Во саботните изданија на Нова Македонија и Вест - имаме два написа кои се бават со слична тематика - зголемените цени на потребите на граѓанинот и вечната математика како да се состави домашниот буџет :
- Цените не враќаат во септемвриската реалност ... Нова Македонија
- СИРОМАШТИЈАТА РАСТЕ, НАРОДОТ ШТЕДИ НА ХРАНА - Македонците на леб и компир ... Вест
- Списокот на производи што ќе треба да ги платат по нови повисоки цени е долг. Генерално за храна, струја, вода, огрев, бензин, превоз, парно, телефон, ѓубрарина, училиштен прибор - за сето ова треба да се издвојат повеќе пари од лани или да се земат кредити со повисоки банкарски камати.
- Според извештаите на Државниот завод за статистика, цените на мало на земјоделските производи оваа година во однос на истиот период од 2007 година (јануари-јуни) пораснале за 30,5 отсто, а на другите прехранбени производи за 19,3 отсто.
- Најголем скок на цените на зелените пазари бил забележано кај оризот, гравот, млечните производи и јајцата, чија малопродажна цена пораснала од 20 до 32 отсто.
- Извесно стабилизирање на цените имало кај доматот, краставиците и пиперот, но се очекува и овие производи да поскапат во септември поради повисоката побарувачка за приготвување на зимницата.
- Повисоките цени на земјоделските производи имале одраз кај порастот на вредноста на потрошувачката кошница, која во однос на лани „пораснала“ за две илјади денари. Лани за набавка на основните прехранбени производи биле потребни 10.346 денари, а годинава треба да се платат 12.332 денари.
- Поскапување се очекува и кај струјата, кое долго време се најавува од ЕВН - ЕСМ. Најверојатно компанијата ќе го актуализира ова прашање со донесувањето на Законот за енергетика, со кој се предвидува намалување на делот на загубата на 11 проценти, а која сега Австријците ќе се обидат да ја вкалкулираат во новата повисока цена на струјата.
- Рекордот во поскапувањето има кај сметките за вода, кои во однос на лани пораснале за 97 отсто.
- На овие цени, од септември треба да се додадат и поскапувањето на ѓубрарината, за кое има поднесено барање за поскапување од 25 отсто.
- Одобрување чека и новиот ценовник за јавниот превоз и, доколку биде прифатен, автобускиот билет во Скопје би поскапел во просек за 5 денари.
- Значајна ставка во семејниот буџет за септември претставуваат и трошоците за опремување на децата за новата учебна година. Грубите пресметки се дека едно дете во просек „чини“ 12.000 денари.
- Македонците од година во година купуваат се помалку храна. Статистиката покажува дека како што скокаат цените, народот се помалку јаде.
- Помалку се јаде леб, месо, јајца, млеко, овошје и зеленчук.
- Македонците најголем апетит имале во 2005 година. Одредени производи добро се трошеле и во 2006 година. Но за лани, резултатите се поразителни.
- Зејтинот поскапел за 111%, млекото 60% а лебот 45%.
- Храната учествува со 71% во инфлацијата.
Нова Македонија заклучува дека - На 1 септември граѓаните на Македонија се враќаат во реалниот живот.
- Периодот на водење „висока“ политика, по предвремените парламентарни избори и решавањето на судбинското прашање на името на државата, како-така помина.
- Расправиите за влегувањето во НАТО и за датумот за преговорите со ЕУ полека бледнеат и
- нашиот сограѓанин набргу ќе се соочи со реалноста и со минусните салда на банкарските сметки и на кредитните картички што ги направиле во текот на летото. .
- Септември секогаш бил најтешкиот месец за македонските граѓани. Но оваа година, покрај редовните трошоци за набавка на училиштен прибор, за приготвување на националната гастрономска „гордост“ ајварот и лутеницата и за набавка на огревот и купот заостанати сметки за струја и други комунални услуги, македонскиот граѓанин 1 септември ги дочекува со нови повисоки цени.
No comments:
Post a Comment