Search This Blog

Loading...

Wednesday, August 27, 2008

Следење на блогови ... “RSS“ ...

Како да следам блогови кои ми се бендисуваат, беше една од темите на последната средба на групата блогери ... особено за блоговите кои не се хостирани на blog.com.mk ...

читај повеќе »

Блог платформата blog.com.mk на својата платформа има направено добри алатки за следење на блоговите кои ти се интересни:

  • твојот блог избор може да го следиш преку алатката “Мој Блогерај“ ... каде едноставно ја додаваш адресата/линкот на блогот кој што сакаш да го следиш, а истото може да го направиш и на самата страна на блогот кој сакаш да го следиш со кликање во полето “следи го болгот на ...“
  • твојот блог избор може да го следиш преку рубликата - “Мој Блогерај“ ... која се наоѓа десно на интернет страната на blog.com.mk ... особено знае да го олесни следењето на твојот блогерај ако го притиснеш последниот прозор од твојот блогерај означен како “сите“ ...
  • се што се објавува на blog.com.mk ... можеш да следиш на рубликата - “Последни блог-постови“ и тука особено олеснува последниот прозор “сите“ ... ти се отвараат сите постови како на било кој “RSS“ прелистувач ...

Воколку сакаш да следиш одредена група на блогови кои се со МК содржина а не се хостирани на blog.com.mk ... можеш да избереш неколку методи:

  • Да одиш на страната на пребарувачот Најди! Блог ... кој ги агрегира сите блогови кои се пријавени кај творецот на Најди ... а по автоматизам и сите блогови кои се хостирани на blog.com.mk ...
  • Да ги користиш можностите на Кајмакот ... сајтот е се популарен ... на него членовите предлагаат интересни постови, а преку гласање за нив, постот добива своја тежина ...
  • blog.digimak.net ... е сајт каде творецот следи одредени блогови и ги споредува со другите према состојбите на Сајтметарот на сопственикот на блогот ...
  • едно време функционираше и Teshnocrati MAK Top Blog ... сега гледам дека е во застој ...
  • Може да си отвориш акаунт и да ја користиш бесплатната платформа за следење на твои “RSS“ содржини ... јас на пример го користам beta.bloglines ... регистрирањето како што кажав е бесплатно, а следењето и доста лесно ...
  • Секако блогови и нивни содржини се наоѓаат и прекиу пребарувачите, google.com на пример - Find blogs on your favorite topics ...

Би било интересно да се направи анализа т.е. да се посочат места каде да следиме блогови кои се пишуваат по комшиските земји:

  • за Бугарија јас го предлагам овој сајт - Блог класация за България ...
  • оставам на вас Вие да посочите интересни сајтови за блог-агрегатори во соседните држави, Србија, Хрватска, Босна, Словенија - оние земји од бивша ЈУ каде јазикот може да го разбереме ...

No comments:

Blog Archive

Site Meter