Search This Blog

Saturday, August 16, 2008

Имаме ли полиција ... што работи ...

http://www.utrinski.com.mk/WBStorage/Articles/CC04A230B85A734FB9A6A4951DBF3FDE.jpg

Дрските грабежи на банките кои зачестија се појава со која нашата полиција не може да се справи ... досега не се откриени ниедни сторители ... Сценариото е филмско ... влегуваат во банка дваица или троица сторители криминалци со капуљачи на главите ... ги легнуваат сите на земја ... земаат од парите од банката, им се гледа малку тоа што е пленот и ги пљачкаат и оние кои чекаат во ред да си земат пензија, да платат некоја сметка ... дури и личниот накит е плен ... заедно со личните документи ...

читај повеќе »

Што работи нашата полиција ... по некои податоци Македонија располага со армија од 13.000 полицајци - заедно со администрацијата ... полицијата не е моќна ни во случаевите на ограбување на станови додека луѓето се на одмор ... има ситуации кога цели куќи се пљачкаат со камион демек се сели човекот ... ке понесе ли некој одговорност за својата неспособност ...

Полицајците се секојденвно ангажирани да ги бркаат теткиците и чичковците кои продаваат неколку килограми зарзават од својата бавче, цвеќиња и чаеви кои ги собираат по планините ... банките, поштите, менувачниците се препуштени на стихијата ... за среќа досега немаме жртви ... втор проблем/прашање е кој ке им ги надокнади украдените пари на граѓаните кои чекаат во редови, трошковите за вадење на документи ... граѓаните плаќаат данок и очекуваат за платените пари да бидат заштитени ... ич да не спомнувам дека се ова трауми за вработените во банките и оние кои се странки во моментот на грабежот ...

Ако вака лесно се влегува во банките, лесно се влегува по домовите, ... криминалците лесно ке дојдат и до одредени познати богати личности кои ке бидат мета на киднапирање и уцена за откуп ... веројатно полицијата ке се правда, тоа се случува насекаде ... каде се оние моќни момци кои во филско сценарио апсат луѓе кои се симнуваат од меѓународен ајродром ... апсат пред филмски камери ... или тие не се должни/способни/тренирани да апсат криминалци ...

- Полицијата, според зборовите на очевидците, пристигнала половина час откако побегнале разбојниците. ... Во првите шест месеци од годинава, според податоците на МВР, се случиле 235 разбојништва, од кои 173 на отворен простор.
- „Пет од рабојништвата се случиле во менувачници, четири во експозитури на банки, по две во пошти, бензински пумпи и казина, а по едно над сопственик на менувачница и на обложувалница“, велат полициските податоци
.

No comments:

Blog Archive

Site Meter