Search This Blog

Thursday, August 21, 2008

Блогерска солидарност ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/P8150736Large.jpg?t=1219251138

Во просториите на Метаморгозис се одржа средба на неформална група на блогери кои се вклучени во една листа од Гоогле група ... околу осумдесетина блогери ... листата е стара повеќе од двепол години ... Метаморфозис тука ја најави средбата ...

читај повеќе »

1. Vpechatoci za dosegashniot razvoj na MK blogosfera
2. Tekovni predizvici i zoshto da ni bide gajle za niv
3. Zgolemuvanje na lokalni e-sodrzhini,
4. Iskustva so Kriejtiv komons...
5. ...shirenje na MK sodrzhini na drugi jazici kako na pr. preku Global
Voices Online

Ова горе требаше да биде рамка ма муабетот ... Развигор направи кратка промеморија од нафрлените теми и констатации во муабетот:

1. Впечатоци за досегашниот развој на МК блогосфера

  • Старосна структура на македонската блогосфера?
  • Ажурирање на хронологијата на македонска блогосфера.
  • „Групно“ наспроти индивидуално пишување: р-еволуција
  • „Блогерајот“ оди во правец на политиката - Струмјан
  • Дарко: Затвореност на корисниците на blog.com.mk во однос на блогови на други платформи. Во што е бариерата?
  • Виолетова: недостаток на време, наспроти лесната организација и достапност на содржини на блогерајот.
  • Волан: постои потреба од агрегатор од сите платформи со слична организација како blog.com.mk.
  • Дарко: замката со агрегаторот е колку и кои ќе ги ставиш?
  • Василка: слаба претстава на Мк блогерска заедница за начините на следење на др. блогови.
  • ПетарК: мешање на читатели и пишувачи на блогови. Не е од толкаво значење каде ќе одат блогерите, туку читателите.
  • Вероника: популаризирање наспроти индивидуалност... не може да се наметнува изборот кој што да чита. Затоа најдобра алатка е RSS, оти овозможува најдобар индивидуален избор.
2. Tekovni predizvici i zoshto da ni bide gajle za niv
  • Дарко: според законот сопственик на печатен медиум нема право да има е-медиум
  • Вероника: што во случај на изнесување клевети
  • Анастас: што во случај кога некој злоупотребува нечив идентитет
  • Мирјана: подготовка на стратегии за акција во случај на загрозување на слобода на изразување
  • Сандра: презентација на мк блогосфера пред меѓународни организации и во европски држави
  • Ирена: паранојата може е скриена желба да бидат блогерите битни па некому да му пречат. методи за предизвикување автоцензура. Што со луѓето што се платени да користат блогови за нивна промоција и да вршат притисоци врз други блогери.
  • Мирјана: хајки преку групи на блогери,граници кога преминува во вознемирување.
  • Џаман: светски тренд на намалување на слободите.
  • Вероника: непотребно се крева тензија.
  • Мирјана: блогерите треба да го знаат законот за да ја искористат ширината на законската норма, на пр. во врска со клевета. Законот дозволува слобода во случаи на сериозни анализи и дискусии. Треба превентивно да се изгради начин како сите да рипнат. Да се дефинира црвено копче.
  • Владо: како би изгледало тоа технички? ... Околу паранојата. Досега нема осетено последици за експлицитни изјави на блог и во Шпиц.
2.1 Меѓублогерска солидарност и закани врз блогерите од пререгулирање на интернет
2.2 Создавање и користење мрежи за реагирање во случаи на загрозување на човекови права
3. Зголемување на локални е-содржини
3.1 обуки за блогери и твитери
4. Iskustva so Kriejtiv komons...
5. ...shirenje na MK sodrzhini
5.1 na drugi jazici kako na pr. preku Global Voices Online и mkvoice.blogspot.com
5.2 Афирмативна промоција на македонско културно наследство
5.3 афирмирање
6. микроблогирање twitter
7. http://blogopen.eu/ собирање на заедница од сите бившојугословенски земји
8. Разно

Ова е линк од запис за предходната средба ...

Мене лично највеќе ми се виде корисна дискусијата околу таканаречената “блогерска солидарност“ која треба да следи во колку некоја институција на државата се обиде да воспостави правила за пишување на интернет ... и одтаму да изрекува казни - за написи нои не се на линија на некоја структура во државата ... такви искуства за напад на блогерски текстови/написи се познати од хрватскиот пример, од кинеските примери и од некои други случаеви ...

Низ дискусијата се разви мислење дека МК интернет простор во кој делува и МК блогосфера треба да остане недопрено место каде секој слободно ке се изразува, ке изнесува свои мислења и ставови без страв дека заради изнесено мислење ке има последици ... особено сето ова се актуелизира со скорешнота можна измена на законот за следење на електронски комуникации т.е. негова измени ...

Соодветен одговор за ваков напад на слобода на изразено мислење на некој блогер ... се посечи дека треба да биде палење на “црвеното копче“ и известување на внатрешните и особено меѓународните НВО-а што се бават со правата на човекот ... тука секако спаѓа и таканаречената блогерска солидарност која треба да се изрази преку бројни написи за еден таков настан ... и бројни известувања на сите можни адреси ... практично би било некој кој ги знае тие адреси и мејлови да ги изнесе во свој пост или еве простор тука во коментар на овој пост ... значи кои се сеоодветните внатрешни и надворешни адреси и мејлови на кои треба да се обраќаме кога ке се запали црвеното копче дека на некој блогер му е загрозено правото слободно да се изразува и да изнесува свои размисли на својот блог ...

Се популарната Interpreter's Blog на свој пост склепа убава хаику кумановска ... се разбира на темата Блогерска солидарност и можните напади врз блогери ...

Ајмо полиција
камо акција,
нема ситуација
нема паре
у банке комерцијале

Немав банкари
воду у очи
нит па трепке,
у лотарију
нема гребке

Нема паре
нит за спонзоруше,
ни за сливе скоруше
нема кеш,нема девизе
нема за што
куче да не угризе

Све има
ама полиција нема,
очигледно
орган дрема
врти се поново
некоја стара шема

Сметав ви
Хелсиншки комитети,
разни епитети
смета ви мафија
и тајни рекети,
сметав ви
партиски дрипци
на октопода пипци
све ви смета,
све ве нервира
кад некој шљ
у ране ве дира

Види молим те,
кога ви тој кречите
чии комплекси лечите
ставите не сви у лонац
и добро не згмечите

А не ви смета
коалиције да склапате
државни паре да лапате,
да ме казнуете
за пикавци
за пљуге поштено
платени
за мои права
видно ускратени

Ајмо Полиција
пројде аболиција,
паре од пошту забравите
па се добро опоравите
на работу сви до један
на штедачи живот
е вредан
и бедан

No comments:

Blog Archive

Site Meter