Search This Blog

Loading...

Sunday, August 24, 2008

ГРАДСКА ПЛАЖА - некогаш и сега - Репринт

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/CD7B840700914C4BA9CC640D9A3D9BD8.jpg
Се вели кај што течело пак ке тече, во случајот кај што се бањале, т.е. имало градска плажа пак ке има ... еве горе и доказ ... постот е репринт на мој постар напис ...

http://www.dnevnik.com.mk/WBStorage/Articles/C7B247552BE9524185358361CB65E965.jpg

Жега е - нивите ке изгорат - ... Дали глобалното затоплување го зема данокот ...

http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/684E292DBD41144B8A70E902CD658A89.jpg

Чичево го нашол лекот - Градска плажа на Вардар ... Костовски ја ветува веќе трета година ... Чичево нема време за чекање ...

http://www.utrinskivesnik.com.mk/WBStorage/Articles/6ECA507C4430B541AE6354F6F26A1BC3.jpg

А теткициве пладнуваат во сенка ...

http://www.vest.com.mk/images/%7BFDA84B96-8EEF-41AC-A4D1-96C7F0D6E6C0%7D_foto-2.jpg

А еве како децата во Скопје се разладуваат во центар ...

http://www.vreme.com.mk/images/Image/matka2%20%28Small%29%281%29.jpg

Кањонот на Матка е претворен во своевидно одмаралиште - дотаму само со чамец се стига ...

На блогот Историја Кибицерот лани имаше пост “Скопските плажи

ruska plaza.jpg

И Скопје имало плажа. И тоа не една, туку пет. Опатија, Официрска, Градска, Руска и Џачка. Кога ќе фателе горештини како сегашниве, скопјани, точковите под гз и на плажа на Вардар. А во неделите – фамилијарно. Со торби на гиданите.

По моја проценка, фотографијава е направена на Руска плажа која се наоѓала отприлика на стотина метри пред мостот кај денешен Александар Палас.

Ке едитирам сега неколку фотки од мојата колекција од плажите на Вардар ... Постот ке го пуштам вака недовршен ... ако има некој некоја фотка од плажите нека каже или нека ги прати на мојот меил

volanskopje@gmail.com

Со фотките е добро да има и приказна ...

Кибицерот ми позајми три фотки од неговата колекција врзани со градските плажи на Скопје и Охрид:

http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=Kibicer%20dedo%20i%20baba%20so%20prijateli%20na%20plaza%2086%20%28Small%29.jpg
Снимката иако не е од градска плажа туку од Охрид од Андон Дуков плажата ... стара убава фотка ... Погледнете само како и во тоа време се терало со модните детал за на плажа ... Снимкате е некаде 1951 - 52 година ... Чичко Драган и госпѓа Драгица сега би се гордееле да можат да се видат на фоткава - преку интернет достапна на цел свет ...
http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=kibicer%20-%20%D0%B8%D0%BB%D1%87%D0%BE%20%D0%B8%20%D0%BB%D0%B8%D0%BB%D0%B5%20-%20tato%20i%20teta%2047-49%20%28Small%29.jpg
Фотката е на една од градските плажи во Скопје ... Братчето Илчо и сестричката Лиле ... Убаво стокмени за на плажа таму некаде 51-52 година ... со гланц нови купаќи во цвени дезени ...
http://volanskopje.blog.com.mk/system/files?file=Kibicer%20-%20prijatel%20na%20dedo%2048%20%2828%20juli%201941-44%20g%29%20%28Small%29.jpg
Оваа фотка е снимена на истата плажа - таканаречена Руска плажа како и чичето на првата фотка на сликата со клупата ... Некаде помеѓу 41 и 44 година ... Инаку пријател на дедото на Кибицер ...

