Search This Blog

Wednesday, August 20, 2008

Забрането снимање ... притвор заради снимање ...

http://autoskola-formula.hr/images/uploads/B43_fotografiranje.jpg

Некои работи не можат да се смената од главите на луѓето - особено од полицајците ... тие во се гледаат како на завера ... Незнам како тоа го третира законот, но не сум сигурен дека би требала посебна дозвола за да се снимаат јавните објекти од било каков карактер за потребите на новинарски екипи или сеедно граѓани, кои од нив би правеле документиран фото приказни ... треба ли да биде забрането да се снима во близината на браните или затворите да речеме ... особено оние кои се во оквир на градовите ... мене лично ми се има случено да ми рече полицаец не снимај тука - ова е амбасада ...

читај повеќе »

Првин ако јас сакам да снимам тајни снимки од било што, ке го направам тоа и никој нема да знае дека сум снимал ... сега и весници се читаат од сателит ... сите телефони се прислушни уреди ...Орвел влезе во сите облици на живеењето ... полицијата се опремува со техника за следење од десетици милиони евра и тоа во една мала Македонија ... и сега на некого му посметало што некој од Бугарија снимајки други објекти низ Македонија го снимал затворот во Битола ... оп сослушување ... што правиш тука ... кој ти рече да снимаш ... за каква цел снимаш ...

http://www.focus-news.net/Images/Photoes/15a3cd119cd8f988ba8bd2de83ae733a.jpg

Од сето тоа бугарски фокус направи црна сторија и ја стави МК полиција на столбот на срамот, дека само во МК бугарските фотографи имале проблем да снимаат ... снимале во Србија; Македонија и Грција ...

Сега незнам можеби БГ екипа не ја кажува целата вистина, особено ако биле дрски ... но жално е ако приказната на БГ екипа е вистинска како што е раскажана во БГ Фокус ...

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=IMG_4346%20%28Small%29.jpg

No comments:

Blog Archive

Site Meter