Со инает држава (фамилија) во услови на демократија, не може да се прави ... не може да опстојува ... Во историјата на нашето практикување на демократијата инаетот и непочитувањето на институциите на системот се редовна практика ...
- албанските партии тоа одсекогаш го правеле - со тоа што “добриот“ го игра оној кој е во владата а “лошиот“ оној кој е во опозицијата ...
- тоа се случува и со МК партии, опозицијата има силна потреба да ги блокира институциите на системот и да ги напаѓа дека се недемократски ...
- а позицијата води инает политика и не ги почитува институциите кои се евентуално во “власт“ на моменталната опозиција ...
- така е и кога имаме Влада од една партија а Претседател од друга партија ...
- така е и со градоначалниците и локалната власт, т.е. оние општини кои имаат не-позицијска власт се маргинализираат ...
- и обратно се помагаат оние општеини кои се од позиционата партија ...
- тоа се пренесува и во судството ... не е случен последниот предлог на Павле Трајанов (гласноговорник на експериментите на влста ...), судиите да одат во пензија на 50 години ... така да се донесе “свежа крв“ во судството - читај партијски послушници од моменталната позиција ... толку е тоа провидно ...
Најновата ситуација кога опозицијата го напушти Собранието поради омаловажувањето на опозицијата ...
- на најновиот предлог на Председателот за таканаречениот план за од три точки за враќање на опозицијата во Собранието ...
- позицијата одговори со експресно прегласување на сите закони за кои председателот не се изјаснил дали ке ги потпише ...
- утрово слушам председателот нема да ги потпише ни тие закони - бидејки не биле донесени во правна процедура ... демек тој не се изјаснил писмено за првите ...
No comments:
Post a Comment