Gogle snimka na plazi - odbelezena (Medium).jpg

  1. Центар
  2. Плажата на Пајко мало - каде само се ладеле ногите ... не била вистинска плажа ... Карши неа е нели местото каде се белело платно со почеток на Камени мост па низводно ...
  3. Плажата пред Еврејско мало и преубавите еврејски вили ... со плажи во дворот такаречи ...
  4. Почетокот на Градска плажа пред денешна Влада на РМ ... тука е сврталиштето на најмонденските градски фаци ...
  5. Главнината на Градската плажа пред Градскиот стадион ... Плажа за секого ... На тоа место и јас се капев како дете ...
  6. Руска плажа ... под денешното седиште на Македонскиот Владика т.е. Господин Господин ... Плажа на кое место се собирале најбогатите скопјани ... - Во продолжение на таа плажа била Војничката плажа ... каде се капеле официрите и војниците од касарната која е над нив ... - До Војничката плажа се надоврзува Турската и Циганската плажа ... - А во продолжеток на нив, продолжувала таканаречената Ѓачка плажа - или мангупска плажа ...
  7. Градски Парк
  8. Касарната Илинден
  9. На фотката фали само уште преубавата плажа под Железничкиот мост ... Паметам убаво од железнички мост се џиткаа - ласта, скопски мангупи за да привлечат внимание на скопските цури ... Се џиткаа мангупите и од Камени мост - но често тука се менуваше коритото и имаше расекотини по главите ...

На плажата под железничкиот мост истотака се имам бањато како дете ... имав таму тетка ... а тетками имаше трои машки и едно женско дете ... Најстарото машко беше еден од мангупите што скокаа од железничкиот мост ... Ех... спомени ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/1Glavnatagradskaplazapreddenesnavla.jpg?t=1219485616

Ова е главната градска плажа на Скопје - пред денешна Влада ... Колку убава плажа и веднаш во центар ... Од другата страна биле бавчи под Кале ... наводнувани од една вада на која малку лево од Калето и Шабановата воденица ... Скопската позната мелница за брашно ...

Gradska plaza pred stadion - Image0502-2325.jpg

Градската плажа пред градски стадион ... Од другата страна на Вардар беше руска плажа ... На оваа плажа и самиот сум се бањал ... Од Универзална каде живеев тогаш до оваа плажа има 10 минути пеш ... Ке шмугнев со друштвото на Вардар ... попат ке жвакав од зеленика една зелена билка која растеше и се ползеше како жива ограда - го викавме “кисело весело“ ... во пролет беше најслатко ... Ке дојдевме до плажава и кој со гаќи, кој без гаќи првец во Вардар ... Вардар тука не беше опасен за капење - беше плиток ... но во позадината уште тогаш се вадеше песок и се правеа големи длабоки дупки кои се пулнеа со вода ... е тие беа опасни ... едно дете еден ден го снема во едно од тие езерца ... Но да се вратам на капењето ... На крај ако се капеввме со гаки - најчесто кога ке искочевме гаките тешко се сушеа - а дома мора сув да отидеш ... Финта за сушење ни беше ги симнуваш гаките до колена и тука ги вртиш во круг и така од памукот брзо ке ја истискавме водата и додека дојдеме до дома суви бевме ... Ех детство ... На враќање ако беа слободни гондолите за љуљање - ко чамци беа (кај денешно езерце кафеаната) - неколку минути до воздух одевме ... Качени дваица еден од една страна друг од друга страна на гондолата и со наизменично земање на замав одевме скоро до вертикала ... Ех ... детство ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/2CamcitezaljuljanjevoGradskiparkLar.jpg?t=1219485749

Еве успеав да најдам фотка од лулашката со гондолите ... ех спомени ... колку само сум се лулал на овие ...

Gradska plaza pred gradski park - Image0502-2325.jpg

Убава фотка во боја снимена од сегашен Градски парк во правец на Кале и градските плажи ... Фоткава е ретуширана и е додадена боја .... немаше во тоа време можност за фотки во боја ... но имало добри мајстори за ретуширање и боење на слики ... Сега е полесно Фотошоп и се е можно ... секако треба и мајстор да си за Фотошоп ...

