е автопат 40 километри ...
  2. Ако не сакате да влегувате во Куманово продолжете по автопатот уште еден километар и веднаш излезете на првиот излез ... патот води кон Крива Паланка и Бугарска граница ...
  3. Кај Младо Нагоричане, некаде на 12-тиот километар од Куманово, т.е. кај вулканските три карпи од кои едната е познатата Костоперска карпа ... свртувате лево за Старо Нагоричане т.е. Прохор Пчињски ...
  4. Кога ке дојдете кај селото Старо Нагоричане, на вториот влез во селото вртите десно према реката Пчиња, некаде на 6-тиот километар од Младо Нагоричане ... постои мала табла на која пишува “Бања“ ...
  5. По тесното асфартирано патче одите до самата бања околу 2 километри ...
  6. На крај последните 150 метри се макадам добро набиен и припремен за асфалт, веројатно околу локалните избори ке биде асфалтиран ...

Од помош може да ви бидат и овие две карти кои ги најдов на нет:

http://www.dunav.org.il/images/maps/map_macedonia_ne.jpg

Клик на картата за поголема ...

http://images.nationmaster.com/images/motw/europe/macedonia_ne_1959.jpg

Клик на картата за поголема ...

Ке пробам да Ве водам и со maps.google.com/maps ...

  1. Скопје - Куманово ... Патот М-4, кој кај Милодиновци влегува на автопатот Е75 ... М-1
  2. Куманово - Младо Нагоричане ... Од автопатот Е75 ... М-1 се вклучуваме десно на патот Е871 т.е. М-2 ...
  3. Кај двете вулкански карпи - Младо Нагоричане ... се врти лево по патот према Старо Нагоричане т.е. Прохор Пчињски ...
  4. Тука се врти десно кај вториот влез за Старо Нагоричане ... има мала табла “Бања“ ...
  5. Ова е самата бања во коритото на Река Пчиња ...
  6. Сите линкови се живи, можете “ин лајф“ да одите лево десно горе доле ...

2 comments:

Unknown said...

Волан, бевме у твоето село и ја видовме прекрасната црква. И продавницата беше добро снабдена. Најдовме дури и алкални батерии :)
За жал, немавме време за на бања, завршивме покрај Пчиња (нашата скара беше поарна), а после прво гледавме залез на Кокино, а потоа и помрачување на месечко.
Кога ќе одиш следниот пат за бања, да се јавиш :)

Photo Volan said...

Жарко, случајно дознав дека спремате излет за Кокино, чекам сторија или барем некоја фотка ... Се јадев што тој ден неможев да Ви се придружам макар ненајавено ... знаев дека ке поминете убаво бидејки бевте убаво друштво ...

За мене важи да те канам кога ке одам ... а за тебе важи да не ме заборавиш ако веќе си се договорил да одиш ...

Се сеќаваш на нашиот договор ... јас да те водам во мојот крај а ти во твојот ... но има време ке се договориме ...

Ке следи за некој ден конечно мој и пост за црквата во селото Старо Нагоричане Св.Ѓорѓи, бидејки конечно направив мои добри фотки од таму ... а денеска ке пишам нешто за блиската црква во Забел ... 2 километра од Старо Нагоричане која е посветена на Голема Богородица и во која сум крстен, бидејки црквата во селото во тоа време беше само културно историјски споменик ...

поздрав.

Blog Archive

Site Meter