Ostrov pred Ruska plaza karsi gradski park - fotka vo kolor.jpg

Ова е еден оствов на Вардар кој тука често се правел и е идеален за капење ... Снимено е некаде под резиденцијата на Владиката во правец на Кале и Градски парк ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/3PredRuskaplazakarsigradskiparksnim.jpg?t=1219485806

Фотка пред Руска и градска плажа снимена од повисоко во правец на Кале и Градски парк - снимена некдаде пред крајот на летото ...

Фотка од уште поширока перспектива ... тука убаво се гледа шабановата воденица и вадата ...

Еве уште поширока перспектива на плажите на Вардар некогаш ... Колку е само широк Вардар ... На фоткава убаво се гледа од каде е зајазувана водата за Јазот кој течел покрај калето и ги наводнувал бавчите под Калето а служел секако и за покренување на каменот на Шабановата воденица ...

Pred evrejsko malo vo pravec na Kale.jpg

Фоткава е сликана пред Еврејско мало во правец на Калето ... Пред да се изгради стариот театар ... Видете каде завршувал јазот од Шабановата воденица кој исто нели ги наводенувал и бавчите под Калето ... И оваа плажа веројатно била популарна ... Големата зграда од лева страна на фотката е првата Воена болница на Скопје ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/6PodkaleLarge.jpg?t=1219488055

Видете ги само какви раскошни вили имало во Еврејското мало ... Плажата им била во дворот ... прекрасно ... Евреите одсекогаш знаеле да градат убави и раскошни куќи ... Хитлер им бил само болно љубоморен ... како и многумина други кои не ги трпат евреите - кои со својот труд, знаење и умешност одсекогаш и секаде биле во побогатите слоеви и едни од најучените луѓе во своите генерации ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/4pajkomalaLarge.jpg?t=1219485947

Еве каде Пајкомајци некојпат се разладувале ...

http://i288.photobucket.com/albums/ll164/volanskopje/5KamenimostLarge.jpg?t=1219486008
Некојпат водите на Вардар не само што биле бистри и чисти за бањање и разладување на Скопјани ... туку во водите на Вардар се белело платно ... доказ за тоа е горната фотка ...

Belenje platno pod kameni most - vo pokrupen plan.jpg

Еве уште еден доказ на горната фотка - колку платно се белело тука ...

Реката Вардар на скопските граѓани во летниот период им овозможувала пријатно разладување од високите температури, но ги задоволувала и нивните секојдневни потреби. Освен капачи, честа глетка на реката бил и добитокот што се поел, а се миеле и коли, се перела облека, килими, черги и др.

Местата на реката каде што скопските граѓани можеле да се капат биле одредени со наредба од управата на градот.

Капењето било дозволено на просторот од мелницата на Јусуф Морина до електричната централа и водоводот на десната страна, а од мелницата на Јусуф Морина до Железничкиот мост, капењето било забрането. На одредени места можеле да се капат деца на возраст од 15 години облечени во костими, додека за деца под 15 години капењето било забрането. Родителите чии деца биле фатени на плажата, биле казнувани со одредена казна.

Посетата на плажите на реката Вардар, освен како потреба и навика, претставувало мода и начин на живот на скопските граѓани.

Во летниот период, просторот од плажата кај аеродромот, па сé до Ханриевиот железен мост, бил преполн со капачи. Но, и плажите се разликувале според своите посетители. Градската плажа кај Идадија била монденска, а на Руска плажа се капеле газдите и побогатиот свет. На оваа плажа се надоврзувала Војничката плажа, па Турската плажа, Циганската плажа и на крај “Мангупската детска плажа”.

29.1. Стефан Цветанов на плажата “Океан” во 1928 год., МГС инв. бр. 4543

Еден дел од плажата кај тогашното тркалиште на реката, го закупиле браќата Пантић и во 1929 година отвориле модерно капалиште. Ова капалиште било снабдено со 20 посебни кабини за жени и мажи и 4 големи гардероби за 200 лица. Ресторанот на плажата нудел ладно пиење и мезе, музика, песок за сончање, тераса за одмор и гимнастика.

Однесувањето на капачите на реката Вардар било одредено со наредби од управата на полицијата, во интерес на јавниот морал, ред, лична и имотна сигурност. Со наредбата издадена во 1930 год. мажи и жени не можеле да се капат заедно. Однесувањето на плажата морало да биде пристојно, а капачите, облечени во костими за капење, не смееле да го посетуваат ресторанот.

Соблекувалните морале да бидат со брава и клуч и постојано биле дезинфицирани. Капачите кои имале вредни предмети, можеле да ги оставаат своите предмети на реверс. Влезот во капалиштата бил забранет за болни од кожни болести или епилептичари.

Капалиштата работеле до 20 часот навечер, а бил забранет влез за животни. Посетителите кои доаѓале со коли , морале да ја намалат брзината поради големата прашина.

Местата за капење на реката Вардар кои биле одредени од полицијата биле на Ханриевската плажа од Ариф беговиот јаз, низводно до Железничкиот мост, Детската плажа и Главната плажа која се наоѓала под тркалиштето.

29.2. На плажата кај Железниот мост, МГС инв. бр. 4808

29.3. Капачи, МГС инв. бр. 4807

На одредени места капењето било дозволено на двете стани на реката, и тие места биле обележани.

Плажата била едно од местата каде што момчињата им се додворувале на девојките со фрлање каменчиња, ѕиркање во соблекувалните. Ваквото однесување на плажите било забрането.

Продавањето на прехранбени производи на плажите било со одредени хигиенски прописи според кои храната требала да биде чиста и со умерени цени.

За време на жешките лета во Скопје , овие капалишта биле преполни со луѓе. Плажата била место каде што скопјани се собирале и дружеле, каде што се одвивал богат социјален живот во летните периоди. На градската плажа во 1936 година се појавил нудист што било вистинска атракција. Нудистот бил некој неафирмиран млад лекар кој заради реклама, се одлучил на ваков начин да го привлече вниманието. Во 1932 год. во Скопје било основано и првото нудистичко друштво. Во него членувале жени од угледни и богати фамилии. Претседателка на друштвото била Ташана-Шана Виќентијевиќ чиј сопруг бил сопственик на зградата на денешниот Клуб на писатели. Според сеќавањата на тогашните современици, членовите на ова друштво оделе со пајтони во Катлановска Бања, се капеле и се сончале на реката Пчиња, а не ретко и на реките Вардар и Треска на места што не биле посетувани.

Вообичаена глетка на скопските плажи биле скопските фраери кои се однесувале како кавалери и младите девојки со костими за капење од странство, со романтични шешири и чадори.

Костимот за капење претставува најмлад производ на женската мода. Почнал да се носи од почетокот на овој век, откако човекот почнал да ја користи водата за капење. Модата низ вековите не го познава костимот за капење. Обичните луѓе во вода влегувале голи, а други пак со секојдневни или пак со скапоцени облеки. Дури во периодот 1900-1920 год. во светските модни метрополи се појавиле првите модели на костими за капење. Материјалите од кои биле направени костимите биле исти како оние од кои била направена облеката. На скопските плажи се водела сметка за изгледот и материјалот на костимите за капење и посебно било забрането носење на костими од проѕирни материјали

- gradska ... plaza ... Vardar ... Skopskite plazi ... Opatija ... Oficirska ... Ruska ... Djacka ... Pajko malo ... Evrejsko malo ... Gradski stadion ... Vojnicka plaza ... Turska plaza ... Ciganska plaza ... mangupska detska plaza ... lasta ... kameni most ... zeleznicki most ... Gradski park ... Kale ... Sabanova vodenica ... Voena bolnica ...

- Skopje ... Shkupi ... Scupi ... Skop'e - Скопье ... Skópia - Σκόπια -Σκόπια ... Skopie ... Скопие ... Skopiye ... סקופיה ... Скопље ... Üsküp ... اسکوپیه ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter